Ме подсети на времето кога син ми ги гледаше, тоа и беше причината што се регистрирав на форумот, сакав да дознам повеке. Не ни знаев за што станува збор, потоа видов дека ги има на фотографии.
Не се сеќавам дали имаше две полни години, кога ми рече дека бел круг стои над неговиот кревет и го буди ноќе. Објаснуваше дека тој круг испуша звук, нешто како тенко зуење. Исто така детето тврдеше дека кругот е добар и не се плаши од него, но дека има друѓи кругови со раце и нозе (најверојатно неправилни форми) кои се темни и кружат во другиот дел на собата. Една вечер додека го заспивав ми рече ,,еве го кругот,, и гледаше со очињата нагоре, а она што ме запрепасти беше тоа што помалото дете (тогаш беше неколку месечно бебенце) гледаше на истото место и заедно го менуваа фокусот на погледот во ист правец.
Потоа кажуваше дека понекогаш може да ги допре. Велеше дека се меки како да галиш маченце и често зуеше како што зујат и тие.
Денес не се сеќава на тоа, но пред некое време, незнам на кој празник беше (јас не славам празници, но тој слушнал од други дека е празник) ми рече дека не е лошо што ние немаме слава, бидејки бог не се гледа, туку се чувствува и дека секој ден тој јаде со нас, а не само на кога се слави слава.
Можеби слушнал некој сличен муабет бидејки често по дома си филозофираме на вакви теми, но начинот на кој го кажа тоа беше зачудувачки. Зборуваше со апсолутна сигурност, смиреност и топлина. Тогаш сватив дека иако е пораснат и околината го има изменето, тој сепак длабоко во себе сеуште го носи она...[DOUBLEPOST=1411566373][/DOUBLEPOST]Еве едно видео, чисто за релаксација и за едно мало подсетување на тоа кои сме, во каков прекрасен свет живееме. Да не подсети на хармонијата која бог ја створил, на чудесните способности на секое живо суштество, на важноста на постоењето на секое од нив, на секој од нас. Уживајте во убавините на овој совршен свет и употребете ја својата дарба, својата чудесна способност, својата креативност, интелегенција, фантазија, за да го сакате и чувате овој свет.
Само ние од сите други суштества на оваа планета сме зависни од нереални нешта. На никој од останатите не му била потребна ниту технологија, ниту наука за да биде она што е и за да живее хармонично со природата, а притоа да знае се. Само ние не знаеме ништо за себе. Каде ли го изгубивме сето тоа?