Прашање за Христијанството III

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Zagubeno e znaenjeto i odredeni metodi potrebni za dobivanje pozitivni efekti..
Ќе ти објаснам само за ова.Православието е ''проeкт на создавање добри луѓе''.Целта на тој ''проект'' e и оние кои се учат да бидат добри и оние кои ги учат/создаваат истите да бидат наградени со Вечен живот за да бидат едни покрај други засекогаш,и уживаат во сите задоволства кои ги нуди тој живот.Чисто информативно,во Октривението за тоа како ќе живеат и каде оние кои ќе го наследат Вечниот живот,се вели дека ќе живеат во нов Ерусалим со огромни димензии а како тоа ќе изгледа пишува ,,Како што око не видело,како што уво не чуло,какво срце неможело ни да замисли,тоа го подготвува Бог за оние кои го љубат''.Значи ова е основната концепција на Православието.Библијата е учебник кој многу добро објаснува како се создаваат добри луѓе,како треба истите да живеат,како истите кога ќе пораснат и ќе бидат доволно зрели да формираат свое семејство.Она што е интересно за Православието и е најголема ''бенефиција'' е што ако човекот,живее според оние Закони кои ги дал Бог,со редовен пост,молење,тогаш Бог ДИРЕКТНО интервенира во животите на луѓето и нивните потреби.Такви има еден куп примери во Библијата па и во наше време.Сега овде некој глуп атеист ќе ме праша,па ајде еден таков што е нека му рече на Бог да удри гром и да видиме дали ќе удри.Тоа не функционира така,туку на друг начин,начин на кој оние кои имаат ,,духовни очи'' може да ја видат таа ,,интервенција''.Инаку и за тоа што реков дека Православието е ''проeкт на создавање добри луѓе'',сега некој ќе ме праша,па зошто меѓу Православните верници има такви злобници,расипници и слично.Затоа што они не ја разбираат оваа концепција,не го разбираат значењето на Православието кое го објаснив погоре.Они се Православни само кога ќе им треба.. остатокот од животот немаат допирни точки со тоа,и океј,нивно право.

Инаку ова го објаснив за сите да знаат :)[DOUBLEPOST=1410437959][/DOUBLEPOST]
Значи Господ Исус Христос се родил како бебе, морал да учи да оди, да пишува да зборува итн. Значи подоцна кога тој се спознал кој е и што е, и кога дошол врз него светиот дух тој ја почнал мисијата. Но тој исто така дал пример и си работел поштено и чесно. Не наплаќал ништо, ниту за своето учење. Тоа значи дека дека и денес црквата ако го следи неговото учење не треба да наплаќа за венчавки, погреби, крштевки кои коштаат многу скапо. Сето тоа треба да биде не материјално.

Првите христијани кои го слушале лично од него словото божје така и живееле. Сите работеле и се помагале меѓусебно. Значи живееле како во социјализам. Денес црквата има огромни имоти, огромен капитал што се коси со учењето христово.

Нека бидат ете и они лекари и сл. а не теолози. Исус не беше теолог, а столар. Бог не може да се студира, тој може само да се доживее доклку се следи она кое го пренеле пророците, а ниту пророците не ја вршеле својата функција како занимање.

За да биде некој божји гласник треба најпрвин да може јасно да го слуша Божјиот глас! Дали свештениците можат да го чујат гласот на Вечниот? Божјите гласници никогаш не биле свештениците туку пророците. А пророците и свештениците низ историјата а и денес никогаш не наоѓале заеднички јазик - тоа ти кажува многу! Твој слободен избор е кого ќе слушаш.
Во право си се што напиша.Треба да се плаќа бидејќи на прсти се бројат тие моќници и луѓе кои комплетно даваат свои пари за да изградат црква,со се олтар,иконостас,икони и цел друг инвентар и цртежи внатре.Ако не се плаќа за тоа што наброја,од што ќе живее тој свештеник таму,он нема дом во кој има струја,вода,телевизија,каде што јаде и пие,има семејство кое треба да го храни ? има.. од каде тогаш пари за нив? од каде пари за одржување на црквите?
Треба да се плаќа,но парите да се трошат за верата а не за џипови на Владици кои еден кошта од 60.000 евра нагоре,кога ќе дојдат и наредат еден позади друг мислиш Коза Ностра доаѓа.. јас со тоа не се сложувам.МПЦ има огромни финансиски средства,тие пари ем за верата може да се трошат,ем за свештенцитие за плати,ем ќе има и за сиромашните.Замисли каков грев и жал е за Господ кога ќе слушнеме нема дете некое 3.000 евра за операција во странство,или како онаа девојка што има требаа 150.000 евра што имаше леукамија.А 150.000 евра се ништо за МПЦ а не па ли 3.000 евра,нема ни да осетат дека ги дале..

Ова е одговорот на сите три пасуси што ги напиша.
@Ipsissimus му се гади до хомосексуалност исто како што и најмногу го радува кога човек покажува милост и хуманост.Човекот ги развил подеднакво гадните и добрите карактеристки и едните му се гадни на Бог а другите го прават радосен.Проблемот е што човекот ги користи повеќе овие другиве..
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Си се збркал нешто. Ај погледни пак. Во стихот не се користи зборот (ha)'adam туку (ha)'ish.

man, person, adult ; husband, spouse ; a man of ...., inhabitant of ...., from ... ; אישי - sir

Стихот:

14:16 רֹאֶיךָ אֵלֶיךָ יַשְׁגִּיחוּ אֵלֶיךָ יִתְבּוֹנָנוּ הֲזֶה הָאִישׁ מַרְגִּיז הָאָרֶץ מַרְעִישׁ מַמְלָכוֹת:
14:16 Оние што ќе те видат, ќе се загледадат во тебе, ќе си речат за тебе: тое ли е човекот, што земјата ја разнишуваше и царства потресуваше,

Всушност оригиналот е:...тоа ли е мажот што земјата ја разнишуваше и царства потресуваше,

или народски кажано: Tој ли се правеше петел што ја разнишуваше земјата и ги потресуваше царствата.
Не сум се збркал ништо, ангелите, архангелите, херувимите....немаат пол, претставени се како андрогени битија, така да ословување на херувим со маж во смисла на пол, е несоодветно, да неречам неуко.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
- Разликата меѓу литургиите од Светите Василиј и Златоуст не ја знам, ама мислам дека Изгрев ја објасни.
- Една литургија води еден свештеник. Можат да бидат присутни и други парохиски свештеници, но само еден од нив ја служи литургијата: барем така знам и тоа го гледам на литургија.
- Свештеникот и штецот (или хорот) практично „разговараат„ едни со други во текот од литургијата и ја надополнуваат службата како заедница помеѓу овосветовната и Небесната Црква. Пеењето кај луѓето, секогаш е поврзано со вознес на умот кон Небесата а не кон испразни песнопојки.
- Првата литургија е напишана од Св. Ап, Јаков, ми се чини наречен и „брат Господов„, односно еден од синовите од праведниот Јосиф, очувот Исусов.
- Црквата има 7 Свети Тајни: крштевање, миропомазание, брак, исповест, причест, маслосвет и свештенсто.
- Во Библијата е опишано „кршењето леб„, (види во Делата, 2.42), односно причеста, која е придружена со заедничарење, односно еден ран вид литургија.
- Исповеста е дадена лично од Господа: види во Јаков, 5.16., а поврзано со проштевањето на гревовите: види во Јован, 20.23.
Мики, предложив да бидат само првите три прашања за да не се изгуби и во динамика и во континуитет.
-Го спомна изгрев со неговиот одговор, но тој само кажа дека едното е 10дена во годината, а другото во останатите. Не е комплетно, зошто е тоа така? И која е разликата помеѓу тие две?
-Значи само еден, ОК(y)
-Комуникација, а? Хммм, Зошто е одбрана таквата комуникација? Што зборат? Зошто комуникацијата не е на ниво на зборови? Зошто е потребен тој вознес на умот на тој начин и кој го открил?

За другите во продолжение, нели?;)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
@Ipsissimus му се гади до хомосексуалност исто како што и најмногу го радува кога човек покажува милост и хуманост.Човекот ги развил подеднакво гадните и добрите карактеристки и едните му се гадни на Бог а другите го прават радосен.Проблемот е што човекот ги користи повеќе овие другиве..
Проблемот е што немаш капацитет да сватиш дека за некој што е креатор на се и истовремено се смета за совршен и безгрешен, бесмислено е за него да постојат нешта од кои ќе се гади, ќе ги смета за непотребни и слично. Ако се потекнува од него, тогаш и тоа од што се гади е од него, што значи со тоа индиректно докажува дека не е совршен и дека не е Бог.
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Проблемот е што немаш капацитет да сватиш дека за некој што е креатор на се и истовремено се смета за совршен и безгрешен, бесмислено е за него да постојат нешта од кои ќе се гади, ќе ги смета за непотребни и слично. Ако се потекнува од него, тогаш и тоа од што се гади е од него, што значи со тоа индиректно докажува дека не е совршен и дека не е Бог.
Немам ја капацитет ама немаш ти интелегенција да го резонираш тоа.Јас ти објаснив дека кога тоа би било негово дело а истото не би го програмиал во главата на човекот,Бог ќе беше позлобен и од Луцифер зошто не им дал можност на луѓето маж со маж а жена со жена да се дупат.Замисли за какви банални глупости овде секој ден го судите,а не па ли да не ја дал хомосексуалноста.Имаше цел свет да го плука како можел тоа да не го даде..
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Многу просто ти објаснувам, со оглед дека не ти се познати основните христијански премиси.
И постот е опфатен во контекст.
Дали разбираш?
Разбирам дека ти секогаш кога немаш аргумент, почнуваш да се вадиш на "интелектуалната карта", користејќи тешки фрази, со цел отсуството на суштина, да го замениш со изобилие на празна форма.[DOUBLEPOST=1410445415][/DOUBLEPOST]
Немам ја капацитет....
Точно.
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Разбирам дека ти секогаш кога немаш аргумент, почнуваш да се вадиш на "интелектуалната карта", користејќи тешки фрази, со цел отсуството на суштина, да го замениш со изобилие на празна форма.[DOUBLEPOST=1410445415][/DOUBLEPOST]
Точно.
Eте тоа сакам да го слушнам од тебе,ти и овој коприва,пардон кооператива може само да признавате дека сте за лаење и да цитирате она што само вас ви одговара.Јас ти дадов понуда дури стан да ти препишам ако ми дадеш само една добра причина зошто Бог би создал нешто од кое најмногу се гади,ти не ми даде одговор.Ете тоа пријателе тебе секогаш ќе те прави подоле од мене,НЕМОЖНОСТА ДА РЕЗОНИРАШ.Што не го цитираше тоа..
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Eте тоа сакам да го слушнам од тебе,ти и овој коприва,пардон кооператива може само да признавате дека сте за лаење и да цитирате она што само вас ви одговара.Јас ти дадов понуда дури стан да ти препишам ако ми дадеш само една добра причина зошто Бог би создал нешто од кое најмногу се гади,ти не ми даде одговор.Ете тоа пријателе тебе секогаш ќе те прави подоле од мене,НЕМОЖНОСТА ДА РЕЗОНИРАШ.Што не го цитираше тоа..
Имаш среќа што понудата не е ја направи на нотар, ќе ти земев цела зграда досега, не само еден стан.
Што сакаш подобра причина од фактот што ако се потекнува од тебе, тогаш и тоа што ќе го прогласиш за погрешно, непотребно или гнасно е пак од тебе! Можно е да си толку ограничен да не го разбираш ова?! Значи АЛОО, нели се потекнува од Бог, плус тој е безгрешен? Тогаш ако е безгрешен и се е од него, од кого е тоа што го прогласил за грешно, за непотребно?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614

A slobodnata volja kaj ti e u muabetov?

Toa sto ti mu go pisuvas ne e del od negoviot koncept.
 
Фала ограничен што конечно ја призна тезата која ја пишував овде дека се е од мене(од нив).Тоа за нотарот,ќе ти пишев мобилен и да се најдеме.Јас знам колку си ти лимитиран и дали може таков одговор да дадеш.Многу добро знам на овој форум со кого и во што да се кладам.Затоа што неможеш бев понуден во тоа да се кладам.
Фала што конечно призна.Чао пријатно.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
A slobodnata volja kaj ti e u muabetov?

Toa sto ti mu go pisuvas ne e del od negoviot koncept.
Пишав за слободната волја предходно. Таа е можност да одбереш од опциите што постојат. Можеш да имаш слободна волја да одбереш само три опции, можеш да имаш слободна волја да одбереш и милион опции. Ако Бог кој е креатор на се и е безгрешен, сметал дека нешто не треба да постои, можел таа опција да ја елиминира и да не постои како можност. Слободната волја не е аргумент за конкретниов дијалог во врска со перцепцијата за погрешно - исправно од една страна и тврдењето за безгрешност и креација на се од друга.
 
Последно уредено:

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Логиката е логика, или можеби за теистите 4+3 не е 7, туку само за атеистите?
Ti baras egzaktnost vo vakvi diskusii?

Te pozdravuva Ajvaz, ako odgovorot e da.

Teraj si ti i dalje, no ne gledam deka nekogo si uspeal da pomrdnes i mikrometar vo negoviot stav.

Mislam, ova tebe ti go kazuvam, bidejki si najseriozen, ili duri edinstven seriozen vo takvite obidi.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ti baras egzaktnost vo vakvi diskusii?

Te pozdravuva Ajvaz, ako odgovorot e da.

Teraj si ti i dalje, no ne gledam deka nekogo si uspeal da pomrdnes i mikrometar vo negoviot stav.

Mislam, ova tebe ti go kazuvam, bidejki si najseriozen, ili duri edinstven seriozen vo takvite obidi.
Мешаш баби и жаби.
Зошто се меша нешто кое нема егзактност за да се негираат заклучоци што се плод на егзактност?[DOUBLEPOST=1410447283][/DOUBLEPOST]
Грев ама ти си дрво едно она неизбрусено :D цело време се оправаш и на крај ме цитираш мене и тоа ми го даваш како одговор.Ако сум јас грев,се грижам дека нема дефиниција за тебе :) сепак да си живо ме насмеа,гледаш јас ти пружувам рака ти одма да ја каснеш..
:facepalm:[DOUBLEPOST=1410447655][/DOUBLEPOST]
Teraj si ti i dalje, no ne gledam deka nekogo si uspeal da pomrdnes i mikrometar vo negoviot stav.
Теши се.
 
Последно уредено:

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Разбирам дека ти секогаш кога немаш аргумент, почнуваш да се вадиш на "интелектуалната карта", користејќи тешки фрази, со цел отсуството на суштина, да го замениш со изобилие на празна форма.
Еве ти суштинско прашање, ТИ на Бог му велиш Не!, кој го вели тоа, Бог на Себе или ТИ Нему?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Мешаш баби и жаби.
Зошто се меша нешто кое нема егзактност за да се негираат заклучоци што се плод на егзактност?.
Na primer?

Ne mislis valda na pojavata na Ajvaz, koj bese spomenat vo mojot post, deka e egzaktna?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom