Економски факултет (reloaded)

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
Некој да ми каже кај се наоѓа кабинетот од проф. Михаил Петковски?
 
Шуклев по колку списоци пушта?
Секоја генерација различно, колку му текне, семестарот јас кога го полагав менаџмент пушти само еднаш и тоа пред собирање потписи, колку да има основа за на некои да не им даде потпис, така да ако не ти се даваат 500 денари, биди редовна.
 
Сега за сега има пуштено два, од кои на еден само ме има. Мора да те има на сите за потпис или? :unsure:
 
Сега за сега има пуштено два, од кои на еден само ме има. Мора да те има на сите за потпис или? :unsure:
Од сите списоци што ќе ги пушти семестарот, он бира еден, ако те има на тој, добиваш потпис, бар така правеше претходно.Мој совет е да продолжиш да одиш на предавања, пошто поголема ќе ти биде така шансата за да добиеш потпис и да не го купуваш.
 
Некој совет за применета математика (зошто се користат математичките таблици?)или упатство како би можел да си појаснам? Задачиве се невозможни. Уште од првата страна почнува со решавање задачи без никакво појаснување за истите. :facepalm:
Однапред благодарам!
 
Сега за сега има пуштено два, од кои на еден само ме има. Мора да те има на сите за потпис или? :unsure:
Кaј нaс ги евидентирaше сите списoци вo ексел пa тие штo имaa нaд 80% присуствo дoбивaa пoтпис.
 
Дали знае некој која цена е Меѓународни организации и интерграции книгата и дали може копирана да биде ?
 
Шуклев по колку списоци пушта?

Менаџмент пушти еднаш, и тоа една недела пред да завршат предавањата.
После тоа, на ММБ пушташе скоро секој час, и требаше да те има на 80% - 90% од списоците. Јас си платив 500 зашо не ми се стануваше во 7 саат, 3 пати неделно, а и онака бубаш од книга, џабе ти се предавањата.
 
Продавам Сметководство учебник и збирка, Деловна етика учебник и скрипта, Економика на претпријатие учебник и скрипта, Статистика учебник, таблици, формули и прашања за колоквиумите, Организациско однесување книга Лидерство заедно со скриптата што е потребна.
Ги давам многу евтино Сите книги се убаво зачувани. Повеќе информации во пп.
 
Дали некој продава контен план 2013 и учебник методи на продажба 2013? :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom