Lil Lamb
Сакам да се родам одново.
Имам 21 година, 22 уште малце. На мои 18 години кога се враќав од Матурска, доживеав собраќајна несреќа, па одтогаш не излегувам од дома. Гневна сум и очајна, му раскинав на дечко ми преку телефон, тој е од Куманово, па не знае дека сум со преполовена кичма и без моите две нозе. Не сакав да ме сожалува па да остане со мене, првите месеци,(можеби и немаше да остане, но ете така си претпоставувам) пошто после тоа првите месеци посекако ќе ми раскинел. Од што ширам негативна енергија во надворешниот, а и во виртуелниов свет наоколу, дури никој и не ме сака.
Можам да ги разберам луѓето. А можете ли вие мене?
Сакам да прашам дали има некој овде на Кајгана, што не се срами од својот инвалидитет, што може јавно да си каже како се чувствува, како се крши душата на милиони парчиња ко огледало...
Како се справува... Пошто многу е тешко... Тешко е да те гледаат луѓето со други очи,
некои со сожалувачки, кому како иде.
Не се допишувам со никого, стравувам од тоа кога ќе дознаат за мене која сум, дека можеби ќе си помислат дека џабе само губеле време и саати...
Дури и сеа си помислувам на тоа што ако некој ми го препознае ракописот, со тие што се допишував некад... Но во ред, има и нешто позитивно во целата оваа работа, нема да морам никогаш да станам од својата количка и да работам.

Интересни смајлиња.