Треба да се погледне и законитоста на овој предлог. Секој студент кога се запишува потпишува договор со факултетот, има програма по која студира со точно утврдени предмети по семестар, литература, испитни сесии, колку пати се полага, не може му текнало на некој сега да уфрли дополнителни испити кои содржат материјал од сите предмети на факултетот заедно.
Но веројатно кога ќе се донесе измената на законот, ќе треба прво факултетите да ги изменат своите програми и статути, па се ќе биде црно на бело и ќе важи за новозапишаните студенти, би било спротивно на Уставот и секој закон да важи за веќе запишани студенти.
Од друга страна, многу работи во државата се направија спротивно на Устав и закон, не би било првпат.
Најголемите пропалитети завршија на правен и еконсмки.А за квалитетот на судиите во Македонија е повеќе и од очигледно.Додека на правен и економски секој професор има определена тарифа за 6-ка во индекс безвредно е да се дебатира
Пропалитет е оној што го омаловажува трудот на друг.И никогаш не знаеш каков ,пропалитет' ќе ти затреба во животот затоа не лај насекаде.Ако ти е тешко отпиши се а не се жали на сите страни како ти е тешко.Класичен Чичко Кумплуг си,ти најдобар а сите околу тебе се лоши и неписмени.
Мене пак ме асоцира на личност која има заглавено на некој од природните науки, па фрустрциите од својата неспособност ја изразува преку плуќање врз општествените науки. Демек на општесвените науки сите се ретардирани . Програмер тешко се станува ама судија е секој втор .
п.с. Какви личности знам што завршија на природни науки тоа е нешто неверојатно.. Уште не научија дека ако си упорен и имаш желба во Македонија можеш да го завршиш било кој факс.
Законите да ги пишуваат математичари, нема да има дупки во законот. Статистички, најголемиот број на правници станале правници бидејќи не им оди математика, а најголем парадок е на Економски еден од потешките предмети е математика.
Епа другарче и ја сум на правен, ама не ќе да е ти како што викаш зошто еве 50% од студентите што беа моја генерација више не се на правен.
Дојди и положи МЈП ако не ти треба учење.
А тоа дека само на економски и на правен се препишувало покажува колку „реално“ гледаш на работите.
Не ми е намерата да се расправам,ниту да те разубедувам.Конкретно околу препишувањето ќе ти дадам пример.Кога полагав математика последниот пат 4-ица беа фатени како препишуваат.Иако не можам да тврдам со сигурност дека препишувале,но таа што не надгледуваше го утврди тоа.Да ти кажам искрено не ги сфаќам ни нив,бидејќи се обидоа да препишат неколку математички готови формули кои не ти користат доколку не знаеш да ги примениш.Резулатот од сево ова беше 0 на испитот,јавна опомена и немање право да се полага во наредни 2-испитни сесии што технички значи презапишување.Јас она што го зборев за правен е од лично искуство(односно она на брат ми).Другари негови кои се со врски само им одбележуваат кои страни треба да ги научат и положуваат.Не велам дека сите се такви,но има голем број кои лесно поминуваат.Вториот начин е одредена сума во индекс и има 6-ка.Јас не алудирам на тебе,верувам дека учиш и се трудиш,но своето мислење го изградив на база на луѓе што ги знам.
Супер. Прво дозволија и ќоро и сакато да земе диплома, па сега ќе исправаат криви дрини врз грбот на идните студенти.
Ни Северна Кореја не ни е рамна веќе. Ако не те бива нема да студираш, факјеа! Пак да ги гласате истите!
Извини ама од кај заклучи демек ФИНКИ ги имал многу спуштено критериумите ? Затоа што некој успеал да полага друг за него ? WOWOWOW. Дека тоа нели, никогаш порано не се случило и на ниеден друг факултет така ?
Тоа што пролазната рата на студентите на тие потешките предмети е 15-20%, тоа секако нема врска нели ? Треба 1% да биде. Треба сите да паѓаат. Па уште кога некој ќе спореди ФЕИТ и ФИНКИ (нели се различни факултети, по правило не се споредуваат, но ете, имаме некои заеднички предмети ) и ќе каже дека на ФИНКИ "полесно" било, едноставно ќе го замолам да земе и да полага програмирање на ФЕИТ и после истите предмети на ФИНКИ, еве Алгоритми на пример.
И според тебе колку време ќе му треба на студент, кој ете се учел и разбрал, да се "потсети" на 20 предмети што ги положил ?
Иначе кога више стана збор за оценувањето, јас не знам како е можно на некој факултет да положиш со семинарски и домашни, ама кај нас и сите поени да ги имаш од домашни/семинарски не можеш да го положиш предметот без минимум по 50% од двата колоквиуми или 50% од испит. Некаде е 50, некаде 55, некаде 60.
што се навреди бе другар толку? нереков дека финки е полесен од електро. Реков дека финки и електро ги имаат спуштено критериумите премногу за 1 година, но финки предничи, што воглавно е поради помладите професори и поголемиот број студенти.
Деца неодат на лабараториски цел семестар и после одат во 1 ден ги прават сите. Лабараториската задача ја решава 1 дете и ја предава на сите останатите да препишат. А уствари лабараториски = практична настава. Спремав деца за структ и објект. програмирање, дискретна и калкулус. И верувај незнаеш со какви шупаци се расправав. Знам многу примери да ти дадам од лично искуство со деца што врска немале па положиле и од финки и од електро. И не постои нешто како пролазна рата 15% ни на финки ни на било кој факултет во европа. Тоа сигурно го мислиш за колку луѓе положиле на колоквиуми. 60 % од запишаните мора да го положат предметот, ова професори го имаат кажувано, оти во спотивно нив ќе ги казнеле.
Нејсе, муабетов ми е: Многу студенти и малку професори=неквалитетна настава. Секаде во странство еден професор има најмногу 30 студенти (дури и помалку). Решение за ова не е предложениов закон, туку намалување на квотите и приемен испит. Или вработување на екстра професори што никогаш нема да се случи.
Но во моментов имаш за одбирање меѓу две зла: да си продолжи како што е и следната година финки да запиши 2000 студенти без дополнителни професори и да врија со студенти од економско средно или законов кој вели на секои 2 години тестирања, кој фала богу сега запишаните нема да ги фати.
Ги прочитав речиси сите постови ,но ниеден не наведе дека сакаат да не задржат овде.Голем дел од студентите додека студираат аплицираат за студентска работа во странство за која потоа некои од нив остануваат да живеат таму .Ова е со цел направено да се спречи бегањето на студенти ,да немаш каде да одиш и да мораш да останеш да работиш за нивните 200 Е .Едноставно да бидеш роб,нашите студенти кои работат во странство земаат најмизерни плати во тие држави во кои работат , но сепак се задоволни и среќни што ги земаат и тие бидејќи овде не зимаат речиси ништо .Ова е најдобар начин да се задржи оваа неизработена студентска сила за сопствени цели и државата да се богати на наш грб , а ние притоа да не добиваме ништо .Ова во стариот египет се викало робовладетелство .
Законите да ги пишуваат математичари, нема да има дупки во законот. Статистички, најголемиот број на правници станале правници бидејќи не им оди математика, а најголем парадок е на Економски еден од потешките предмети е математика.
Па, зашто тогаш математичари не ги пишуваат законите не само кај нас туку и во светски рамки. Кој и да напише закон секогаш ќе има дупки тоа е факт. Тоа со математиката ти е делумно точно за правен, а на економски има доста потешки предмети од математика. Инаку на сите факултети има квалитетни студенти и шалабајзери, било дали е ФЕИТ или Правен.
Не си во право. За првото, не секој може да просперира на тој начин. Јас може сум тарабука за биологија, хемија, физика, математика, али затоа сум најдобриот по историја во школото. И сега јас ако завршувам со двојки по овие предмети, мене на многу неблагодарен начин ќе ми биде одземено правото да студирам нешто кое доколку убаво го изучам во текот на моите академски студии, може да станам еден од најдобрите во државата. И тоа право да ми биде скратено бидејќи ја не сум знаел биологија и хемија у средно? Сосема нелогично.
Приемни испити за на факултет се блесава работа. Она што си бил ти во средно, не значи дека ќе бидеш и на факултет. Минатото останува зад тебе, ти сега почнуваш сериозни студии. Знаењето кое си го стекнал таму е убаво да го имаш како предзнаење, меѓутоа на мојот факултет повторно од ново учиш многу од работите, само на многу подетален начин. Јас на пример во средно по историја имав професорка без никаков авторитет. Кај нејзе на предавање правевме кули од карти, игравме табла, фрлавме авиончиња и ништо не учевме. Моето знаење си го стекнав од учебниците, кои како што напиша @Коњаникот Сабја си се пишувани од луѓе кои гледаат денар да лапнат. Јас за првата година која ја изучив на факултетот, ако ми дадеш учебник од прва година средно можам сам да ти издвојам колку неверојатни грешки има во него, грешки за кои ако ги направиш на испит кај мене се бутка студентот одма. И јас морав да учам од некој таков учебник ако сакам да имам знаење за да положам матура и да се запишам. Ама не е доволно. Мора професор да ти даде предзнаење, а тоа кај нас го нема. И сега некои имаат иста љубов кон тоа што сака да го изучи, ама на едниот у средно му се погодил строг, авторитативен професор кој на одличен педагошки начин го пренесува знаењето на учениците, а на другиот му се погодил ко на мене. Двајцата имаат огромен потенцијал, ама вториот не се запишува заради тоа што не положил приемен испит, по вина од претходни професори.
Затоа тврдам дека примените испити се глупи. Глупост, лудост, најнепотребно нешто во државава. Ако не си имал предзнаење, не значи дека ти си нешто послаб од некој друг, бидејќи може кога ќе станеш академски граѓанин ти сериозно да му се посветиш на тоа и да бидеш подобар од било кој друг, а не да ти излезе знак "СТОП" пошто во училиштето има вработено неспособен човек. Решението барај го во други области, симптомите на лошото образование потекнуваат од други работи во државава.
Најголемите пропалитети завршија на правен и еконсмки.А за квалитетот на судиите во Македонија е повеќе и од очигледно.Додека на правен и економски секој професор има определена тарифа за 6-ка во индекс безвредно е да се дебатира
За да тврдиш нешто такво е доказ за твојата фрустрираност. За квалитетот дека е катастрофа се сложувам ама на сите факултети. Тоа за тарифите е чиста глупост.
Да, гледам лошо сум се изразил. Па некои професори максимално го користат ЕКТС-то на начинот на кој што го кажав, а студентите полесно проаѓаат таму според мене. А под тоа дека не е "сегде така", сакав да кажам дека не секој професор оценува на тој начин на мојот смер
Не дека имам нешто против начинов на оценување, јас пак на ист начин ќе учам и кај едните и кај другите и ќе го совладам матерјалот колку што можам.
Кај мене на факултет верувај дека никој не оценува како што имаш напишано, никој. Скрос сме оф-топик ама морам да појаснам оти многумина тука зборуваат само од рекла-казала муабети.
Ќе го ставам во спојлер, за да не го реметам текот на дискусијата со поголем коментар.
Максимум можеш да имаш 100 поени. 10 активност, 20 есеј и 70 колоквиуми.
По предмет имаме 12 недели предавање, еден предмет може да слушаш само еднаш неделно, ништо повеќе. Во еден ден/едно предавање/една недела можеш максимум да земеш 1 поен. Во тие 12 недели влегува првата недела, во која не даваат активност, претпоследната недела, кога се прави есејот, и последната недела кога се соопштуваат конечни резултати од есеј и активност и ако сакаш увид во есејот. Пази, на предавање се врши увидот, не во приемно време. Значи уште од старт почнуваш со -1 поен. За да ги земеш останатите 9 мораш да се окозиш, да си активен, да се тепаш со колегите, да креваш рака што повисоко. И пак не ти е сигурно оти може проф. да рече: не ми се допадна вашиот одговор колега. Ако имаш среќа да му станеш љубимец на професорот или асистентот за да ти даде на крај 10 поени ако не чаопријатно. А да не зборам за професорите кои даваа по 0.2, 0.3, 0.5 поени по даден точен одговор. 100 студенти во амфитеатар и избори се за тоа мочано 0.2 поенче.
Есејот ти е како испит. Од цел материјал ќе ти даде 5-6 прашања и поопширно да ги одговориш. Kaј некои професори мораш да имаш над 11 поени, во спротивно паднат си и немаш право на испит.
За колоквиумите нема што да зборам.
Крајниот епилог - се положува со 61% на поените, за разлика од некои факултети каде што границата е 50%. 10ка ти е од 93-94. Дополнителна семинарска за повисока оценка нема!
Затоа без генерализации од типот правен и економски е лимонада, филолошки боза, фило(з/с)офски боровница а финки и електро цедевита. Овде не зборам конкретно за тебе туку прочитав низа коментари претходните страни за групирање на факултетите.
За целава новина немам што да прокоментирам. Кога слушнав не ми се веруваше, останав подзинат. Човек со завршен факултет во Приштина дошол да се сомнева во знаењето на студентите и истото да го проверува. Плус и да одлучува дали се спремни да го продолжат факултетот или не. Искрено се надевам дека нема да помине овој закон оти ќе биде глупост невидена. Од Камбоџа и Зимбабве ќе ни се смеат кога ќе слушнат за ова. Имаше и во претходните страни еден член дадено споредба за студенти на електро и финки - да ти се падне да полагаш Математика 1,2, Физика 1,2 Калкулус не знам колку ги има, Логички кола, Бази на податоци, Дискретна и плус уште некој . Тоа кај нас би било Римско, Уставно, Граѓанско, Стварно, Облигации, Меѓународно Приватно, Трудово и постапките. Не дека е екстремно тешко ама има многу рокови, многу поделби, многу класификации, општи - посебни, олеснувања, казни, регулативи, директиви, битни измени, пак за латинските термини по Римско да не зборам. Колку сакаш учи, ако немаш некој потсетник нема шанси да поминеш. А пак ако изберат прашања како на државната матура тогаш подобро да не го воведуваат ова. Џабе трошоци ќе се кога сите ќе поминат.
Ако има протест, сум ЗА дефинитивно. Макар што моето време помина и нема за што да му ја мислам.
Студентите во Македонија се најзатуцаниот, најреакционерен, најопортунистички социјален слој во ова бедно оправдање за држава. Полоши се од пензионерите. Заслужуваат да бидат казнети многу посурово од ова, заради заспаноста и затупеноста...

Затоа и првично реков, секој со своето искуство. Затоа и не може некој да го гледа ова како загрозување на сите студенти, коа не сме сите загрозени. Не учиме на ист начин, не знаеш другиот како студира, можеш за себе и само за себе да одлучиш дали ти ги загрозува интересите или не. Нема мене што да ми кажува некој дали да протестирам или не, или пак јас да му кажувам на него. И демек предавник си ако не протестираш бе, булшит...
За да тврдиш нешто такво е доказ за твојата фрустрираност. За квалитетот дека е катастрофа се сложувам ама на сите факултети. Тоа за тарифите е чиста глупост.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.