Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
- Член од
- 29 јануари 2007
- Мислења
- 84.962
- Поени од реакции
- 195.500
Другарке погрешно си ме сфатила со тој пост за колегите. Колегите мои ваков испит ќе положат со сите поени. Но не е тоа поентата. Затоа и ни е труло образованието, затоа што техничкиот кадар што искача од факултетиве е book worm, никад не работеле на активна опрема или па поврзувале рутер со модем и остали глупости, да не трујам.Па ти само што наброја се што не чини со нашето образование, па дали мислиш дека до сега лошо спроведената настава и испити ќе се среди со уште еден ИСПИТ? Еве ти си завршил електро, кажи ми колку од од испитите ти биле навистина од корист во работата (под претпоставка дека работиш)?
Мене муабетот ми е дека не постои таков испит односно тестирање кое меродавно може да те оцени дали ти некој материјал го имаш совладано или не. Ако се решат за проверка на стекнатото знаење ама на практичен начин, пеки јас сум за. Може тогаш конечно професорите ќе се посветат малку повеќе на практична настава а не да ги гледаме само еднаш во годината за потпис.
Имаше @Ilumious пред некој ден интересн пост за најзини колеги од факс кои со просек 100 не можеле да пројдат интервју заради непознавање на основни работи. Е па сега тие таквите и овој тест ќе го положат со flying colors ама тоа нема да значи дека се спремни да се соочат со предизвиците што ги носи вработувањето и професионалниот живот.
И на работа никогаш не ми притребала книга од факултет. Како да ти кажам. Тоа што ми требало го нема во нашите застарени учебници и програми и десет математики.
Факт е дека нашето образование треба да претрпи огромни промени и треба да се филтрираат оние кои се запишуваат на факултетите ама овие способниве од власта немаат ни една иновативна идеја која би вродила со плод и замисли измислија голем брат на толку контраверзно екстерно тестирање. А да не почнувам колку почнуваат да ја поткопуваат автономијата на високообразовните институции. Но нејсе.
тие што сте за испитов, дајте меил да ви пратам материјали по математика 1, 2, линеарни трансформации и дискретна математика од електро, решете 3-4 задачи под а), не мора испитни и вратете се на темава.