Референдум за независна Шкотска

  • Креатор на темата Креатор на темата The xx
  • Време на започнување Време на започнување

Дали Шкотска ќе прогласи независност?

  • Да

    Гласови: 52 55,9%
  • Не

    Гласови: 34 36,6%
  • Неодлучен/а

    Гласови: 7 7,5%

  • Вкупно гласачи
    93
  • Гласањето е завршено на .
Во една работа барем ни колку нас не се кадарни. :rolleyes:

Real men wear kilts веќе не ми држи многу вода.
Да имаше пандан на MI5 во 90тите во Југославија, моментално сите ќе бевме Југословени. Отцепување на држави нема врска со кадарноста на народите, туку со некадарноста на централата.
 
Како и што си мислев, Шкотиве не се глуперди.

И не е ова прилика еднаш во милениум, тие се независни и се во унија во Велика Британија.
 
Пички какви што светот никогаш не видел ете тоа се денешните Шкоти.
Кое серење у фаца си направија самите,народ кој што е ментално поробен.Народ кој се плаши дека нема да знае сам со себе да раководи, народ кој одбива прилика која се јавува еднаш во милениомот за да не изгуби неколку фунти од џебот (и тоа е двојбено додуше) не заслужува да постои.Не знам како некој што гласал не може да се нарекува Шкот.
Пички,не за џабе си носат фустанчиња......има причина.
Дијагонално од Шкотска, доле на југот . Има една држава Македонија се вика, незнам дали си слушнал. Е тие да ги видиш какви пичка од народ се ...
 
Шкотите си дадоха и сметка за тоа,дека ако се отделат преку нок може долгот на Шкотска да стаса 90% от нивниот БВП.
Нали никоj не верува,дека ке си заминат,без да получат дел от долгот на Британиja?!
 
Големата разлика - никоj не даде можност на државиве во Jугославиja да бират дали доброволно да влезат внатре или да останат независими. Овде сека држава сама решава дали сака да влезе во ЕУ или не.
Шкотите решиха дали да останат или да напуштат Британиja. Тоа е тоа.

Па да, но откако ќе ги прашаат дали сакаат во ЕУ или не, доколку граѓаните кажат ДА, во пракса тоа ќе биде последниот пат да бидат прашани за некое важно прашање, бидејќи сите избори и референдуми после тој референдум ќе бидат чисто само формалност, а не вистински избор.

Зависи,Еу е економска унија пред се и може да се стреми да стане федерација ама тоа никад нема да се деси.Едноставно земјите во Еу се преголеми националисти за да дозволат да станат Европјани и членуваат чисто од корист.Зарем Британија,Германија,Франција ќе дозволат некој да ги контролира,ако не им се свиѓа ќе искочат.Ако се прашуваш зашто е отцепувањето од Југославија,потсети се како пројдоа тие што први го направија тоа.
И нас не не ставај во никој муабет:icon_lol:Смешка сме во секој поглед,неаме никаква геостратешка положба за некој да не сака во сојуз.Обиколени од Нато/Еу земји и членувањето во нив ни е стратегија не дека ќе влеземе некад.Нека прекине апликацијата за членство владата ќе видиш планинарци како се борат за права и како ќе ни ја сјебат земјата.
Ситуацијата ни е шах-мат,затоа луѓето жалат по Југославија.Имало способни водачи,земјата била политички јака и ако не се распаднела од внатре тој цех никогаш немало да пристигне за плаќање.Е за тоа нас ни требало таква земја и последни се одвоивме,а на шкотиве не им треба пошто се 3 века пред нас.

Никогаш не вели никогаш.

А исто како што велиш дека ние Македонците не сме за во муабет, така и Британците, Французите и Германците не се за во муабет кога станува збор за ЕУ, бидејќи токму тие се главни во ЕУ, па без разлика каква ќе биде идната федерација на Соединети Европски Држави, Британците, Французите и Германците ќе бидат главните во таа федерација.

Единствено Британците во последно време се жалат на нефер третман, но тоа нема да потрае долго. Од друга страна, Французите и Германците се како рака и ракавица, речиси не може да се најдат било какви несогласувања помеѓу нив во ЕУ.

Кога ќе ги земеш во предвид овие факти, следува заклучокот дека национализмот во останатите држави членки на ЕУ, без разлика колкав замав зема помеѓу народите, сепак политичарите ќе го игнорираат, а со помош на Велика Британија, Франција и Германија, како и со помош на медиумите кои своеволно за пари си вршат самоцензурирање на самите себеси, таквиот национализам ќе биде целосно игнориран.

Се додека ЕУ не падне на истото ниво на кое била Руската Империја во февруари 1917 кога се случиле Февруарската буржоаско-демократска револуција, абдикацијата на последниот руски цар Николај II, падот на царизмот во Русија и крајот на Руската Империја, национализмот ќе биде црна овца која ќе биде игнорирана, исто како да не постои.

А тешко дека во блиска иднина ЕУ ќе падне на истото ниво на кое била Руската Империја во февруари 1917.
 
Последно уредено:
Да,Македонија и во Југославија беше неразвиен регион кој живееше на сметка на развиените и после независноста продолжи да биде сиромашна држава.
Во последните векови хиерархијата не е ни малку сменета,Македонија секоаш била една од најсиромашните во Европа и денес е на исто место.


Мислиш дека во Југославија немаше 20тина % невработеност ?
Гастарбајтерите одеа по Германија и по цел свет од милина за време на Југа ?
Плус Македонија за разлика од Шкотска го смени целиот општествен систем,од планска економија во пазарна економија.А кога никогаш во својата историја не си имал капитализам тешко е да се навикнеш на него.
Пола од фабриките кои ги имавме и пропаднаа и без лоповите ќе беа на исто место затоа што сами себе си беа цел колку да се упикуваат луѓе нешто да работат.Тоа што во комунизмот некако се прикриваа сите слабости не значи дека беше напредна и богата држава.
Живот во станче од 30 квадрати и возење Југо не се некои назнаки за богата држава.Само полесно е да се помириш со тоа кога сметките ти се поефтини и кога мање-више цел народ има исто.
Во дух на постов,Македонија дента кога стануваше независна од Југославија,еве ти податок официјален,22 % невработеност ...Значи 90 година се работи,22 % невработеност.
 
Испуштија историска шанса шкотите.
Бев скептик поради таа економска карта која е клучна во ова либерално време.
Заебите и идеологии,гордост и патриотизам.
Посебно западните неолиберални народи спремни се да изгинат за iphone6 него ли за вакви работи.
Шкотите си знаат најдобро. Ако толку сакаа независност ова им беше огромна шанса, без сепаратизам да се одвојат од Британија.
 
Зависи,Еу е економска унија пред се и може да се стреми да стане федерација ама тоа никад нема да се деси.Едноставно земјите во Еу се преголеми националисти за да дозволат да станат Европјани и членуваат чисто од корист.Зарем Британија,Германија,Франција ќе дозволат некој да ги контролира,ако не им се свиѓа ќе искочат.Ако се прашуваш зашто е отцепувањето од Југославија,потсети се како пројдоа тие што први го направија тоа.
Затоа што се преголеми националисти, станувањето на федерација оди пополека како онаа народната мирна вода брег рони.
ЕУ е практично федерација, има свој парламент, свој претседател, свој суд до душа никој не ги ферма, но полека ќе стане со разни договори (како лисабонскиот) и кризи (како оваа последната)
 
Јас после референдумов едно мислам. Можеби и намерно референдум сакаа со цел Камерон да направи одредени отстапки и поголема власт и одговорност да им даде на Парламентот во Шкотска и плус поголема автономија. Толкаво кралство, толкава империја не се руши преку ноќ затоа и бев скептик околу резултатот. Етапно скала по скала со поголема автономија и надлежности на Парламентот (кој патем не постоеше 290 години но под притисок на Шкотските националисти се возобнови) за едно 20-30 години ако не сменат политика коренито Англичаниве према Шкотиве следен референдум во иднина ќе клапнат унионистиве. Како и да е и покрај неуспешниот рефередум од една страна пак Шкотскиве националисти се во плус. Ветено пред камери пред цела светска јавност дека ќе им се даде поголема автономија. Единствениот што ќе го јаде стапот од референдумов е Камерон кој е под притисок од неговите Ториевци поради големите остапки и ветувања со цел да се изгласа против независност.
 
Смешки сте вие што жалите за неуспешниот референдум на Шкотска.Во 21 век да се палиш на национализам и да одбереш отцепување од економски моќна земја,каде што ништо не ти фали треба да си ретардиран, што не е случај со Шкотите.Тоа го има само на проклетиов балкан,не за џабе сме црна дупка во светот,доволно е само да ги погледнете мислењата на одредени членови и ќе ви е јасно зошто сме бедни и никакви.Имавме една голема држава во која владееше братство и единство,каде на никој ништо не му фалеше,каде бевме еконоски и воено помоќни.А ние одбравме национализам,одбравме да се убиваме меѓусебно,да живееме во омраза,разделно во помали земји,посиромашни и понебезбедни.Шкотите докажаа што значи западно размислување,докажаа дека се паметна цивилизирана нација каде поважно е да живееш во благосостојба,него да живееш сиромашно заслепен од национализам.Нашле Македонци да се грижат за Шкотите,не се сеќирајте нивните деца не ги тепаат по автобуси,не ваѓаат бугарски пасош,не рмбаат по бродови колку да преживеат.
 
Нека се клањаат на бабата сеа :D
Пустец е сила, Пустец е моќ.
 
Све мислев дека ако Шкотите изгласаа независност ќе добиеја привремена референција Поранешна Британска Република Шкотска. :D
 
како што се потсмеваа на некоја ТВ,најдобро име ќе им биди: Former United Kingdom Republic или сккратено FUK Republic:pos:
 
Па да, но откако ќе ги прашаат дали сакаат во ЕУ или не, доколку граѓаните кажат ДА, во пракса тоа ќе биде последниот пат да бидат прашани за некое важно прашање, бидејќи сите избори и референдуми после тој референдум ќе бидат чисто само формалност, а не вистински избор.
Тоа е поредниот мит.Примери колкото сакаш можам да ти наведам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom