spiros
Шалом Алеихем!
- Член од
- 7 септември 2008
- Мислења
- 3.225
- Поени од реакции
- 986
Исус не верува сам во себе.
Исус безрезервно (до последна капка крв) верува во Оној Кој е лично во Него!
Ако бог не сакал толку многу, тогаш зошто да страдаме? Затоа шо не сака?
.
Страдањата се консеквенцата која секоја душа мора да ја сноси, поради Богоодделувањето (напуштање на Транседентниот) и сврзувањето (обожавањето) на иманентниот свет.
Кога Совршениот Бог не би ни го дозволил ова искуство и би ја спречил нашата слободна волја, тогаш би ти дал потполно право и би се согласил дека не не’ сака вистински.
Но, Тој вистински не’ љуби и Најмилото, Највредното, Најзначајното одсебе го даде за тебе, за мене, за сите нас, во надеж дека ќе се разбудиме и доброволно ќе Му се вратиме во неговите раширени љубезни раце!
.

Зошто на добрите луѓе им се случуваат лоши нешта?
Или може овие невиниве шо се убивани од ИСИС не се под негова јурисдикција
.
Човекот самиот од себе неможе да биде вистински добар. Вистинската добрина - како и се’ што е добро и вистинито во иманентниот свет - е пред се’ Милостив дар на Небесниот Отец и Цар!Што повеќе ќе се разбудиш за Таа Милост БОЖЈА чиста - за спасение на сите отелотворена во Исуса Христа - толку повеќе ќе веруваш на Вечното Евангелие и ќе бидеш вистински добар, а неверниот и кривоверниот свет ќе те мрази како што Го мразеше Христа и ќе се обиде да ти го направи истото што Му Го стори нему!
Ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат;
ако Моите зборови ги запазеа, и вашите ќе ги запазат.
(Ев.Јован 15:20)
ако Моите зборови ги запазеа, и вашите ќе ги запазат.
(Ев.Јован 15:20)
..
Последно уредено: