Тргни од своите, не гледај со туѓите.
Тоа е и проблемот. Моите се сосем во ред. Нема потреба да ги вадам. Но твоите гледаат слепи вистини. Не ти викам да ги извадиш туку да се сконцентрираш на нештата и да ја видиш нивната вистинска убавина.
Сеуште ги бројам.
За жигосување на неистомислениците.
Крстоносците се проект, кој нема врска со бунтовноста од рисјанската вера, туку со сосема други намери и цели, кои се историски познати.
Да. Ја знаеш ли приказната кога одредени крстоносци побарале да поминат низ територијата на царството на цар Душан, а тој покрај тоа што ги пуштил, тој дури и ги угостил. А колку е вистинита? Тоа оставам на тебе да откриеш.
Кои се жртвите кои ги дале тие празноглавци?
Како треба да изледа доказот за нешта во кои се верува а кои не се очигледни?
Жртвите дадени за единствениот Бог за кој слепо верувале дека постои. Убиваш, палиш и прогонуваш, за што?
Доказот треба прво навистина да е доказ. Ако ја поврземе оваа точка со поимот Библија во боенката што ја прикажа ГоустЛеидер ќе го добиеме вистинското лице на човекот и ќе ја добиеме вистинската претстава за поимот Бог, кој постои само главата на оној кој што верува во истиот.
Дали треба библиските стихови буквално да ги сфаќаме или треба да размислуваме со своја глава? Во линкот што ми го прати, стиховите се преносни.
