Уште не сум се збогувал од Кале јас, може РК Вардар нема да игра повеќе таму, но тука е КК Вардар
Дали малата или големата ипак Кале си е Кале
Така да ве поканувам и таа сала да биде полна годинава иако клубот ќе игра во трета лига 
Одлично испраќање на ракометните Вардарци од Кале, три меча по ред (Металург, Нексе и Загреб) атмосферата беше перфекција, се поставуваа нови стандарди во навивањето во сала.
Иако тие што сме примарно фудбалски фанатици не ни се допаѓа што стадионот е празен, а салата лесно се полни, сепак мора да се признае дека еуфоријата за ракомет е на доста високо ниво во последно време
Радува што немаме театар како мамљазине, туку и на вакви "обични" утакмици има моменти кога цела сала е на нозе и пее заедно со Комити.
Доста емотивен натпревар за крај, подобар натпревар не можеше да има, дуел со некогаш непремостливата пречка Загреб, предводена од тренерот кој остави вечен траг во оваа сала.
Мечот го одбележа дочекот на Вујо, дочек како што само тој заслужува.
Човекот што успеа да направи неверојатна хемија меѓу играчите и навивачите, човекот што милион пати се жртвуваше себеси за да спаси членови на Комити нешто што друг никогаш не би го направил, човекот што ни ја донесе можеби и најдрагата титула во ракомет некогаш итн.
Како тренер имаше и подеми и падови на тренерската позиција во Вардар, но имаше одличен финиш, а како што знаеме крајот го краси делото
Со оглед на тоа што и немаме некој играч кој е икона на клубот во моментов (можеби Прибак го има тој примат или Столе, иако Немања многу повеќе заслужил
), Вујо ги надминува сите ракометари, па дури ниту на фудбалски план не сме имале таква икона во последниве 20 години.
Не издржа јунакот и он се расплака
Не е прв пат, многу пати бил во таква ситуација во Кале, но прв пат доживеал нешто вакво како тренер на друга екипа.
Скандирање Вујо мајсторе од 2000 грла во Кале, пречек каков што немал ниту еден противнички, па ниту наш играч во Кале. Интересна беше ситуацијата кога доби две минути исклучување во второ полувреме, а иако тоа му одговараше на Вардар, цела сала го свиреше судијата и почна да грми Вујо мајсторе

Кале како сала ни буди многу емоции. Сите овде ќе излажеме ако кажеме дека којзнае колку сме биле редовни на ракометните мечеви во првите години од играњето на РК Вардар во Кале (освен на дерби мечевите и Европските пошто таква беше политиката на групата), сепак во последните 4-5 години тоа се смени, и барем дел од нас ги гледаа поголемиот дел од мечевите одиграни во салата, па дури и оние од домашните првенства, мечеви на кои како што милуваат да кажат Битолчани, салата пајажини ни собираше (и сега е мала посетеноста, ама подобро од порано
).
СЕХА лигата беше вистинско освежување во овој поглед, а како група секогаш сме се бореле и Европските мечеви да ги играме во Кале.
Зошто? Затоа што на никој не му е сеедно кога настапува во Кале. Влажноста на ѕидовите од атмосферата, навивањето од кое две недели имаш зарипнат глас и ти свири цела глава, свирежи при противнички напади при кои мислиш стаклата на прозорите ќе пукнат, изгубените погледи на противничките играчи и сите пропратни работи кои со право го правеа Кале неосвоива тврдина.
Добро, беше освоива за некои Еврпски гиганти на кои не можевме ни 15 гола да им дадеме, ама штета што сега не можеме да изиграме меч со таков противник во Кале, а не само во времето кога за нив бевме маалска екипа.
Дури и некои од нив не го преживеаа Кале, а најпознат е падот на Кил и нерешеното со тогаш силниот Магдебург. На патот кон второто Европско полуфинале го демолиравме Медвешчак на два пати, а во полуфиналето во Скопје падна и Загреб, кој потоа не порази во Хрватска и отиде понатаму. Кале проживеало уште едно Европско полуфинале, овојпат Гумерсбах беше непремостлива пречка.
Таа сезона останаа мечевите со Копенхаген и Решица да бидат запаметени засекогаш. Атмосферата направена на трибините беше феноменална, остана да се памети како се тресеше мостот пред жабарот на мечот со Решица, играта одлична, кордони од полиција од влез на сала до ЗОО, па не носеа двајца по двајца итн
Мечот со Кил дефинитивно е еден од мечевите за паметење, веројатно веќе видовте кои други спаѓаат истотака во таа категорија.
СИТЕ НА ПИВО! Демолирање на изгубените Французи од Иври кои мислеа дека победата од 8 гола на нивни терен ќе им биде доволна да го поминат Вардар
Не ми текнува кога точно беше, ама мислам дека игравме со Грчки противник, имавме добиен меч и на крајот Манасков се степа со еден од противниците по што за малце беше избегната општа тепачка
Меч кој дефинитивно мислам го предизвик најголемиот делириум во Кале е мечот со Металург кога Прибак го постигна голот за победа која ни беше прва после неколку години против тогаш финансиски далеку помоќниот Металург. Не се знаеше кој врз кого скока после тој гол, влез во терен на цела трибина, наплив на емоции и момент на "не знам кај се наоѓам"
Со Металург паднале доста интересни мечеви, но ќе ги издвојам оние од сезоната 2007/08 кога со 3 нерешени и минимален пораз ја загубивме титулата. Вардар го имаше финалниот еч на свој терен, но против себе ги имаше судиите. Вујо не издржа, одглуми (реално
) удар од судијата, по што настана општа тепачка меѓу нашите ракометари и СПЕЦИЈАЛЦИТЕ кои се обидуваа да го спасат судијата од Вујо, додека нашите го тргаа Вујо. Никогаш не сум видел специјалци да напаѓаат спортисти, ама нашите ракометари изедоа бајаги ќотек тогаш, дури позади мрежата беа потиснати. Вардар проба да се врати во мечот, но нерешеното не беше доволно. Титула на душа на "пичката ќорава"
Но, само некоја недела потоа игравме куп финале во Кале кое го добивме доста лесно и колку-толку го обеливме образот. Вукадиновиќ му даде дрес на едно дете од моја населба, дрес кој повеќе му личеше на фустан, поради тоа што Вукадиновиќ беше грамада 2 на 2 
Не доволниот триумф против Магдебург пред 2 сезони истотака будеше доста емоции. Никој не сакаше да гледа реприза од мечот од неверување што ни се случи и како испаднавме, ама лани видовме дека има и поболни елиминации, по мечот со Фленсбург.
Нашите голмани топка не фатија на мечот со Магдебург, Јовчевски утна зицер за запечатување на трифумот, а во наредниот напад примивме гол со играч помлку од 10 метра за пакување на куферите. Голема нервоза и не верување во салата, знам шалот го изгризав од што бев гневен
Нормално, ништо не може да се спореди со датата која ќе остане вечно запаметена - 02.06.2013!
Тоа не беше само обична победа и обична титула, туку победа која значеше издигнување на екипата на едно ново ниво, голем триумф за сите навивачи кои даваа безрезервна поддршка, триумф за една екипа која беше градена со голема хемија помеѓу играчите и публиката, триумф кој значеше крај на доминацијата на Металург во домашниот ракомет.
Има и некои други поинтересни мечеви, како мечевите со Загреб. Делириум во салата особено откако Вардар беше на праг на победа во Хрватска, но на крај одвај спаси бод. Покривно знаме на цела трибина, свирежи до небо за противниците при што Лазаров се налути (не го ни слушнавме кога го најавуваа) и сакаше да се откаже и од репрезентација, кавги со Вори, пеколна атмосфера, но и убедлив пораз од 7-8 разлика. Животна партија на Мите Караиванов во дресот на Вардар, имавме мало резултатско враќање кое предизвика хаос, но потоа гостите одново се одлепија
Декласирањето на Динамо Минск, во меч во кој хит беше игра магично и скандирањето ПРАВОСЛАВЈЕ заедно со противничките навивачи, помошта која им ја имаме дадено на МРК Вардар против Филипос Верија кога цела сала грмеше и се дојде до значајна победа која му донесе пласман во наредно коло на нашиот втор клуб итн.
Лично за мене одењето на ракометниве мечеви ми помогна да запознаат еден куп од Комитиве од кајгана, а особено на СЕХА и домашните мечеви редовно паѓале одлични заебанции на трибина што не сум сакал дома да си одам
Ако за мечевите на Кометал секогаш асоцијација ќе биде песната За стара добра времена, за РК Вардар во Кале асоцијација ќе ми остане
Особено прекрасно беше кога денес во последните моменти од мечот ечеше песна од сите трибини, ах да може цела сала да навива цело време, а не само во моменти на еуфорија, би било неверојатно.
Но и вака е одлично, во минатото често гигантите беа пресреќни кога гостуваа во Кале, затоа што знаеа дека ќе тепаат, а во исто време ќе доживеат неверојатна атмосфера.
Никој го нема тоа што го имаш ти, мој Вардаре
Скандирањата ова е Кале и ова е Скопје ќе останат запаметени засекогаш, противниците во поново време сигурно ќе бидат среќни што не мора повеќе да гостуваат во оваа сала
Да се вратиме на утакмицата...
Како ревијален меч да гледавме, особено во првиот дел...
Што е тоа бе, 19-16 заврши ако не се лажам
Без одбрани, голманиве топка не фатија. Диви не го обвинувам, премногу чисти ситуации имаа противниците денес. Вардар не е Кил за да изгуби од Загреб
На почетокот доста лесно дојдовме до 5-6 разлика, особено што крилата беа расположени за игра. Марковиќ покажа и докажа зошто беше задржан во составот сите овие години на промени и одигра брилијантен меч, кој го заокружи со цепелинот направен со Брумен во второ полувреме. После малце паднавме во играта особено по едно исклучување кое го добивме, но реално Загреб ниеднаш опасно не се закани дека може да не совлада. Столе многу ме разочара. Изигра меч кој мора одма да го заборави, очаен беше. Ваљда затоа и не добива шанса на ЛШ мечевите 
Тепавме и Штербик, играч кој се покажа дека е пола екипа по мечот во Цеље, тепавме без Дибиров, а одмор доби и Чипурин и капитенот наш
Лацковиќ конечно се рашутира, одигра одлична партија денес. Горбок има споро движење, ама кога ќе се крене на шут буши 
Крилата непогрешливи, како само течна игра имаме со проток до крило, нешто неверојатно. Брумен се изнадава убави голови, а и Шишкарев имаше еден одличен погодок во стил на Дибиров
Душебаев истотака беше солиден, а Карачиќ одново потфрли и неговата форма полека почнува да ме загрижува. Еден добар меч немаше досега сезонава 
Од Загрепчани убаво ќе беше да го земеме Степанчиќ (ваљда не го утнав презимево пак
), тупам три години веќе, ама стварно има голем потенцијал во овој играч
Он место Терзиќ (или уште поубаво место Петриќ) би бил одлично решение за десната бековска позиција 
Сега одиме во Аеродром за да дебитираме со победа над Медведите