Mama.
уметник
- Член од
- 23 јули 2011
- Мислења
- 524
- Поени од реакции
- 326
После долго време ноќва сонував. Би сакала да добијам некакво толкување или мислење бидејки не беше обичен сон. Не беше обичен затоа што додека сонев свеста како да ми беше поделена. Дел од мојата свест беше навистина свесен, знаев дека сонувам, но имав сеќавања за поинаква реалност, додека од друга страна верував дека таа друга реалност е сон, а она во сонот е јаве. Во ниту еден момент не се присетував на оваа реалност.
Живеев на планиско место. Од собата се гледаше преубава темно зелена густа шума, а малку позади шумата имаше море по кое пловеа огромни сиви бродови, но не како оние кои ги знаеме, туку бродови направени од некој темно сив, светликав материјал. Не сум сигурна дали беа направени од метал или некој камен. На површината на бродовите немаше ништо, беа мазни, само напред имаа некаква антена, многу тенка и едвај видлива. Не испуштаа никаков звук и не предизвикуваа бранување на водата. Имав уште две дечиња, машко и женско- близначиња. Мислам дека и двете беа аутистични. Мојата пријателка е со мене и ги облекува дечињата за да излеземе надвор. Јас во моментот размислувам кој им е татко на овие две деца и ги мешам реалностите, приметувам дека сонувам, но друг дел од себе ми вели дека она на кое што се сеќавам е сон... Најпосле ми текнува дека постои човек во кој сум заљубена и се присетувам и дека сум со него, дека веќе некое време ја планираме нашата заедничка иднина (тоа беше единственото подсетување што се совпаѓа со оваа реалност) но и се сеќавам на многу ситуации кои сме ги поминале како на пример нашата свадба, купувањето на новата куќа во шумата, мојата болест (не се сеќавам за која болест стануваше збор) неговото оддалечување од мене после раѓањето на две болни деца... нешта кои не се случиле, а сето тоа многу реално го доживував... (тој човек, бидејки во сонот ми беше маж, така ке го нарекувам)
Излеговме надвор со децата и пријателката. Тие отидоа накај едно мало детско игралиште направено од дрва. Го видов маж ми како седи на клупа. Тргнав накај него, но од еднаш се појавија двајца кои застанаа пред него и зборуваа за некој автомобил. Разбрав дека тој сака да го купи тој автомобил од тие двајца. Кога се договорија и си отидоа, му се развикав на маж ми, затоа што сметав дека таа кола му е само непотребен трошок. Зборував за тоа колку трошиме на лекови и терапии за децата и мене, за тоа дека тој има проблем со прифаќањето на ситуацијата и затоа троши нерационално.
Следното на што се сеќавам е дека се качував во зграда. Не работеше лифтот, децата плачеа, другите две беа поголеми се обидуваа да го поправат лифтот... Повторно дојде пријателката и зема едно од близначињата во раце и се качивме по скалите. Кога влеговме во станот сватив дека сум во истото место, само од другата страна, веднаш до морето. Излеговме на балконот. Моето прво дете скокна долу и застана на пристаништето. Еден од бродовите кој беше многу близу до нас почна да тоне. Со пријателката се прашувавме дали има некој внатре, бидејки не забележавме луге да скокаат или да бараат помош. Син ми скокна на бродот кој што тонеше, а по некое време се врати назад. Ни рече дека внатре има луѓе но несакаат да бидат спасени и тој одлучил да им ја почитува желбата, па не замоли да не повикаме помош.
Кога влегов внатре во собата, маж ми седеше со тие двајцата од предходно, а овој пат со нив имаше и еден многу, многу, дебел човек. Аутистичните дечиња реагираа на него, се плашеа, вриштеа... Им реков да си одат, бидејки е доцна и треба да ги заспијам децата. Се смееа и не сакаа да си одат, а маж ми молчеше и гледаше во земја. Им ја отворив вратата и силно им викав да си одат. Не сакаа, ми се подсмеваа... Почнав да го тегнам за ракав оној кој ми беше најблизу и поради тоа тој падна од столот. Кога стана ме удри и ме однесоа во некој подрум. Во подрумот имаше уште една жена која беше онесвестена и две мачиња. Почнаа да ме мачат, незнам како, но ја чувствував сета болка што ми ја нанесуваа. Тоа беше грозно, немам зборови да опишам... Иако знаев дека можеби е сон, сепак не можев да влијаам над ситуацијата. (обично во луцидните соништа сликите се менуваат по моја желба, овој пат не се менуваа) Викав, барав помош... Друга жена ѕирна од малото прозорче и почна да бега, но дебелиот човек ја фати и грозно ја уби (нема да опишам како, бидејки се грозам од тоа), но потоа тој се самоуби на истиот начин. Потоа еден од тие двајцата што останаа ја уби жената која беше онесвестена и тој исто како и дебелиот, се самоуби на начинот на кој што ја уби жената.
Останавме само двајца. Јас и еден многу висок албино маж, облечен во портокалова блуза. Излезе од подрумската просторија. мачињата кои цело време беа таму се пикнаа низ еден отвор, сакаа да ми го покажат излезот. Тоа беше некое тунелче, како отвор за вентилација, кој беше многу тесен. Влегов во отворот, но само пола. Се парализирав и се молев да се разбудам, но не се будев... Слушнав дека некој доаѓа и пак се вратив назад. Влезе мажот кој што требаше да ме убие. Носеше секира или нешто слично. Ми рече дека после тоа и тој ке се самоубие, бидејки ние сме едно... дека тој е жртвата бидејки убива, а дека јас сум привилегирана што ке можам подолго да чувствувам болка. Знаев дека лаже. Не се чувствував дека сум едно со него. Тој беше нешто сосема друго, нешто сосема поразлично од мене. Му го гледав лицето и му ја запамтив секоја црта. Чекав да почне. Бев љубопитна колку ке можам да издржам и не се плашев.
Тогаш се разбудив, но во другата реалност. Се разбудив повторно во куќа во шума, но немаше море. Дечињата не беа аутистични, но маж ми не ги сакаше, незнам поради која причина... Најстариот син ми рече дека додека сум спиела поминувале авиони. Еден од нив се урнал, па ке оди да провери дали на некого му треба помош. Се присетив на бродовите и пак не бев сигурна која од тие две реалности е реална.
Се разбудив и од тој сон.
Имав болки по телото, односно ги имам цел ден.

Последно уредено: