GG - емисија за игри

  • Креатор на темата Креатор на темата skullmonkey
  • Време на започнување Време на започнување
И покрај стандар моабетење во соба и пуштање видео гејплеј од игри добро би било да прават прилози. Гледам спонзор им е Game On продавницата за гејмери па да отидат таму да видат што игри се продавани највеќе во македонијава, какви конзоли највеќе се тражат. Нека прават прилози со рецензии за игри, unboxing нека снимаат кај што ќе ни ја покажат тастатура, маус или било која конзола малку одпоблизу а не цело време камерата е наместена да снима само еден кадаp.

Еднаш у година да направат турнири во Fifa, Pes, NBA 2K...


Очекува малку подруго гледајќи го првото видео најава. Но ајде прва епизода им е, се надевам ќе одат се подобро и подобро.
 
Дојде време да се одстрани „Наскоро“ од името на темава :)
ОК прва емисија само напред дечки (y)
 
Настрана неколку испади од типот "лол не е игра," "дота е р2р" и "ае иди мочај" ок помина. Сите го приметуваме неискуството, ама ќе се среди со тек на време. Се надевам и дека ќе се задржуваат на одредени теми, не вака само маалски муабети за многу неповрзани работи.

Покрај толку фалење, изгледа секогаш ќе им се ресетира нетот во 12 :D
 
Одлично, опуштено, гејмерски муабет на место :) За техничкиот дел нема што да се каже, прва емисија, почеток, нормално, нема замерки :)

Единствено што ми смета - многу србизми јеботе :)

Предлог: може да додадете тивка background музика додека муабетите. Има многу game soundtracks, а и не мора баш такви, важно да не е ептен тишина во позадина, нема да се осеќа толку ехото, а дава во квалитет.
 
Драги пријатели,
поминаа нешто помалку од два дена од првата епизода на GG. Најнапред сакам да ви се заблагодарам на сите за пофалбите, сугестиите и критиките (иако ги имаше помалку) но најмногу за шансата што ни ја давате. Откако колку толку ги сумиравме впечатоците главните проблеми и забелешки тргнуваме да ги корегираме.

- Околу тонот (ќе се поправи). На тестовите беше беспрекорен но тука нешто ни лизна;
- Чатот ќе се реши елегантно. Работиме на систем за прашања и модератори.
- Веб страната ќе биде како што сакаме за брзо.
- Темите ќе се прилагодат но тоа е ongoing проект.
- Ред други работи со кои нетреба да ве малтретирам...

Благодарам уште еднаш на мушкоста да изгледате и да пишете и иако мислам дека веќе летна линкот од првата епизода сепак еве го повторно за некој ако го пропуштил: https://www.youtube.com/watch?v=1Q1ttmjhkjk

Поздрав,
GG

пс: И не заборавајте, http://doniraj.gg.mk
 
Вечер во колку саат е ГГ емисијата на twitch? Или исто во 10..
 
Вечерва на програмата:
Ќе го запознаете нашиот четврт член и со него ќе подискутираме околу Unity и некои топ е-Спорт случувања. Ќе изделкаме и исцедиме два големи блокбастери (еден несуден). Ќе бидеме малку носталгичари и се разбира (најважното) ќе имаме giveaway (на македонски: подароци). Вечерва, вторник 14.10.2014 во 22:00 часот на twitch.tv/ggtvmk

Дојдете, ќе се забавуваме! :D
GG
 
Вечерва на програмата:
Ќе го запознаете нашиот четврт член и со него ќе подискутираме околу Unity и некои топ е-Спорт случувања. Ќе изделкаме и исцедиме два големи блокбастери (еден несуден). Ќе бидеме малку носталгичари и се разбира (најважното) ќе имаме giveaway (на македонски: подароци). Вечерва, вторник 14.10.2014 во 22:00 часот на twitch.tv/ggtvmk

Дојдете, ќе се забавуваме! :D
GG
пуштете известување и на стим групата ( имате 300 членови )
 
Барем да кажеше дека ќе зборевте за engine-ot... јас си помислив дека ќе зборите за Assassin's Creed Unity... :tapp::tapp::tapp: што едвај чекав, ама ништо.....
Сори бро, тоа го покри софт делот :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom