Неверојатно е просто кога постојат луѓе кои неможат да прифатат различно мислење од своето. Можам и јас да тргнам со твојата тактика за навреди па дискусијата да се префрли во кратки ама глупави досетки како твоите. „препишувачите најмногу ги погоди законов“ и постови како твојов ќе преовладуваат
Ете го македонскиот активизам на дело, сите очекувате некој да ви организира протест и да ви протестира за вас и вашите барања. Чекате од админите од страната на фб да ви организираат? Ги чекате МОФ или слободен индекс да ви организираат? или некоја друга рандом организација? - Ги заболе нив стојко за вашите екстерни.
Уствари во државава секој за секого го „заболе“. Те гледам најгласен овде за протести, што не собериш уште два тројца и организирајте вие?
Ние (јас и уште неколу будали)лани пробавме да организираме протести за студентите, неуспешни уште пред да почнат, не заради притисоците од владата, не заради притисоци од други страни туку поради апатијата на студентите. Студентите подобро ќе преживуваат во мувла отколку да излезат да си го кажат своето незадоволство. Како што и сега нема да излезат понесени од мислата „ај протеститрајте вие јас имам работа“ или онаа македонската „што ќе протестирам, секако мене не ме фаќа.“
Сепак од моето мало искуство еве некои факти
Ајде вака со ред. За легален протест ви треба организација или граѓанско здружение на чие име ќе биде протестот, секако може да стои и на лично име на некој. Организацијата треба да си има статут, (организација и цели) и членови. САМО преку неа ќе можете да бидите финансирани од поединци за потрошни пропагандни материјали и САМО преку таа организација можете да побарате овој закон да се оспори и САМО оваа организација ќе може да организира собирање на потписи. Како оди процедурата за оспорување на одлука на влада ќе го прашате
@Смрт за зони и пајак воз. откако ќе ја имате организацијата.
За формирање на организацијата (може невладина, може граѓанско здружение) т.е. статутот ви требаат неколку часа, неколу ентузијасти од правен факултет, статут од друга организаација за пример (слободен индекс можи) и некој денар за регистрација.
Доколку неконтролирано излезите на протест - ненајавено и без барања, само ќе добиете партиска обоеност, можно тепање меѓу себе и секако после некое време партиска поделеност на плави и црвени. Од власта и латас ќе ве прогласат како хулигани или како комуњарчиња и можете да го добијате истиот третман како ш*птарчињата од јаја џамија, а да ќе се појават и оние со партиските знамиња
За да ви се појават многу студенти и да има многу народ - потребно е да го погодите тајмингот на протестот. Т.Е. ако не излезите на протест најкасно до следната недела, ништо не правите. Зошто? Епа студентите на техничките факултети колокв. им почнуваат од 1 ноември па нема да се замараат со протести 2 недели пред колоквиумска. Потоа идат колоквиумите на останите факултети. Имате потоа време од 1 декември до 10 декември повторно време пред да дојдат вторите колоквиуми.
И дечки не се надевајте на многу народ... такво време дојде кога сите си го гледаат својот интерес. Од старт како организација или како поединци ќе бидете нападнати од ордата на власт. Дечките од дом најмногу ќе го осетат тоа, затоа и најмалку ќе бидат присутни ако се случи некој протест.
И нетуку дремете тука земете активирајте се
колку само нема да се случи ова, то чудо едно е. А и да се случи, ништо не се постугнува од самоогранизиран протест на фејзбук, па две три илјади студентите да се раздвижат низ центар, колку да се кажат дека постојат. Треба добра организација на легален начин, нешто како АМАН што направија, само што ова може да е успешно бидејќи студенти како студенти им е важен нашиот глас, а сепак не губат пари со нивната одлука. Според мене ако се има здрава организација создадена од студентите сега, може да се успее во ова, ама ако се се сведи на урлање уа влада и неќеме екстерни пред владата ништо нема да бидни.