Не памтам ја ваков дочек некој да имал до сега од вардарци. Цела сала грмеше за Вујо легендата. Човекот е срце вардарово. Од Кале се отпишавме целосно како што му доликува. Беше исто така буквално целосно полно од све страни.
Ги плеснавме комшивките и за крај го плеснавме и Загреб како единствен шампион на Сеха освен нас. И еднаш од никаде се испеа О сузана за шлаг на торта
Чудно чувство ми дојде искрено кога помислив дека ова е последна утакмица во Кале и после толку утакмици нема веќе да го гледам Вардар таму.
Али времето продолжува и Вардар се сели во сопствен најмодерен комплекс, како што му доликува на еден клуб од самиот врв.
За Кале допрва ќе се раскажува помеѓу наредните генерации за сите дешавки и легендарни утакмици кои сме имале чест да ги гледаме.
За утакмицата...
Во ниту еден момент не ни ја загрозија победата и уште од почеток покажавме кој е кој. Марковиќ ги наполни со десет гола, и веќе почнаа да ги играат препознатливите акции. Малце повеќе простор во одбрана им се оставаше, посебно на Степанчик кој не наполни.
Плинарите воопшто не беа нежни и имаше неколку груби стартови, посебно на Карачиќ и Горбок и еднаш нокаут доби и Лацковиќ. Среќа се се заврши без повреда.
И да... Некако со оваа утакмица ми стана јасно зошто Раул го остави Столе во Скопје за утакмицата со Целје. Столе во очајна форма е. Не памтам да сум го видел да игра толку лошо, топки му паѓаат од раце, неможе да ја прими како што треба, некои нејасни грешки. Итно мора да се среди бидејќи од ова што го видов не е добра работава.
Одлична утакмица за крај, мило ми е и ја што бев дел од ерата на Вардар во Кале. Ќе биде запишано во нашата историја како дом на најтрофејниот македонски ракометен клуб.