Види сеа, ако глеаме до толку Грузиецов е очаен исто, ништо не прави. Добра одбрана играат Цветковиќ само и центриве ( тоа што не заградуваат е друга работа ).
Него уште еден доказ зошто никогаш нема да вадиме во една година по 3-4 добри младичи.
Врба со свое видување.
„Јас дојдов тука за да помогнам, да се обидам да создадам играчи што за една до две години би се лансирале во првиот тим. Имам желба и ентузијазам, но тоа очигледно не е доволно. Недисциплината е неверојатна, не само во играта во која не се реализира ниту една акција, ниту еден напад, онака како што ќе зацртаме, туку работата е дојдена дотаму што некои деца не доаѓаат на тренинг дури ни кога ќе го закажам во 13 часот, затоа што им било многу рано. Сметам дека не заслужувам таков однос, бидејќи јас жртвувам голем дел од себе во целиот овој проект, а за возврат добивам неверојатен непрофесионализам. Доколку врз претходните работи можеби и би можел да влијаам како тренер, тогаш дефинитивно не можам да влијаам врз зависта и љубомората меѓу самите играчи. Тоа е нешто што е апсолутно неразбирливо за мене за играчи на оваа возраст, па затоа сметам дека е најдобро „бракот“ да се прекине порано, за да не се дозволи ситуацијата да ескалира“ – истакна Стефанов.