ДНК е општо прифатено дека е носител на информација.
Кој ја задал таа информација, или како воопшто е создадена, од каде потекнува?
Одговори(ако има такви) би ве замолил да се сопствени размислувања со свои зборови, а не линкови.
Многу грешно го сфаќаш концептот за „информација“.
Днк не поседува „информација“ која е создадена на некаков начин.
Првенствено, постои разлика помеѓу податок и информација. Информацијата е дефинирана како
„
Сознанието кое се добива како резултат на толкување на одреден податок.“
Друга соодветна дефиниција би била...
„Значењето кое го поседува одреден податок.“
Све околу нас е податок. Водата е податок. Ако видиме податок, „чаша со вода“, ние тоа го преформулираме во јазичен код и го дефинираме како чаша со вода. Информацијата која ќе ја добиеме од тој податок варира. Од чашата со вода можеме да дознаеме дали водата е газирана или не, дека постои флуид кој ќе ни ја угаси жедта и уште илјадници други сознанија. Тие сознанија ги нарекуваме информација.
Се' околу нас е збир од податоци и све може да биде преточено во информација, односно толкување/сознание.
ДНК-та е составена од многу комбинации на 4 азотни бази и преку рибозомите во секоја клетка ја регулира функцијата на клетката и синтетизирањето на протеини. Тие комбинации доведуваат до тоа таа ДНК да има одредена функција. Кога ние детектираме каква функција има ДНК-та со тоа што ги анализираме податоците добиени од тие комбинации на аденин/цитозин/гуанин/тимин, добиваме информација за специфичната функција на тие и тие ДНК кодови. Тие ДНК кодови со таа специфична структура и поставеност имаат одредена функција. Истите тие даваат „информации“ на рибозомите за тоа што треба истите да извршат. Зборот давање информација жаргонски се употребува за „одредени хемиски реакции кои иницираат други хемиски реакции“. И тука концептот за информација е сасим различен од тој концепт за класичната/квантната информација. Во квантната физика, информацијата е мерлива величина.
Кога се кажува дека ДНК содржи информација, тоа подразбира дека ДНК-та е составена од одредена структура на овие бази (податок), а ние како луѓе можеме да добиеме „информација“ за тоа што таа поставеност ќе предизвика на клеточно ниво и како ќе се одрази на генотипот/фенотипот. Податокот се конвертира во информација со помош на декодирање на истиот и структурирање на содржината која ја носи информацијата во форма на кодови од различен карактер.
Постојат многу начини преку кои може да настане ДНК кодот и тоа вклучува многу хемиски реакции. Првиот „ДНК код“ не бил како денешниот. Формирањето на ДНК кодовите се случувала милиони години и за сите тие кодини реакциите на одредени протеини станувале се покомплексни и вклучувале се' повеќе енергија која била потребна за случување на одредени спонтани/неспонтани реакции, без разлика на тоа дали е термичка енергија, електрична енергија или конверзија на една од овие во друга.
Хард дискот на пример содржи „информации“ или поточно податоци кои стануваат информации откако ние ќе ги толкуваме и тоа може да се објасни стриктно со правилата на електромагнетна индукција.
Не само што ДНК содржи „информации“, све што гледаш околу тебе станува информација откако ќе го толкуваш.
Пред тоа е само податок. Така што, мораш да бидеш прецизен за тоа каков тип на информации подразбираш кога зборуваш за ДНК-та?
Дали зборуваш за одредени податоци, одредени аспекти од кодовите составени од овие бази или?
Можеби подразбираш квантна/класична информација, ама во тој случај информацијата постои во се' што можеме да го наречеме материја, а не само ДНК-та?
Преформулирај го прашањето соодветно, вака е многу лошо поставено и лошо дефинирано.