Сеа малку бројки.
Груевски е на власт веќе 8 години, 11 му се извесни, 15 многу веројатни. Има зад себе 200 илјади луѓе кои би сечеле вени за него и уште 300 илјади со кои се пазари. Бране беше премиер 8 години, претседател уште 5. За 150 илјади луѓе во државава е Бог лично. А двајцата владеат/еле како што се пишуваше погоре.
Од друга страна, Љубчо беше поголем демократ и дозволуваше многу општествени движења да му го поткопуваат авторитетот. Владееше 4 години, ама реално изгуби власт после точно една година. Победата од 100к гласа во ноември 1998ма, се претвори во пораз од 60к гласа во првиот круг на претседателските во 1999та. Олеснителна околност е што го изгуби коалициониот партнер што му ги донесе тие гласови, ама и тоа е резултат на политиката. Денес зад него има 30-40 илјади луѓе.
Бучковски беше најголем демократ од сите, дозволуваше да го гаѓаат со молотови коктели, ги примаше Велија и Лена како легитимни претставници на тутунари (едниот како бивш, другата како иден тутунар

), правеше компромиси и со ќоро и со сакато, само за да не излезе дека потиснал некоја општествена група и на крај стигна сметката. Во 2004та наследи партија која со Бранко го победи Кедев со 80 илјади гласа разлика, за во 2006та да заврши со истата разлика ама зад Груевски. Значи 2 години такво владеење му донесоа 160к гласа помалку. На последните избори освои едвај 10к гласа, иако во партијата го имаше и Минчо (кој му беше вицепремиер), кој важи за најголемиот приватен работодавач во Македонија. И од сега единствениот човек во светот кој има повеќе луѓе на платен список отколку гласачи.
За тие пред нив кои праќале на Голи Отоци или во некоја јама во Јасен и земале деца за јаничари нема потреба да се прави муабет. Едните владееле 80 години и денес народот би им градел споменици, другите владееле 5 века.
Прашање кое следува после се ова е, од кого побогу би не спасувал тој несудениот месија? Од самите нас? Настрана што постоењето на таков човек кој е доволно паметен да води и да биде „месија“, а доволно глуп да не види како народот сака да биде воден е само по себе парадокс.