Пред некој ден (понеделникот 8-ми Септември) да не случајно си се враќал накај Скопје во попладневните/вечерните часови од правецот на Велес? Па не наплатната станица Отовица колоната за наплата беше 4-5 километри и се чекаше повеќе од саат. Слични работи летово и минатото лето имаше кај Кумановската патарина. Кој го пробал и доживеал тоа задоволство знае колку пцовки изговорил во тие 1-1,5 час.
Државичево ни е толку мало да дури и полукружно свртување да направиш веќенекаде си излегол на автопат. Незнам кои се тие луѓе што ги познаваш, веројатно пензионери над 75 години што не идат никаде надвор од градот..јас не познавам такви што немале потреба барем еднаш во месецот да појдат до Скопје (болница, школо, гости, утакмица, митинг, шопинг...), еднаш-двапати годишно до Охрид, до Прилеп на Пивофест и сл.
А дали можеби познаваш луѓе кои имаат потреба за движење но наместо по царскиот пат возат по козји патеки на пример по стариот пат кон Петровец, преку Арачиново и Умин Дол кон Куманово, по стариот пат преку Градско кога одат кон југ .... само и само за да избегнат патарина. Со тоа си ја загрозуваат и својата и туѓата безбедност на тие патчиња, ги оштетуваат возилата и сл. Тоа не би го правеле кога би имале годишно платена патарина. Впрочем сети се какво беше чувството кога користеше dial-up интернет и кога ти се броеја минутите и сега кога интернетот ти е платен па ако сакаш “вози ако не сакаш не мораш да возиш по автопатот“