Сонови, толкување на сонови

Mama.

уметник
Член од
23 јули 2011
Мислења
524
Поени од реакции
326
После долго време ноќва сонував. Би сакала да добијам некакво толкување или мислење бидејки не беше обичен сон. Не беше обичен затоа што додека сонев свеста како да ми беше поделена. Дел од мојата свест беше навистина свесен, знаев дека сонувам, но имав сеќавања за поинаква реалност, додека од друга страна верував дека таа друга реалност е сон, а она во сонот е јаве. Во ниту еден момент не се присетував на оваа реалност.
Живеев на планиско место. Од собата се гледаше преубава темно зелена густа шума, а малку позади шумата имаше море по кое пловеа огромни сиви бродови, но не како оние кои ги знаеме, туку бродови направени од некој темно сив, светликав материјал. Не сум сигурна дали беа направени од метал или некој камен. На површината на бродовите немаше ништо, беа мазни, само напред имаа некаква антена, многу тенка и едвај видлива. Не испуштаа никаков звук и не предизвикуваа бранување на водата. Имав уште две дечиња, машко и женско- близначиња. Мислам дека и двете беа аутистични. Мојата пријателка е со мене и ги облекува дечињата за да излеземе надвор. Јас во моментот размислувам кој им е татко на овие две деца и ги мешам реалностите, приметувам дека сонувам, но друг дел од себе ми вели дека она на кое што се сеќавам е сон... Најпосле ми текнува дека постои човек во кој сум заљубена и се присетувам и дека сум со него, дека веќе некое време ја планираме нашата заедничка иднина (тоа беше единственото подсетување што се совпаѓа со оваа реалност) но и се сеќавам на многу ситуации кои сме ги поминале како на пример нашата свадба, купувањето на новата куќа во шумата, мојата болест (не се сеќавам за која болест стануваше збор) неговото оддалечување од мене после раѓањето на две болни деца... нешта кои не се случиле, а сето тоа многу реално го доживував... (тој човек, бидејки во сонот ми беше маж, така ке го нарекувам)
Излеговме надвор со децата и пријателката. Тие отидоа накај едно мало детско игралиште направено од дрва. Го видов маж ми како седи на клупа. Тргнав накај него, но од еднаш се појавија двајца кои застанаа пред него и зборуваа за некој автомобил. Разбрав дека тој сака да го купи тој автомобил од тие двајца. Кога се договорија и си отидоа, му се развикав на маж ми, затоа што сметав дека таа кола му е само непотребен трошок. Зборував за тоа колку трошиме на лекови и терапии за децата и мене, за тоа дека тој има проблем со прифаќањето на ситуацијата и затоа троши нерационално.
Следното на што се сеќавам е дека се качував во зграда. Не работеше лифтот, децата плачеа, другите две беа поголеми се обидуваа да го поправат лифтот... Повторно дојде пријателката и зема едно од близначињата во раце и се качивме по скалите. Кога влеговме во станот сватив дека сум во истото место, само од другата страна, веднаш до морето. Излеговме на балконот. Моето прво дете скокна долу и застана на пристаништето. Еден од бродовите кој беше многу близу до нас почна да тоне. Со пријателката се прашувавме дали има некој внатре, бидејки не забележавме луге да скокаат или да бараат помош. Син ми скокна на бродот кој што тонеше, а по некое време се врати назад. Ни рече дека внатре има луѓе но несакаат да бидат спасени и тој одлучил да им ја почитува желбата, па не замоли да не повикаме помош.
Кога влегов внатре во собата, маж ми седеше со тие двајцата од предходно, а овој пат со нив имаше и еден многу, многу, дебел човек. Аутистичните дечиња реагираа на него, се плашеа, вриштеа... Им реков да си одат, бидејки е доцна и треба да ги заспијам децата. Се смееа и не сакаа да си одат, а маж ми молчеше и гледаше во земја. Им ја отворив вратата и силно им викав да си одат. Не сакаа, ми се подсмеваа... Почнав да го тегнам за ракав оној кој ми беше најблизу и поради тоа тој падна од столот. Кога стана ме удри и ме однесоа во некој подрум. Во подрумот имаше уште една жена која беше онесвестена и две мачиња. Почнаа да ме мачат, незнам како, но ја чувствував сета болка што ми ја нанесуваа. Тоа беше грозно, немам зборови да опишам... Иако знаев дека можеби е сон, сепак не можев да влијаам над ситуацијата. (обично во луцидните соништа сликите се менуваат по моја желба, овој пат не се менуваа) Викав, барав помош... Друга жена ѕирна од малото прозорче и почна да бега, но дебелиот човек ја фати и грозно ја уби (нема да опишам како, бидејки се грозам од тоа), но потоа тој се самоуби на истиот начин. Потоа еден од тие двајцата што останаа ја уби жената која беше онесвестена и тој исто како и дебелиот, се самоуби на начинот на кој што ја уби жената.
Останавме само двајца. Јас и еден многу висок албино маж, облечен во портокалова блуза. Излезе од подрумската просторија. мачињата кои цело време беа таму се пикнаа низ еден отвор, сакаа да ми го покажат излезот. Тоа беше некое тунелче, како отвор за вентилација, кој беше многу тесен. Влегов во отворот, но само пола. Се парализирав и се молев да се разбудам, но не се будев... Слушнав дека некој доаѓа и пак се вратив назад. Влезе мажот кој што требаше да ме убие. Носеше секира или нешто слично. Ми рече дека после тоа и тој ке се самоубие, бидејки ние сме едно... дека тој е жртвата бидејки убива, а дека јас сум привилегирана што ке можам подолго да чувствувам болка. Знаев дека лаже. Не се чувствував дека сум едно со него. Тој беше нешто сосема друго, нешто сосема поразлично од мене. Му го гледав лицето и му ја запамтив секоја црта. Чекав да почне. Бев љубопитна колку ке можам да издржам и не се плашев.
Тогаш се разбудив, но во другата реалност. Се разбудив повторно во куќа во шума, но немаше море. Дечињата не беа аутистични, но маж ми не ги сакаше, незнам поради која причина... Најстариот син ми рече дека додека сум спиела поминувале авиони. Еден од нив се урнал, па ке оди да провери дали на некого му треба помош. Се присетив на бродовите и пак не бев сигурна која од тие две реалности е реална.
Се разбудив и од тој сон.
Имав болки по телото, односно ги имам цел ден.
 
Последно уредено:
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
И јас со забите.Сонував дека си вадам заб,поточно дел од заб(лева шеска).Забот си излезе без болка и без крв воопшто,а местото си остана со форма на здрава шеска ама од непце направена.
Е сеа,интересното е што и стварно тој заб ми е расипан,ама од страв пусти не сум бил да го направам :)
Што би значело тоа?

друже @КвикСилвер на колегијална база преки ред може? :D
 
Член од
22 декември 2010
Мислења
290
Поени од реакции
204

samo gubitok na energija , nervoza poradi nekoj nastan koja ke ja pretpris i zivotot ke prodolzi ponatamu bez nikakvi posledici od seto toa...
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Не мора да го толкувате, сакам да го напишам онака оти беше прилично ретардиран.
Пред скоро време бранев дипломска, е сега во сонов бранев повторно дипломска, само малку повечерно време. И излегувам онака надвор со фамилија со колеги и гледам во месечината која беше некако поогнена, но интересното беше тоа што околу неа како да почна да ротира прстенче. Потоа почнаа да се појавуваат на истата како некои знаци, едноставно нешто не штимаше со неа. И така им укажувам на луѓево, гледаме сите нагоре, и во еден момент почнува да паѓа на кај нас, на кај земјава. Се направи како ден, стана толку голема со самото наближување, што удри некаде зад планините и од кога удри не се гледаше истата повеќе. И во истата секунда од ударот огромно количество вода почна да се истура од зад планините и почна да иди на кај нас........онака страшна, брза вода како огромна река само од сите страни. Успеав да се качам на едно дрво така поголемо, се додека водата не стивна за некоја минута. Потоа слегов, почнав да си ја собирам фамилијава да речам, скоро сите се беа снашле, па така останав со сестра ми и мајка ми само. Ги качив во колата шо ја имаме и правец Прилеп да не нема.
И сега ми иди најзаебаниот дел од сонот. Си легнувам да спијам, значи во сонот, чим стасавме Прилеп, легнувам да спијам демек преморен. Веднаш заспивам. Во еден момент чувствувам како некој да ми лежи на грб, тежина, мачнина некоја. И во сонов си викам разбуди се, нема ништо, сонуваш. Се мачам да ги отворам очите и ги отворам, ко се опулувам да видам што е, гледам некое суштество лежи над мене. нешто како јапонка/кинескиња со закосени очи, држи нож и се обидува да ме прободи. Се борам со истото, го превртувам, победувам за миг, се до моментот кога со ножот успева да ме прободи во стомакот. И во тој момент повторно си велам РАЗБУДИ СЕ! не си мртов, не си прободен. И ги отворам повторно очиве, но сега се наоѓам во собава и конечно се соземам со реалноста дека сето тоа и со Месечината и со суштеството беа само сонови.
Што значи вториот дел беше нешто како сон во сонот, ептен језиво и заебано чувство.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2014
Мислења
10
Поени од реакции
0
Сонував како сум била трудна и требало да се породам со мм бевме во болница он надвор стоел додека сум се порагала сум родила машко дете мн беше убаво сите го искоментирале тоа но детето нешбило неарно и умрело му кажале на мм дека ке се носи за скопје да се види но дека немало баш шанси....Јас и мм сме биле целите поѕиштени сме плачеле јас сум се дерела по сестрите одма да се носи за скопје ко во грлото да имав грутка се измачував да викнам погласно што можев но детето не се спасии...Кога се разбудив очите ми беа со солзи..Што значи дали знае некој ?
 
... se osloboduvas od nesto sto ne ti e potrebno, nekoja maka ili tovar sto si nosela i si go negubpvala kako del od tebe, za sega ne si svesna za kakva promena se raboti i zatoa tesko ja prifakjas... sredi si gi mislite i smiri se , razmisli malku sto e toa sto ti bilo tovar vo posledniot period a sega go nemas.. ke go najdes znacenjeto ...
Не мора да го толкувате, сакам да го напишам онака оти беше прилично ретардиран.
Пред скоро време бранев дипломска, е сега во сонов бранев повторно дипломска, само малку повечерно време. И излегувам онака надвор со фамилија со колеги и гледам во месечината која беше некако поогнена, но интересното беше тоа што околу неа како да почна да ротира прстенче. Потоа почнаа да се појавуваат на истата како некои знаци, едноставно нешто не штимаше со неа. И така им укажувам на луѓево, гледаме сите нагоре, и во еден момент почнува да паѓа на кај нас, на кај земјава. Се направи како ден, стана толку голема со самото наближување, што удри некаде зад планините и од кога удри не се гледаше истата повеќе. И во истата секунда од ударот огромно количество вода почна да се истура од зад планините и почна да иди на кај нас........онака страшна, брза вода како огромна река само од сите страни. Успеав да се качам на едно дрво така поголемо, се додека водата не стивна за некоја минута. Потоа слегов, почнав да си ја собирам фамилијава да речам, скоро сите се беа снашле, па така останав со сестра ми и мајка ми само. Ги качив во колата шо ја имаме и правец Прилеп да не нема.
И сега ми иди најзаебаниот дел од сонот. Си легнувам да спијам, значи во сонот, чим стасавме Прилеп, легнувам да спијам демек преморен. Веднаш заспивам. Во еден момент чувствувам како некој да ми лежи на грб, тежина, мачнина некоја. И во сонов си викам разбуди се, нема ништо, сонуваш. Се мачам да ги отворам очите и ги отворам, ко се опулувам да видам што е, гледам некое суштество лежи над мене. нешто како јапонка/кинескиња со закосени очи, држи нож и се обидува да ме прободи. Се борам со истото, го превртувам, победувам за миг, се до моментот кога со ножот успева да ме прободи во стомакот. И во тој момент повторно си велам РАЗБУДИ СЕ! не си мртов, не си прободен. И ги отворам повторно очиве, но сега се наоѓам во собава и конечно се соземам со реалноста дека сето тоа и со Месечината и со суштеството беа само сонови.
Што значи вториот дел беше нешто како сон во сонот, ептен језиво и заебано чувство.
vo koj del od stomakot te probode ? dali pod papokot ili nad papokot, i ako se sekjavas kolkavo rastojanie... dali tuka cuvstvuvas nesto vo posledno vreme i sto ?
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
... se osloboduvas od nesto sto ne ti e potrebno, nekoja maka ili tovar sto si nosela i si go negubpvala kako del od tebe, za sega ne si svesna za kakva promena se raboti i zatoa tesko ja prifakjas... sredi si gi mislite i smiri se , razmisli malku sto e toa sto ti bilo tovar vo posledniot period a sega go nemas.. ke go najdes znacenjeto ...

vo koj del od stomakot te probode ? dali pod papokot ili nad papokot, i ako se sekjavas kolkavo rastojanie... dali tuka cuvstvuvas nesto vo posledno vreme i sto ?
Ич не ми текнува, мислам дека странично беше некако, онака бочно, а не на предниов дел или на грбот. Во моментот на допирот чинам се разбудив. Во последно време шо знам дали чувствувам нешто, онака ми е стандард. Можи малку помалку да имам желба за забава и слични такви работи, ама ништо посебно и ништо страшно.
 
Член од
22 декември 2010
Мислења
290
Поени од реакции
204
ne e toa sto mislev, vo ovoj slucaj si izbeglal golema opasnost, nesto sto istovremeno ti se dopagja , a ne ti e dovolno poznato mozelo da ti nasteti, ama toa nema da sluci... pozdrav
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Ноќеска сонував како се шетам на плажа.Памтам дека бев боса и шлапкав во вода....што вообичаено не одам боса во вода...
 
Член од
22 декември 2010
Мислења
290
Поени од реакции
204
А шо мислеше на пример ако не ти е тешко подобјасни :)
mislev na energetskite centri pleksusi, koi se naogjaat na tie mesta, i koi korespondiraat na etericnoto i na astralnoto telo... ama ova od strana e napad na fizickoto telo preku probivanje na edno od ovie tela,ama za tvoja srekja si se razbudil..[DOUBLEPOST=1413056654][/DOUBLEPOST]
Ноќеска сонував како се шетам на плажа.Памтам дека бев боса и шлапкав во вода....што вообичаено не одам боса во вода...
.. kako mene mi izgleda .. mozebi se prepustas spontano na zadovolstvo i uzivanje ama bez zastita ... :)
 
Последно уредено од модератор:
Член од
12 октомври 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Пред некој ден сонував дека сум имал син и дека бил многу немирен...Што значи да не знае некој?
 
Член од
28 март 2014
Мислења
6
Поени од реакции
0
najprvo sakam da ve pozz dokolku imate vreme odgovorete na mojot kratok son od sinoka.imeno bese nokno vreme jas i uste dvajca ne se sekavam koi bea kako da sme bile zad crkva ili ne znam nekoe mesto tuka mi e nejasno ne mozam da se setam i odednas kako meteor da padna na zemja bas pred mene i na zemja se iscrta krst koj svetese vo momentot site bee iznenadeni jas slikav za doma daim pokazam i samo rekov spolajmu na boga pa se razbudiv.kakvo znacenje ima ova pozz
 
Kajgana Shop

На врв Bottom