Ај ај сега не претервај. Што не направи сега штетни бубачки, ти пак како да си цвеќе за мирисање и грото тука. Ај што не ти се љутам дека не плаќаш данок и останати давачки како цел поштен народ па уште и вреѓаш. Со секое твое криење и избегнување на паќање давачки према државата ти неа ја оштетуваш , а со самото тоа и јас сум оштетен индиректно.
Да не заборавиме дека го цицаш фондот за здравство и утре некој кој редовно си плаќал ке добие полош третмнан пошто и докторите се на државно ако немате заборавено. Ама тие се столб на државата заборавив. И професорите се столб, и сите се столбови на оваа држава, посебно кога се на државна цицка. Не гледам дека за нив нешто се буните. Дури еднаш прочитав баш тука дека и навивачите се столб на државата и браник на демократијата.
Сега уште студентите да испаднат дека се столб на државата и кај ке ни бид крајот , саде столбови. Ништо не не турка

И еден совет вака како постар.
Од работа само грпка се добива, ништо друго

[DOUBLEPOST=1412514526][/DOUBLEPOST]
Демек другите што земаат по 200 евра плата сите изумреја.
Ене на ред чекаат да умрат.
Ајде бе не туку кукајте, што се замислувате вие , директори сте сите и менаџери.
Работничка класа, дното на општеството, малце над бездомниците. Да не сакате сите порше да возите и секој ден месо да јадите( што им фали на вегетаријанците), а секоја вечер во кафана да одите. Ке си ја спружите нозете колку што ви е долга чергата и се во ред ке биди. Сакате да живеете на висока нога а не ви стига чергата и после државата ви е крива. Видела жабата дека го потковуваат коњот, па и таа ги кренала нозете. Море чудни луѓе, дури да не верува човек.