Освен Хелло-уто, да ви кажам и плус дека лицето шо е опседнато, може и да си зборува сам со себеси, ние ќе си помислиме дека нели, халуцинира и е луд, а всушност е опседнато и навистина ги гледа или ги слуша па си збори со нив. Го тераат на тоа. Го тераат лицето да зборува со нив, било кај и да е.
Да, има и такви случаи.
Beric Dandarion и остала багра, и после се прашувате оти ве фејспалмаме на темава?
LoL, не, не се прашувам. Напротив. Постојано потенцирам дека вашето мислење не ми е нешто посебно битно, а исто не ми е некој приоритет ти да ги знаеш или препознаваш разликите.
На крајот од краиштата, ако сам не ги бараш, не се големи шансите во животов да налеташ на таков случај.
Инаку за разликите и нешто повеќе за ваквите случаи, веќе имам пишувано и можеби некогаш, кога ќе почувствувам дека има потреба, пак ќе пишувам.
Тоа се само дел од причините зошто на некој како тебе не би му објаснувал. Остатокот од причините се практични:
Некој дојден од џунгла гледа дека палам светло и го гасам. За да му го објаснам целиот процес на таа активност (и реакција секако), би требало да му објаснам се околу електрицитет, струја, проводници, хидроцентрали, термоцентрали можда, материјали и нивни својства и многу физика, пазар, пари, систем на наплата и уште тон други работи. Но, тој нема предходни информации за да ги сфати правилно поимите со кои му ја објаснувам оваа работа, па ќе треба и уште подлабоко да му се објасни.
Зарем мислиш дека во моите очи си нешто посебно па сеа да тргнам од нула да ти објаснувам (затоа што за џабе ќе биде ако тргнам одозгора)?