Властодршците против штрајкови и протести

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Се покажа уште еднаш „паметот“ на овој беден народ и недемократското лице на властодршците, со овој народ овие ќе тераат барем уште 50 години.
Народот е секаде ист
Во Грција штрајкуваат малку поинаку, таму се поискусни
Денес неколку часа не работи метрото, Утре неколку часа не работат болниците, задутре неколку часа не работат школите, Прекутре неколку часа нема струја и се така и така го организираат генералниот штрајк
Мислам дека на нашиве синдикални лидери им недостасува искуство
Властодршциве применија сурови средства да го попречат штрајкот, а и синдикалниве лидери требаа да одберат соодветни методи
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.139
Поени од реакции
21.776
За секој штрајк е многу важна подршката од јавноста
Е па ако имаат поддршка од јавноста, нека излези обичниот народ и нека ги подржи во нивниот штрајк. Не гледам дека некој посебно се загрижи, напротив јавноста смета дека бараат преку леб погача и затоа си го свртеа погледот на друга страна.
И сега што правиме ?
Народот е прост и необразован( а овие го образуваат што само посебе кажува дека слабо си ја бркаат работата) и затоа нема поддршка од јавноста или едноставно немаат поддршка од јавноста пошто сметаат дека бараат преку леб погача?
Што е по твое?
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862

Во овој случај многу добро би дошла фразата First they came...

Народот е прост, тоа барем е повеќе пати докажано, не му било гајле за наставниците, не му било гајле за лекарите, не му било гајле за студентите, не му било гајле за стечајците, не му било гајле за никој освен за себе, но ќе дојде еден ден...
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.139
Поени од реакции
21.776
Во овој случај многу добро би дошла фразата First they came...

Народот е прост, тоа барем е повеќе пати докажано, не му било гајле за наставниците, не му било гајле за лекарите, не му било гајле за студентите, не му било гајле за стечајците, не му било гајле за никој освен за себе, но ќе дојде еден ден...
Јас само прашувам за нешто што некој погоре спомна дека било битно за некој штрајк. Да не се враќаме неколку страни муабетот беше а што ако побараат 4000 евра, а одговорот во кратки црти беше дека неможат да побараат затоа што за штрајкот за да успее треба да има поддршка од јавноста.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во овој случај многу добро би дошла фразата First they came...

Народот е прост, тоа барем е повеќе пати докажано, не му било гајле за наставниците, не му било гајле за лекарите, не му било гајле за студентите, не му било гајле за стечајците, не му било гајле за никој освен за себе, но ќе дојде еден ден...
Не се согласувам дека народот е прост. Нема прост народ.
Според мене синдикалите лидери беа многу наивни
Направија „ штрајк на предупредување “, со тоа ги известија властодршците што, кога, како. Тие мислеа дека ќе ја заплашат власта но не ја заплашија само и им овозможија да се подготват и им дадоа време.[DOUBLEPOST=1411968251][/DOUBLEPOST]
Што е по твое?
Немам конкретно мислење. Немам ниту информации
Синдикатот на учителите беше меѓу најаките синдикати. Но се чини дека тоа е минато.
Во наредните денови ќе има повеќе информации, па ќе можеме да дискутираме[DOUBLEPOST=1412007481][/DOUBLEPOST]Три штрајка беа ставени во мирување, за само една недела. По одложувањето на штрајкот на приватните лекари и на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие, вчера и Синдикатот за образование, наука и култура го одложи штрајкот закажан за денеска.

Борците за работнички права се загрижени дека правото на штрајк во Македонија станува речиси неостварливо.
http://24vesti.mk/pravoto-na-shtrajk-se-gushi-za-edna-nedela-sprecheni-tri-shtrajka

Kako што прогнозирав - допрва ќе слушнеме што се се слушуваше

Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
http://lider.mk/2014/09/30/avionite-na-lufthanza-deneska-na-parking/

Во Германија, Луфтханза, денес штрајкува, но селективно, ги откажуваат само долгите летови
Ете гледате како работат искусните синдикалци
......................
http://www.dw.de/јуратовиќ-државата-прва-мора-да-го-почитува-правото-на-штрајк/a-17961067?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss
Еве изјава на Јосип Јуратовиќ кој вели:
За жал, имам впечаток, а не сум единствен во Европа кој го има тој впечаток, дека во Македонија веќе ништо не е свето. Уверен сум во тоа дека оваа Влада е подготвена на се‘ за да си обезбеди власт и дека уште многу главоболки ќе и‘ подготви на Европа, а најмногу на граѓаните на Македонија“.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ивана Јордановска набројува три причини за неуспехот на штрајкот на учителите
1.Прво, дали успеавте да ги најдете и прочитате барањата на СОНК? Било каде? Јас не.
2.Второ, паролата на штрајкот беше објавена неколку дена пред штрајкот,
3.Трето, целосно имајќи ја во предвид тешката медиумска ситуација, не можам, а да не забележам дека СОНК не направи активен обид за да пронајде сојузници во останатите групи на граѓани
http://libertas.mk/како-не-се-организира-штрајк/
Кај Грчиштава е поинаку
Грчките контролори на летање се заканија дека ќе стапат во штрајк на 4 и 5 октомври, во знак на протест против министерски указ со кој Организацијата за управување со државниот долг ќе има пристап до сметките на авијацијата, за да покрива свои потреби, објави денеска грчкиот весник „Етнос“.

Контролорите на летање бараат политичките партии да помогнат за да биде решено прашањето и поднеле барање во Врховниот административен суд за да биде поништена одлуката на Министерството.

Тие се пожалиле и пред Еврокомисијата и Европарламентот за непочитување на европкото право.
http://denar.mk/59973/ekonomija/shtrajk-na-grchkite-kontrolori-na-letanje-na-i-oktomvri
 
Последно уредено:

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Колку е само Валво хардкор :) донекаде е и во право во 90 тите службеничка што ја знаев во кабинет на претседателот на рм земаше 10 000 но времињата се сменија парите не вредат јас работам приватно и моите цел живот ама па највеќе од администрација ми се купци па не се бунам секој има право да бара а колку ќе добие тоа е друго[DOUBLEPOST=1412235886][/DOUBLEPOST]Иначе цел запад се случува истото кога една Германија стигна 70 % од бдп да прави од услуги и 25 % од индустрија тоа е крах на западот и таму во државно бегаат а во Азија спротивно иначе за тие на факултет лешинарите би ги избркал пола мене ми се деси пиминав прекрасно на испит за 9 ка ми беше и влегувам среќен во кабинет ми викам проф за отценка и се изнервира зошто прво не сум го прашал дали сум положил одма отцена сум му барал каков апсурд секој си знае од прилика што ќе добие плус минус рдна отценка и ве вреѓаше и ми стави 6 на сета мака а од моите даноци од фирма зима плата за лекови да ги даде да даде господ
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во соседна Србија денес е одржан штрајк на преупредување исто на учителите
Синдикатите известиле дека штрајкот е одржан во повеќе од 1200 училишта
Но од српското Министерство за образование известиле дека тоа не е точно, а точно било дека во 1200 училиша ( 70%) е одржана настава
Еве погледнете
http://www.politika.rs/vesti/najnovije-vesti/Sindikati-U-strajku-1_200-skola.sr.html

И ова е еден начин како влстодршците се спротивставуваат на штрајкови. По медиумуте тврдат дека штрајкот не е прифатен од самите штрајкувачи
Слично се случуваше и кај нас - медијумите беа преполни со вести дека самите учители се против штрајкот
Затоа учителите си останаа со мизерни плати
А зонашите и понатаму имаат поголема плата од учителите
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Лондон за следната недела е најавен дводневен штрајк на работниците во подземната железница Ќе штрајкуваат против отпуштања
http://www.bbc.com/news/uk-england-london-29516508
Ова е уште еден методкој кај нас не се преименува. - штрајк со ограничено траење
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Минатиот петок, се одржа протест УДАР, кој властодршците го „ суредија “ еве на кој начин:
Се работеше за многу мал протест. Јас присуствував ... можеби имаше неколку стотина протестанти.
Ме изненади што носеа црни знамиња, така да мислев дека се работи за анархисти.
Но после разбрав дека биле собрани преку фејсбук. Се одржаа неколку говори во кој немаше некој посебни барања.
Се на се ништо посебно...
И како реагираа властодршците?
Едноставно прогласија дека овие протести ги организирала опозицијата.
Еве напис во пулс 24
http://puls24.mk/makedonija/vesti/foto-protestot-udar’-organiziran-od-partiski-aktivisti-na-sdsm
Во написот можете да прочитате и за некоја Мери Николова која наводно имала две деца во љубовна врска:
„ Имено Мери Николова на јавноста освен како член на СДСМ и е позната уште и по љубовната врска со екс-амбасадорот на Република Македонија во Франција, Агрон Буџаку. Медиумите пред неколку години пишуваа за нивната тајна врска. “

Мислам дека овој Удар, нема да се поврати од ударот и дека нема повеќе да се појави
 
Последно уредено:
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.800
Поени од реакции
24.723
Минатиот петок, се одржа протест УДАР, кој властодршците го „ суредија “ еве на кој начин:
Се работеше за многу мал протест. Јас присуствував ... можеби имаше неколку стотина протестанти.
Ме изненади што носеа црни знамиња, така да мислев дека се работи за анархисти.
Но после разбрав дека биле собрани преку фејсбук. Се одржаа неколку говори во кој немаше некој посебни барања.
Се на се ништо посебно...
И како реагираа властодршците?
Едноставно прогласија дека овие протести ги организирала опозицијата.
Еве напис во пулс 24
http://puls24.mk/makedonija/vesti/foto-protestot-udar’-organiziran-od-partiski-aktivisti-na-sdsm
Во написот можете да прочитате и за некоја Мери Николова која наводно имала две деца во љубовна врска:
„ Имено Мери Николова на јавноста освен како член на СДСМ и е позната уште и по љубовната врска со екс-амбасадорот на Република Македонија во Франција, Агрон Буџаку. Медиумите пред неколку години пишуваа за нивната тајна врска. “

Мислам дека овој Удар, нема да се поврати од ударот и дека нема повеќе нема да се појави
Ова се случува со години веќе. Ништо ново. Се случувало и да направат ситни провокации, да пратат нивни член кој ќе извади транспарент со името на опозицијата. Нормално, останатите изреагираа.
Како малите деца бе! Ми се гади од политиката таму, ми се гади!

П.С. Баш ме интересира кои биле тие со црните знамиња. Ќе дознаам. :)
 
Член од
14 февруари 2014
Мислења
181
Поени од реакции
155
Можеле и некое чајче да им пуштат.Ладничко е деновиве.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom