- Член од
- 24 март 2010
- Мислења
- 15.239
- Поени од реакции
- 26.093
Веројатно општествен статус е во прашање. Ваму е многу полесно да го изградиш.Тоа е се во ред, туку мене не ми е јасен, освен тоа, и еден друг, можеби и побитен момент:
Свесен сум дека и тука би заработувале слично како и таму, како што велиш, и би живееле сигурно побогато тука со исти пари. Не е тоа спорното.
Мене ми е чудно тоа што ако веќе си решил да се иселиш оттука, сигурно не се само парите во прашање. Австралија има сигурно многу подобар квалитет на живот споредено со Македонија не само како инфраструктура, услуги, достапност на се и сешто, туку и во сите останати можни области.
Да не зборам за тоа дека подобро би било, пак ќе повторам - според мене, децата да ми се образуваат таму, отколку тука.