Aха, бидејќи државата премногу се грижи за своите граѓани, мајсторот ќе го казни со 1500 евра, а домаќинот со 1000 евра. Да не куртулиш од таква добрина.
Казни не се предвидени само за оние што ги даваат услугите, туку и за оние кои го повикуваат. Паричната казна ќе биде 1500 евра за мајсторот, а 1000 за нарачателот. Доколку мајсторот биде фатен како дава услуги два пати во една година, против него ќе биде поведена прекршочна постапка. Тогаш глобата ќе биде од 6 до 9 илјади евра. Покрај паричната казна на мајсторот ќе му биде одземен и алатот. Нема да се казнува работата за сопствени цели, семејната и соседската помош.
И како ќе знаат надлежните дека мајсторот не дава семејна или соседска услуга? Да не ќе гледаат на грав?