- Член од
- 22 јули 2014
- Мислења
- 621
- Поени од реакции
- 766
Заразен сум со нордиските народи и култура...затоа и се интересирам да научам нешто повеќе за тие северни држави
Финската министерка за образование Хена Виркунен (38), има повод за среќа.
Нејзината земја е на челните позиции од пограмата за меѓународно отценување на учениците PISA.
Ова е разговор со г-ѓа Виркунен, која во учителите ја гледа основата за добриот успех на финските ученици.
Дали очекувавте да бидете едни од најдобрите?
Мислев дека, другите земји се пред нас. Но бев изненадена дека сме далеку по-напредни. Во последните години претежно земјите од Азија, инвестираат многу во образованието- а тоа се исплати. Во европа исто е направено многу. Резултатите од ПИЗА, се мерило на области, како читањето, природните науки, математика...кои се основни.Но, постојат многу нешта кои ПИЗА не ги истражува. Како среќата и задоволството на учениците.
Со исклучок на Финска, ниту една европска земја не успеа да најде место во првите редови. Таму се најдоа многу земји од Азија. Каков е проблемот во Европа?
Азија има многу по-различен пристрап кон учењето. Корејските ученици на пример, добиваат многу дополнителна помош во учењето од родителите и блиските, за разлика од финските.
Дали Европа треба да се стреми кон тој модел?
Образованието секогаш е многу национален проект. Ние имаме различни култури и навики. Во Финска, постои сосема различен систем од тој во Азија. Нашиот е многу близок до Германскиот...
Дали Финска може да биде модел за Европа?
Често кај нас доаѓаат гости од странство, да го разгледаат одблиску нашиот образовен систем, на-пример од богатите нафтени земји. Дури ме прашувале дали можат да се купат финските училишта. Но, едно училиште не-може да биде пресадено. Потребен е систем, кој е погоден за конкретно општество. Нашиот работи овде, никаде на друго место нема да биде толку добар. Но одредени идеи, можат да бидат копирани.
Кои се основните елементи на успехот?
Нај-добро нешто во нашиот образовен систем се добрите учители. Професијата е многу популарна, нај-талентираните матуранти сакаат да станат учители. Во други земји тоа не е така...Нашите учители се подготвени максимално и имаат многу слобода. Тие сами го одбираат методот на предавање и учебните материјали, според потребите на секој ученик.
Друга силна страна во нашиот систем е, што сите училишта се еднакви.
Како постојат еднакви услови во шумските предели на Лапландија и во големите градови?
Условите се различни...една четвртина од училиштата имаат помалку од 50 ученика. Нашиот систем е еднакво добар и во селските училишта, каде работат само по двајца учители...и во Хелсинки, каде има се повеќе и повеќе емигранти. Но главната причина е таа- благодарение на добрите учители, кои се многу флексибилни. Финските редители треба да бидат сигурни дека, училиштето до нив е нај-доброто. Ние предлагаме индивидуален пристап и грижа за секој ученик. Учителите често имаат свој помошник, кој ги мотивира по-слабите ученици. Идејата е, училиштето да се приспособи спрема секој ученик посебно.
Во што се разликува училишната политика на Финска од политката на другите земји?
Во моментот имаме многу широк консензус меѓу партиите, кога станува збор за образованието. Мали се разликите и во суштина не постои несогласување. Во други земји, при секоја смена на власта, се прават напори да се промени образовниот систем. Кај нас тоа не е така. Затоа учителите можат целосно да се псоветат на работата, зошто не треба постојано да се занимаваат со реформи.
Какви се проблемите на финските училишта?
Загрижувачко во истражувањето на ПИЗА, е што имаме лоши резултати во читањето. Ние сме на прво место сеуште, но младите не читаат како порано...
Што правите за да го промените ова?
Кога некој има проблем, тој треба да добие помош.Уште во прво и второ одделение, сите деца треба да добијат добри способности, за да имаат стабилна основа. Учителите и родителите треба повеќе да ги мотивираат децата да читаат, не само задолжителни книги.
Друг проблем со кој се судираме, е што нашите ученици не секогаш се чувствуваат удобно во училиште. Денес се сретнав со Данскиот министер за образование. Во Данска, резултатите од учење не се толку добри како нашите, но учениците се многу среќни. И ние би сакале да имаме од таа среќа во иднина...
Извор: goodnewsfinland.com
Ако истражите малку на нет, ќе приметите дека толку многу е напишано за тој модел на образование...ние се стремиме кон британскиот модел, мислам дека кога копираат нешта нашите “експерти“, незнаат од каде да крадат...
Повеќе, тука или тука....или тука.