Прво. Кога споменуваш некого, тагирај и пишувај го никот како што е, не како што тебе ти изгледа. Ако веќе го пишуваш на кирилица, пишувај - Ипсисимус а не Иписимус. Очигледно ретко читаш, затоа што 100 пати повторуваш една иста грешка.
Второ. Дека требало тарифи да се плаќаат, е твоја лична измислица, никаде во библијата нема такво нешто! Напротив, се вели дека бесплатно ви е дадено, бесплатно треба да ја давате пораката што ви е пренесена. Колку денес опстојува тоа, сведоци се сите. Има едно едноставно правило и тест за тоа дали нешто е вистина или не, тоа е тестот на реалноста и функционалноста. Ако одредено тврдење, теорија или план неможе да се спроведе, тогаш тој е нефункционален - лажен. Тоа е случајот со вашите религии денеска.