Јас не гледам наводници, ти гледаш. Тоа всушност е тој концепт на ограниченост- неограниченост.
Зошто би ми сметал, конкретно, овој ред? Зима жртви (т.е. има жртвувања и убиства)?! Не. Дали општеството е загрозено кога тие се во близина? Читај им ги условните точки за влез во редот. Тогаш зошто би се противел?! Дали ми е нелогичен? Да. Дали според мене ова е нормално? Апсолутно. Но каде лежи проблемот, кај тебе!? Во само тоа што религијата или еве конкретно црквата ги клевети за ерес и сл. ОК. Тогаш прашање, каде била црквата во подемот за фашизмот? Колку свештеници биле фашисти? Нели тоа било/е олицетворие на злото? А пак до друга стана и многу страдале, како на пример поглаварот на СПЦ. Тоа е само општ пример, а ако не веруваш во истото, би можел со име и со презиме, на некоја друга тема да ти ги кажам тие свештеници кои го подржувале фашизмот или пак конкретно биле водачи на усташите, пример.
Но да не ја гушиме темава со нешта кои се пошироко поврзани со истата. Дали или не, еден ред, во нормално општество и услови би можел да се трансформира од (полу)таен во “јавен“. Знам дека во обратен случај би можело, со цел да се заштитат членовите во истиот.
И да го дефинирам, прашањето. Веќе ги прочитав оние пасуси во врска со општествените уредувања и политиките на државата, во еден од тие 3-4 општествени уредувања, дали би можел еден ред, конкретно овој, да се транспортира (преправи) или тој е креиран вечно да остане (полу)таен?