Овоштарник

Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.757
Поени од реакции
39.236
Локација
Скопје
Има тема за овошни садници на форумов, но истата се однесува на плантажно одгледување и се дискутира за субвенционирање, правење бизнис од одгледувањето овошки и сл, па некако не ми се виде соодветно да го поставам прашањето таму. Затоа и ја отворам оваа, иако не сум сигурен дали во вистинскиот подфорум.

Прашањето ми е: кои се правилата за садење на различни видови овошки едно до друго во двор? Ме интересира - длабочина на засадување на корените, оддалеченост меѓу дрвата, експозиција... на кајсија, слива, јаболко, јапонско јаболко, круша, смоква, дуња, лешник и бадем.
 
Не сум стручен ама едно знам,никако при садење немој да ставаш ѓубриво било природно било вештачко све има да исуши.Се става песок у дупката.
 
Озбилен си?

Да бе,тоа посебно за зимзелени дрва,ама ја пробав и на овошки и се прифатија сите.Пред 2-3 години садев 4 дрва и 5 трендафили и им ставив ѓубре...покољ.Само едно дрфце фати другото све се исуши.
 
Вештачко не се става у корен, ќе го исуши. Препорачливо е околу дрвото да посипаш една рака вештачко, ама да не биде пак толку блиску до стеблото.
Природно ѓубриво може да ставиш, ама под услов да е скапано (или кој и да стручниот термин за тоа) и да го измешаш со земјата у дупката.
Имам посадено неколку елкички, 3 у чиста земја, 2 у песоклива. Тие што се у песоклива се за 30 цм пониски од тие у чистата земја. Така да, ова со песоков мене ми е слабо веројатно.
 
Има тема за овошни садници на форумов, но истата се однесува на плантажно одгледување и се дискутира за субвенционирање, правење бизнис од одгледувањето овошки и сл, па некако не ми се виде соодветно да го поставам прашањето таму. Затоа и ја отворам оваа, иако не сум сигурен дали во вистинскиот подфорум.

Прашањето ми е: кои се правилата за садење на различни видови овошки едно до друго во двор? Ме интересира - длабочина на засадување на корените, оддалеченост меѓу дрвата, експозиција... на кајсија, слива, јаболко, јапонско јаболко, круша, смоква, дуња, лешник и бадем.
Незнам како ти е планот, ако ти е за во двор 2 - 3 дрвца, најдобро е да си насадиш јорговани заради убавиот изглед и убавиот мирис или пак дуња, дава малку род, ама шири таква миризба што ќе ти е грев да ги скиниш дуњите.
Ако ти е за стварно овоштарник можеш да насадиш што сакаш оти нашава земја отприлика трпи се. Едно метро минимум да имаш меѓу дрвата, а длабочина отприлика 30-40 сантими (секако зависи тоа колкаво е дрвцето што ќе го купиш). За круши знам дека тешко се фаќаат, па ако сакаш круши - засади црна или жолта слива (оти најлесно се фаќа) почекај ја да почне да расте и накалеми ја со круша.
Кајсијата ако се фати, количински ќе ти роди најмногу плод, јаболкото многу го јади црвот, а и многу мравки собира по стеблото. Сливата е стандард, најотпорна е и на суша и на град. Крушата многу зависи од времето дали ќе рооди или не, дуњата дава многу малку плод количински ама шири најпријатна миризба, а за последните две незнам, нив знам само да ги јадам.
 
Сум слушнал и јас за песокот, така е. Мене ме мачи оддалеченоста помеѓу стеблата и распоредот на истите.
Незнам како ти е планот, ако ти е за во двор 2 - 3 дрвца, најдобро е да си насадиш јорговани заради убавиот изглед и убавиот мирис или пак дуња, дава малку род, ама шири таква миризба што ќе ти е грев да ги скиниш дуњите.
Ако ти е за стварно овоштарник можеш да насадиш што сакаш оти нашава земја отприлика трпи се. Едно метро минимум да имаш меѓу дрвата, а длабочина отприлика 30-40 сантими (секако зависи тоа колкаво е дрвцето што ќе го купиш). За круши знам дека тешко се фаќаат, па ако сакаш круши - засади црна или жолта слива (оти најлесно се фаќа) почекај ја да почне да расте и накалеми ја со круша.
Кајсијата ако се фати, количински ќе ти роди најмногу плод, јаболкото многу го јади црвот, а и многу мравки собира по стеблото. Сливата е стандард, најотпорна е и на суша и на град. Крушата многу зависи од времето дали ќе рооди или не, дуњата дава многу малку плод количински ама шири најпријатна миризба, а за последните две незнам, нив знам само да ги јадам.
Не е двор со 2-3 дрвца, туку двор во кој планирам да засадам барем по едно дрвце од сите овие овошки кои ги набројав. Два реда овошки ќе бидат, оддалечени едно од друго по околу 3,5 метри, но колку треба да бидат оддалечени стеблата во самите редови? Еден метар е многу мало растојание според мене, крошните ќе им се испреплетат.
Инаку, смоквата, вишната и крушата веќе се засадени, одамна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom