Доека праеше тинејџ рап на сите им беше интересно ама нешто почна да прави ај да кажеме интелектуален рап и оп џеј џеј,медиуми,грујо,мијалков нема правење херој нема глумење чегевара толку од кариерата
Блокада на македонските медиуми за Тони Зен по песната „Под контрола“?
Тони Зен, не толку одамна, беше најголема македонска хип-хоп ѕвезда и секој негов чекор беше следен од медиумите. Но, откако објави песна и видео за слободата на говор, медиумите едноставно го заборавија, пишува Филип Стојановски за порталот
globalvoicesonline.org.
Фален заради добриот изглед, интересен и како пријател на (поранешниот) шеф на обезбедувањето на премиерот на државата кој се појави и во негов видео спот, медиумска ѕвезда додека учествуваше во реалното шоу „Преживеан“. Често можеше да се види на насловните страници и на малите екрани, се појавуваше дури и на кориците на училиштени тетратки, а направи и огромен концерт во најголемата скопска сала.
Се чинеше дека новинарите обожуваа да зборуват за него, но сè до 23 мај кога го објави видеото за „Под контрола“. Од тогаш и покрај претходната популарност, се чини дека ретко може да го видиме во македонските и регионалните медиуми.
Песната и спотот реферираат на сè полошата состојба на слободата на говор и социјалната поделеност во Македонија со аудио и визуелни референци на делата на американскиот комичар Џорџ Карлин и на писателот Џорџ Орвел.
Главните медиуми во земјава не го објавуваат видеото, а Тони Зен сè поретко може да се види на било кој јавен настан.