а да предложам начин на игра зашто сепак го правиме ова за дружба нели.
Имаме 3 тима и засега најдобар начин за игра викате дека е по 30 минути, иако мислам дека е подобро да се игра пократок период пример 10 мин. (или ако некој за тие 10 мин даде 2 гола да се прекинува).
Ама еве формат за било кој начин на игра каде не се гледа подобриот на теренот, наместо тоа сите добиваат еднакви шанси. Како би предложил да играме, нормално 2 тима играат и еден одмара
За првиот меч ќе фрламе паричка за кои тимови да играат, победникот од првит меч ке игра против оние што ќе чекаат ама веќе од втората утакмица ќе биде небитно дали си победил или изгубил за да играш во следната со тоа што еден тим нема да може да игра повеќе од 2 последователни меча.
Пример дури и победникот од првиот меч да победи и во вториот, ќе искочат зашто веќе изиграле 2 последоватлени меча и ќе дозволат другите да изиграат меч меѓу себе. Можеби краток термин (10-15 минути) што го предложив ви изгледа како неинтересен и глупав ама гледај и од друга страна, играш пример во првиот меч и губиш за нареден пат повторно да играш чекаш 30 минути што е доста долг период. Далеку е подобро доколку 10-15 минути одколку да чекаш така долг период. Играњето по 30 минути е совршено за оние што ќе победат во првиот меч, и оние кои ќе паузираат во првиот меч бидејќе нема да имаат пауза помеѓу мечевите и нема да се оладат, за разлика од оние кои би чекале доста долг период