Очобол утакмица јеботе.
Тоа е, со три леви бека во тим, без класичен десен, толку може. Плус додајте го и фактот дека во прво полувреме немаа никаква помош од голман/ите, тој е исходот, дури и поблаг е зошто Загреб премногу укочено играше на мечов.
Имаше 2-3 сумливи одлуки од судиите, тоа што му пречеше на Металург беше тоа што третираа груба игра а овие беа премногу пасивни во одбрана, сите фаули им беа изнудени кога играчите на Загреб наоѓаа дупка и влагаа на шест (тоа го увиде и Вујовиќ и затоа им потенцираше на тајмаут „Иди до краја један на један, факат...).
Ова го мислев кога пишав дека не му одговараат на Вујо овие играчи кои ги има во Загреб, проба да му се спротистави на Червар на ист начин како со Вардар ама овие играчи се далеку потромави од тие кои ги имаше во Кале, затоа и толку вкочането делуваа во тие обиди да ја измешаат одбраната на Металург со градење акција за крило. Хорват ебати раката, седум пенали да погодиш од кои два со лоб не е заебанција. Овој Брозовиќ многу ме потсеќа на Столе во играта, може да му биде доста корисен на Вујовиќ.
Ѓугиќ ја шитна утакмицата со глупиот фаул кога му тргна на Металург, а после и Наумче (преку Лино) ја заеба, требаше Атман да продолжи да биде првата виолина со Циндриќ до него. Ако останат и без Ренато, многу тешко ќе им биде на Металург да сврзат серија победи со кои би го престигнале Загреб. А доколку и овие останатите играат во „добра атмосфера“ и со максимум од своите можности, мислам дека без проблем ќе ги победат Брест и шпанците.