..тоа е вистинската забелешка на темава. Другите идими-доџими коментари повеќето се партиски трици...без да се чепка суштината , а тоа е
квалификуваноста за некоја работа.
Прво колку знам лиценца не издава министер за незнам што,
туку здружение-еснаф..наречете го како сакате. Тоа здружение некому со тоа му признава дека е доволно изнаучен, искусен,чесен и вреден за да биде дел од нив. Законските услови за бавање со таа професија пак се стекнуваат на школии, факултети, курсеви според верифицирани дипломи и се подразбираат кај претендентите за лиценцирање.
Е сеа ова малку ко сцајенсфикшн звучи , ама така е.
Праксата по природа на работите е полоповска и по кеш-приземна.
А тоа пак..што често овде кај нас секоја фина работа се претвара во мали џокица и лошо прикриен мотив за земање пари и правење услови за казна е сосема друга работа.
Патем отсекогаш тврдам дека ако авион, ауто, брод има сервисна книшка во која се бележат сите промени, тоа обавезително треба да го има и станот или куќата , па тогаш нема заебанции, импровизации, доградби и надградби на кокошарници, ако не ги спастрил архитект, направил мајстор , одобрил урбанист.. итн.
Од друга страна , ако за возење мопед се бара дозвола со сите нишани, за автобус да не збориме,
тогаш благо речено е смешно , ако некој може да влезе во Собрание како пратеник,или бидне министер,премиер или било што , а да нема лекарско со критериуми како за ...
барем возач на автобус кога се знае дека вози мноооогу повеќе народ од било кој трамвајџија