доста години поминаа (1991-2014) а уште сите зборуваме српски..

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Нивната забавна музика е реално многу подобра од нашата, па затоа и ние ја слушаме.

Но неможам да ги сфатам нашите натпреварувачи на српските шоуа.........., доаѓа од Македонија, а зборува српски.........., демек така ќе достигне некој успех или уште поиронично смешно ми е кога на српски збори, зошто наводно не го разбирале.

Но тоа е, што ќе им се прави на таквите...:)
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Речете му фала на Блажо. Одговорниот што на народот што ја измисли кирилицата му ја наметна српската варијација-караџица.
Утре помислете чие име ќе стои на улица.
Неможеме Блаже и компанија целосно да ги обвиниме за лингвистичкото осакатување на македонскиот јазик после 45 та година. Во тоа време биле поинакви политичките и социјалните услови во Македонија, ние сме биле сеуште безгласна буква во рамките на новоформираната Југославија .

Претходно не сме имале држава, јазик, признаен идентитет и посебни институции. По завршетокот на втората светска војна одеднаш за првпат создаваме национална држава како награда за нашето учество во борбата против антифашизмот.

Тешко и било на Србија да се откаже од својата поранешна Вардарска Бановина па затоа се трудела на секој начин што повеќе да вметне српски елементи во обележјата на новата македонска држава, плус комунизам и едноумие каде што секој што ќе искажел различен став од оној на КПЈ бил прогласуван за Бугараш и праќан на голи оток.Едноставно имаш посилен од тебе против кого неможеш .

Така што во тоа време Конески немал многу можности за пазарење со ултиматумите од Белград за тоа како треба да изгледа новата македонска азбука, многу лесно можел да ја доживее судбината на Ченто и на никој за тоа око да му трепне.

Наместо тоа Блаже којшто бил во една многу лоша позиција (од македонски аспект) успеал да го извлече максимунот од дадената ситуација, а сепак да не ги влоши односите со Белград. Најпрвин им се предлагало да се усвои целата српска азбука + буквата Ѕ како официјално писмо на македонскиот јазик.

Од таа варијанта којашто е многу полоша од денешната што ја употребуваме Конески успеал да избоксува компромисно решение кое што го користиме денес, не ги прифатил буквите ђ и ћ . Ако се земат во предвид тогашните опшествено - политички услови и она што најпрвин ни се нудело (целата српска азбука плус една македонска буква) ова решение не е ни така лошо.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Неможеме Блаже и компанија целосно да ги обвиниме за лингвистичкото осакатување на македонскиот јазик после 45 та година. Во тоа време биле поинакви политичките и социјалните услови во Македонија, ние сме биле сеуште безгласна буква во рамките на новоформираната Југославија .
Еве сега сме незвисна самостојна суверена држава, зошто во овие 20 + години не е вратено античкото македонско писмо и јазик??
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Дали не ги прифатил?

или ги прифатил, ама ги сменил.
Наместо нив ги прифатил Ќ и Ѓ, што се слични гласови но не се исти. Иако за Ѓ и Ќ биле воведени малце различни знаци, тоа се гласови што претходно постоеле во македонскиот јазик. Јас сум повеќе за тоа да се прифателе изворните К' и Г' , ама што е тоа е сега.
Еве сега сме незвисна самостојна суверена држава, зошто во овие 20 + години не е вратено античкото македонско писмо и јазик??
Во време на Љубчо Георгиевски и Доста Димовска имаше обиди за упад во македонската азбука и нејзина ревизија. Тоа беше со друга цел и други намери.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.366
Поени од реакции
84.600

Ќ, Г, Њ и Љ, врска немаат со македонскиот јазик. Сепак, не сум ниту јас денес за враќање кон оригиналот. Таа аберација, на македонскиот јазик беше вештачка, но успешно изведена (за да личи повише на српскиот, како што веќе истакнав) и со неа живееме. Но не би требало да не ја знаеме вистината.
 
Клошар.

Еднаш бев 4NHK0.
Член од
6 јуни 2014
Мислења
965
Поени од реакции
850
Мразам се што е на српски јазик... Едноставно ми се подига од што го слушам. Не бидејќи тие ми се криви и сл. туку бидејќи овие нашите таламбаси користат поговорки и изреки на српски бидејќи мислат дека се поинтересни и пофраерски на српски јазик, повеќе се спуша турбофолк отколку било кој вид на музика (ако смеам турбото да го наречам како ,,музика''), а и овие скопјанишчаа што ми викаат ,,зборИ литературно'', простаци, не се ни свесни колку имаат дел од нашиот јазик заменето со турбофолкерскиот [не зборУВАМ (пишувам) за сите]... иСКАЧА, кЉуч, искЉучи и уште 50% од зборовите се трансформирани во идиотски, а така и звучат.
 
Toa е скопски, не српски.
 
Клошар.

Еднаш бев 4NHK0.
Член од
6 јуни 2014
Мислења
965
Поени од реакции
850
Па што? Во јужна и западна има грчки, а во источна бугарски....
Јас сум од југоисточна (Тиквешки регион) и свесен сум дека НЕМА никакви странски зборови кои тука ги употребуваме. Дојди во Неготино или Кавадарци и во секој муабет ќе чуеш пцовки :D, скратени зборови и странцизми (најчесто се зборови кои се исти во цел свет/интернационални).
П.С. И ако гледаме така, нашиот јазик е да не претерам 90% ист како бугарскиот и српскиот.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Ќ, Г, Њ и Љ, врска немаат со македонскиот јазик. Сепак, не сум ниту јас денес за враќање кон оригиналот. Таа аберација, на македонскиот јазик беше вештачка, но успешно изведена (за да личи повише на српскиот, како што веќе истакнав) и со неа живееме. Но не би требало да не ја знаеме вистината.
Збориш како звуци или како знаци ? Звуците на Ќ, Ѓ, Њ, Љ ги имало одсекогаш во македонскиот јазик, прочитај ги приказните на Марко Цепенков и на други наши автори ќе видиш дека се присутни. Но, како знаци во оваа форма како што ние денес ги пишуваме се согласувам со тебе дека ги немало до пред кодификацијата и абер немаат со македонскиот јазик. За знакот Ј несакам ни муабет да правам, тоа не е ниту кирилична буква. Вук Караџиќ ја земал од германската латиница, а потоа ние од српската азбука сме ја преземале.Тоа е убацена латинична буква. Џ исто така е преземена од романската азбука и врска нема со нас. Апсолутно се слагам со твоите ставови, нема никаква потреба денес за враќање на оригиналот затоа што тоа дополнително би ја искомплицирало комплицираната ситуација со македонскиот јазик.[DOUBLEPOST=1413401364][/DOUBLEPOST]
Јас сум од југоисточна (Тиквешки регион) и свесен сум дека НЕМА никакви странски зборови кои тука ги употребуваме. Дојди во Неготино или Кавадарци и во секој муабет ќе чуеш пцовки :D, скратени зборови и странцизми (најчесто се зборови кои се исти во цел свет/интернационални).
П.С. И ако гледаме така, нашиот јазик е да не претерам 90% ист како бугарскиот и српскиот.
:facepalm: Ти ориентационо појма немаш каде се наоѓаш на карта другар. Тиквешијата се наоѓа во Централна Македонија, Повардарје.
 
Последно уредено од модератор:

Клошар.

Еднаш бев 4NHK0.
Член од
6 јуни 2014
Мислења
965
Поени од реакции
850
Збориш како звуци или како знаци ? Звуците на Ќ, Ѓ, Њ, Љ ги имало одсекогаш во македонскиот јазик, прочитај ги приказните на Марко Цепенков и на други наши автори ќе видиш дека се присутни. Но, како знаци во оваа форма како што ние денес ги пишуваме се согласувам со тебе дека ги немало до пред кодификацијата и абер немаат со македонскиот јазик. За знакот Ј несакам ни муабет да правам, тоа не е ниту кирилична буква. Вук Караџиќ ја земал од германската латиница, а потоа ние од српската азбука сме ја преземале.Тоа е убацена латинична буква. Џ исто така е преземена од романската азбука и врска нема со нас. Апсолутно се слагам со твоите ставови, нема никаква потреба денес за враќање на оригиналот затоа што тоа дополнително би ја искомплицирало комплицираната ситуација со македонскиот јазик.[DOUBLEPOST=1413401364][/DOUBLEPOST]
:facepalm: Ти ориентационо појма немаш каде се наоѓаш на карта другар. Тиквешијата се наоѓа во Централна Македонија, Повардарје.
А поточно Неготино каде спаѓа? И Велес да не е во најцентралниот дел од Македонија.
Еве ти. Центар накај југоисток...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom