Ауфвидерзен Македонијо!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bojco
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа ти се вика слобода на изразувањето. Шо сакам можам да пишам. Демократија бе.
И веќе кога си решил да читаш јас што имам пишувано, а немораш, не е задолжително, со кој дел конкретно не се согласуваш. Ајде да прочитаме нешто зрело и црвено и од тебе, не дека досега имаш напишано нешто такво некаде, ама ај нека ти биди.
Имам јас време за сите, таква ми е работата. Државна:)
Ај сеа одлучи се копаш бунари со тетин ти и си приватно вработен за плата,или си државно вработен?Почна да забораваш што си кажал.Браво за нашите државни работници што по цел ден во работно време седат на форум наместо да сработат нешто.Сега те разбирам зошто сите нас тука не убедуваш и кажуваш колку е тука убаво.И јас би исто.
 
Право да ти кажам, од улица се и благе везе немаат.
Да беа паметни тие на државно, луѓето нема да доплаќаат за струја иако се грејат на парно, нема да им пливаат колите од пола саат дожд, нема да одат да се лечат на приватно иако плаќаат здравствено, нема да ги кршат колите на така наречениот автопат иако плаќаат патарина, нема да имаат проблеми со новите автомобили иако плаќаат како да возат на најскапиот и најквалитетниот бензин во светот, нема да гледаат како некој пат се прави секои избори, затоа што не додржува асфалтот и ред други ситни работи што животот го прават полесен за живеење.
Да беа паметни нема да се вадат на патриотизам, туку ќе работеа за доброто на сите

Да ти кажам искрено, џабе прајш муабет кога си ги правиш тие работи и никаде не се буниш, ако не ти се допаѓа власта, сменија!, ама не чепкај патриотизам и држава, тоа сме јас и ти, ние ја правиме, ја на пример и улицата сам си ја уредувам зашто неможе да ја чекам општината и водовод да ми средат, и мене пак ми е убаво, а они се срамеа кога дојдоа со асвалтот и количките. Така да ако сакаш работи у државава, ако не иди 'рмбај за други луѓе и други држави и интереси !!!!

1. :facepalm:
2. Ебем ти таква борба и таква победа
3. Од улица се собрани, буквално, и тоа добар дел
4. Кој од тие директорите се попаметни, по кои мерила и каде се докажале?
Да се разбереме, Македонија е рај за газолижачи, а пекол за секој оној кој размислува со своја глава.
Секој си го бира својот пат.

Пријател пошто ми вадиш цитати ко Фрчко на факултет, биди ти тој директор и министер и покажини на нас имбецилите дека те бива, а не само да се прајш паметен на погрешно место. Ако се од улица, ама ти од кај си, од хациендата на Водно ???

Болдираново во твојот пост се однесува на сите апашки паразити напикани сосила во државна администрација, кои мислат само за себе и својот газ, а гајле им е што ќе биде со државава. Што создава државната администрација, можеш да ми кажеш...? Или само јаде туѓи, народни пари слеани во буџетот?

Секој нормален човек кој размислува долгорочно за својата и иднината на своите деца, ги има спакувано куферите и се иселува одовде, со карта во еден правец за себе и фамилијата. Остануваат само пензионерите и полтроните.
И што ако си отидете, од кај сте треба ли да кажете, еве ќе се радувате ли на нашите успеси ако станеме модерна држава каква што не сте сонувале, тогаш ќе ви одговара да се викате македонци и да се фалите со својата држава, сега што сте американци, германци. Сега сте побегуљци кои мислат дека тука не ги ценат, а надвор ве чекаат ко божем цареви сте, просто се воодушевуваат од вас.[DOUBLEPOST=1412074753][/DOUBLEPOST]
Ај сеа одлучи се копаш бунари со тетин ти и си приватно вработен за плата,или си државно вработен?Почна да забораваш што си кажал.Браво за нашите државни работници што по цел ден во работно време седат на форум наместо да сработат нешто.Сега те разбирам зошто сите нас тука не убедуваш и кажуваш колку е тука убаво.И јас би исто.

Што не бараш да влезеш и ти државно, па ќе бидете колеги :)
 
Последно уредено:
Сите добро знаеме на кој начин функционира државното вработување.Да трчам за партии,плакати да лепам,да ракоплескам на митинзи,мавање во гради за грујо бране или некој друг кој што направил и не напраил.Тоа е жалното во оваа држава неможе секој тоа да го прави и да лиже гзови.До кога на младите во оваа држава предизвик ќе им биде да се вработат во полиција.Го утепаа приватниот сектор речиси веќе и го нема,секој се плаши да започне сопствен бизнис не дека нема да успее или нема да биде успешен во тоа се плашат од инспекции и даноци.На се има крај и на државата ќе секне чешмата ќе нема повеќе од каде да црпат за плати па ќе ве чекам тогаш што ќе кажете (а нема многу да ве чекам).
 
Како не бе, само изговори пишуваш. Јас имам приватен бизнис, и да има инспекции, ама ако си чист тебе ти е насмеана фацата, и ценам сега ми беа да проверат за противпожарни апарати, и евакуација. И убаво ми кажаа луѓето, за твое добро го правиме, а и осигурителна компанија не ме осигурува ако не ги запазам тие мерки. Нормално дека треба да биде по пропис, и мене ми криво што јас плаќам, а други не, ама мене да ми се случи нешто со документите и бујрум наплата на штета. Јас пишував порано, многу сум горд што добро работам и сум задоволен од државата, не цвикам ко моите комшии не им иде бизнисот, а си купија Мерцедес од салон. Така да знам дека и тој е како тебе, само ќе кука и ќе се жали од државата, а ќе бара начин како да ја молзе и да не плаќа давачки и да не прикажува на сметка пари, туку само кешанац. Јас сум бил надвор од државата и знам како е, и сега тука има далеку подобри услови,од порано, а кој ќе работи и ќе има.
 
Ај сеа одлучи се копаш бунари со тетин ти и си приватно вработен за плата,или си државно вработен?Почна да забораваш што си кажал.Браво за нашите државни работници што по цел ден во работно време седат на форум наместо да сработат нешто.Сега те разбирам зошто сите нас тука не убедуваш и кажуваш колку е тука убаво.И јас би исто.
Па што знам јас што работам, тука другите очигледно повеќе од мене знаат што работам. За едни сум во државно, за други ме плаќаат што постирам на форумот, за трети си го имам наредено животот и баш ми е гајле, за четврти копам бунари со тетинми, за петти директно претседателот ме плаќа да го вадам од лагите. Бирај што ти одговара, да не ти кршам филм.
И ако сакаш и ти исто не туку мрчи по форуми како тука нечини, власта нечини , државата нечини. Така само рамковни вработуваат. Така да ако не си рамковен и не си отселен припази малце кој критикуваш, помафтај некое знаме, оди на некој митинг. Па добро бе да не сакате од дома да ве викнат во државно, па уште и да плукате по државата. Не оди тоа туку така како шо си мислите вие.
 
Абе јас не гледам за другите што работиш,гледам ти што си напишал што работиш.Па чекај нели ова е демократија и секој си има право на свое мислење зошто да припазам кого критикувам?А како треба да оди?Во секоја нормална држава за вработување е потребно само СV а овдека да мафташ со знамиња и да лепиш плакати.Нема разбирачка со тебе и таквите како тебе очигледно убаво ви го перат мозокот во нашата демократска држава.
 
Како не бе, само изговори пишуваш. Јас имам приватен бизнис, и да има инспекции, ама ако си чист тебе ти е насмеана фацата, и ценам сега ми беа да проверат за противпожарни апарати, и евакуација. И убаво ми кажаа луѓето, за твое добро го правиме, а и осигурителна компанија не ме осигурува ако не ги запазам тие мерки. Нормално дека треба да биде по пропис, и мене ми криво што јас плаќам, а други не, ама мене да ми се случи нешто со документите и бујрум наплата на штета. Јас пишував порано, многу сум горд што добро работам и сум задоволен од државата, не цвикам ко моите комшии не им иде бизнисот, а си купија Мерцедес од салон. Така да знам дека и тој е како тебе, само ќе кука и ќе се жали од државата, а ќе бара начин како да ја молзе и да не плаќа давачки и да не прикажува на сметка пари, туку само кешанац. Јас сум бил надвор од државата и знам како е, и сега тука има далеку подобри услови,од порано, а кој ќе работи и ќе има.
Добро за тебе се е розево.Е сеа јас ќе ти кажам една случка која на мене ми се случи.Доаѓаат кај мене во магацин чешлаат 2 саати и на крај се фати за вагата ми вика документ за вагата му давам докк за вагата вика докк за теговите а теговите одат со вагата заедно викам ете повели теговите се заедно со вагата се запна не не е тоа.Го прашувам да ми објасни каков е тој докк каде го издаваат не знаеше да ми каже викам дојдете за 2 дена ќе го извадам не си требало да го имаш а не сега да го вадиш.После 20 мин молење фино лепо извади папката напиша записникот чао чао.А комшиите околу мене среќни и задоволни како тебе ама прашај зошто?Лавчето седи пред врата и каса.
 
Како не бе, сеа извртуеш вистина, во законот си стои дека мора да ти се баждарени вагите, а тоа не е од сега, како ќе знаат купувачите дека не ги крадеш. Тоа што си почнал бизнис и што не си информиран е друга работа, и не се должни они да ти кажуваат од каде да викнеш да ти баждарат, така ќе ги наведеш дека те праќаат кај свои пријатели. Зошто мислиш дека не ги казнуваат со лавчето, така мислиш ќе те натераат и ти да станеш лавче, не бе пријателе мора да се полни буџет, без разлика на лавче или ружа.
 
Абе јас не гледам за другите што работиш,гледам ти што си напишал што работиш.Па чекај нели ова е демократија и секој си има право на свое мислење зошто да припазам кого критикувам?А како треба да оди?Во секоја нормална држава за вработување е потребно само СV а овдека да мафташ со знамиња и да лепиш плакати.Нема разбирачка со тебе и таквите како тебе очигледно убаво ви го перат мозокот во нашата демократска држава.
Демократија е бе. Кој рече дека не е.
Ама јас те посоветував ако сакаш како мене, пошто и ТИ си сакал така. Инаку немораш кој те тера, само небарај државна работа со легачење.
И овде е потребно CV, кој ти рече дека не е потребно. Тоа другото ти иди нешто како мотивационо писмо. И нека не те лажат комунистите, со мафтање знамиња и плакати лепење можеш само во некоја фирма државна како комуналец, нискоградба, водовод , служител во некое училиште, така некоја ниска позиција која и не е којзнае колку палетна. Не дека ке работиш нешто ама сепак 8 сати таму треба да бидиш да се врткаш. А за да се пикниш на подобра позиција еее тогаш треба да запниш малце.
И мозокот перен не перен мене на почетокот од месецот ми легнува на сметка платата, ете сега потслушнав дека ќе имало покачување некои 5-6%. Бериќат, потаму пак.
Нит се замарам за сметки, ни дали имало работа или немало, ни инспекции ми дишат на вратот,во банка сите врати ти се отворени, кредитче ова она, одморен, свеж од работа си идиш. Викенди празници се платено покриено. Доста е , да не бидиме алчни сега.
И зошто како што велиш , дека сум мафтал пред избори. Па еден месец е на неколку години, не е така стално. Сега тој месец напорен е ама мора да се издржи.
 
Последно уредено:
Ок знаш како викаат попаметниот попушта затоа се повлекувам од темава.А и несакам да мислите дека сум партиски определен само се обидов да ви ја кажам состојбата во мкд гледана од мојте очи.Со среќа нека ви е понатаму.
 
Ама и таму за кој како нели?Кој као ке си ја нареди што би рекле. Ете таму си. Сите убаво живеат? На сите им е погодено. Сите се доктори, инжинери, професори?
Сиромаштијата искоренета е, нема ниска класа, сите се средна и висока?

Работата друже е што на страна најниската класа живее премногу богато во споредба со животот кај нас... Ако кај нас за богат човек се смета да има убава кола и да се облече убаво, таму тоа е најниската класа...

Не дека можат да купуваат се и сешто, ама мноогу повеќе работи за кои кај нас може само да сонуваат... не е ич убаво споредби да се прават...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Не дека можат да купуваат се и сешто, ама мноогу повеќе работи за кои кај нас може само да сонуваат... не е ич убаво споредби да се прават...

Како е во Австралија друже, успеа да се снајдеш?
 
Моментот кога го читам владе кај шо траска зељени и некои што се упорни да му објаснат некои работи. Па тек-тук валво ќе се избаци со неговите стандардни бисери на латиница начкрапани и 2-3 дена покасно темава е побогата за 20-тина страници. :D

pop-corn-eccbc87e4b5ce2fe28308fd9f2a7baf3-254.gif

Секојпат! :)[DOUBLEPOST=1412095536][/DOUBLEPOST]
...еве ќе се радувате ли на нашите успеси ако станеме модерна држава каква што не сте сонувале, тогаш ќе ви одговара да се викате македонци и да се фалите со својата држава, сега што сте американци, германци.

:pos::pos::pos:[DOUBLEPOST=1412095765][/DOUBLEPOST]
...ете сега потслушнав дека ќе имало покачување некои 5-6%...

(y) Кај ќе идеш со овие кусур 5-6%? До Грција ќе скокнеш од Битолата твоја? Оти само до таму можеш. Ако можеш де.
 
Последно уредено:
можда веќе е објавено тука:

Старо-новата тема. Се уште се намалува бројот на оние кои решија среќата да си ја бараат во нивната татковина. Сите во различни делови од светот, а сите со една иста цел. Од онаму каде што имаат некој одат каде што не познаваат никој а многупати и првпат одат во „земјите на можности“. Животот ги натерал. Да, така е. Жално што корката леб не се купува со пасош а нити со убава profile picture. Како да се враќаме во времето на печалбарите. Свесни дека жртвата што ќе ја направат за 10 години ќе им донесе радост и мир понатаму во животот.

Едно големо навивачко УУУУ за тој што придонесе среќата и парите да фигурираат еднакво во ова светско уредување. Отидоа дури и оние кои не мислеа дека парите се среќа но..Тоа е. Затоа ќе останеме распарчени. Затоа ќе не болат писмата,ноќите поминати на Скајп, Фејсбук, Танго, Балет и што ти ја знам. Е болат. Ама некој се цени. Не сака да стиска тостови додека му виси дипломата од државен факултет на ѕид. Не сака и точка. И кога на вага ќе ставиш непочит и 10.000 бона месечно тогаш секако дека печалбата е подобро решение. Човекот е роден зошто бил борец и ќе остане таков. А оние што стануваат во два и викаат по мама и тато зошто лифтот бил расипан и бараат заедничко решение?! Фрли им пепел. Ваљда ќе ги прашува и колку да покачи звук на радио у кола. Ало мамо мојата песна иде може на 15 да покачам?! Е такви лигуши ми ја газат земјата, а они правите што остануваат во срцето како спомен на едно време газат непознати простори...

И што остана од старите друштва,ноќните пијанки и искрените песни? Останаа ликови кои времето без почит ги менува и со тоа ги менува и имињата на нивните деца. И не е дека не си ја сакаат земјата. И не е дека земјата не си ги сака нив. Не пукајте одма со тие куршуми. Едноставно наметната е висока култура на живот. Бившите дијаспорци не сакале да дојде време да нема да му даде 100 ден за во диско на детето а сите негови другари ќе одат.Тоа боли.Но ќе дојде подобро време. Ќе се сретнат оние другари од школските клупи пак во некое друго поубаво време.
Чувај се Македонијо! Те сакаме сите каде и да сме!
ПС. И сите они кои мислат да коментираат во стилот: ,,Лесно им е нив пари имаат'' нека пробаат да одат до најблиската продавница без да се напијат трамина. А не па 12 h во авион да издржат''

Ваш, Хенеси
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom