Да ти одговорам а со тоа и да го образложам мојот претходен пост до (по)неупатените.
Адам со непослушноста кон Господ и со својот пад ги довел животните во незавидна ситуација - ги ставил во синџирот на исхрана. Па така имаш животни-грабливци и животни што се плен на овие грабливци.
Во дивината, дивата магарица и сите други диви животни, како дивата кобила, дивата овца, дивата свиња и др. имаат точно одреден временски период на парење. Се парат во точно одредени месеци, така што завршетокот на нивниот гестациски период (скотност) да се паѓа во периодот кога се обновува вегетацијата во пределите кајшто живеат (најчесто рана пролет), за да имаат доволно време магаренцето, ждребето, јагнето, прасето итн. да пораснат и да се осамостојат до почетокот на следната зима.
Нивните питоми роднини, сите до еден, освен мачката, не го ограничиле овој временски период на парење и се парат преку целата година, благодарение на човекот кој ги припитомил и засекогаш им ја одзел способноста за преживување во дивината. А при окотувањето(јагнење, прасење, ждребење итн.) во најголем број случаи НЕОПХОДНА е и помошта на човекот. Значи, припитомените животни биднале целосно зависни за нивниот опстанок од човекот.
Ете каква добрина му сторил твојот стопан на магарето, кој според тебе, магарето МОРА да го има.