Нели ако постои лошо, ќе постои и добро. Кога пресветиот Константин си ја убил фамилијата, за себе си изградил пагански споменик.
Или она што сакам да го кажам е дека црквата наметнала одредени симболи кој ќе го карактеризираат злото (нели сатанизмот). Но факт е дека тие симболи се пагански.
Ако речеме дека постои една програма во мојов компјутер (врска немам за што е искрено) со “окото кое гледа се“, какви асоциации ќе добиеш? Масонски редови кои го контролираат светот и непосредно управуваат со истиот? Има логика, не дека нема. Јас ти дава пари и ти кажувам како ти да ги вложиш, ако приговараш, нема да ти ги дадам, а ако ги вложиш брзо ќе ги загубиш и ќе ти требаат уште, потоа уште и на крајот си зависник. Има и такви приказни. Секој што е пребогат и влијателен можеби масонски член, пред се се расфрла со пари, ......Морам повторно да нагласам дека првата болница во една сојузна држава на САД ја изградиле токму тие. И ден денес тие финансираат и имаат своја политика на владеење......
Зборот ми е. Надоврзување на твоето дека православието раѓа добрина, љубов и сл. (се што наброја претходно). Наспроти лицата кои не се христијани, а сепак имаат чуства на човечност и добрина. Не е се во религијата, односно религијата може да управува со тебе, но ако јас имам „чисто срце“ (или чиста совест) тогаш по секој фактор би можеле да бидеме рамноправни, или обратните 2 случаи.
Затоа генерално ако масонските редови и братства ги сметаме за одредени секти, многу ќе погрешиме. Ако политиката ти диктира мир, комфор и човечност, ти си повеќе од човек. Факт е тоа дека не е се во религијата. Многу убавина има и надвор од неа.
пи.ес. Не излегов ни малку од темата. Одговорот е всушност првата реченица.