Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
4-1 моментално за Барса Б против Сарагоса а е 70'. Донгу две голчиња, а колку брзо го заборавивме. Го фалеа дека бил подобар од Меси кога биле на 16 годишна возраст, само да ве потсетам дека и тој е премлад - April 22, 1995. Плус Адама, Мунир, Сандро :icon_lol: Боли глава.[DOUBLEPOST=1410116561][/DOUBLEPOST]https://vine.co/v/OzaDE73160L

:drk::drk::drk:

Серхи Сампер при крај на утакмица ова.
 
Последно уредено од модератор:
Кој е Даворче?
Аааааах времиња...уште има кошмари од голот на Иниеста.
Фан на Челзи, напна за таа утакмица, ама не си свесен тоа колку...
 
@Lu5 како само ме потсети на овој пост кој што сега гледам дека сум погодил многу нешта пред финалето во 2011. :D

Се ближи моментот....

Се мислам кај да го гледам натпреварот...во центарот на градот или дома,мислам ќе биде многу стресен натпревар уфф :)

Мислам дека ќе играме претпазливо но сепак очекувам да напаѓаме повеќе од Манчестер додека е 0-0.
Ако дадеме рано гол тогаш ќе гледаме исто сценарио како во 2009.Но интересно ќе биде ние да примиме први гол...е тогаш ќе гледаме возбудлив...превозбудлив натпревар,ќе треба да дадеме гол а истовремено да се пазиме од брзите контри на Манчестер.

На психолошки план нашите се максимално подготвени,се знае виновен за тоа е Пеп,но исто така на другата страна имаме мотивиран противник кои бараат одмазда,но ако играме паметно тогаш пехарот ќе го видиме во Каталуња.
Единствено што ме плаши е нереализирањето на шансите,бидејќи се знае во финале нема многу шанси па затоа се молам да не биде Виља тој што ќе излезе прв на гол шанса,подобро според мене би било Педро да ја има првата шанса за гол,шутира убиствено,но Меси ќе ја реши утре...според изјавата дека ќе го игра овој меч како да му е последен очекувам дека ќе блесне,но против таквите горили во одбраната на противникот не треба да се оди на претеран дриблинг пошто изгубена топка може да биде многу ризична бидејќи Манчестер е тим кој многу брзо создава шанси.
Утре Чави и Иниеста треба да бидат во елемент па тогаш ќе извојуваме лесна победа :)

Стресно ќе биде така да ќе има многу нервози но без оглед кој ќе победи треба да си честитаме еден на друг.

- Еуфоријата во тоа време ми беше уште поголема бидејќи преку ден ја славев титулата на Шкендија.
- Натпреварот го гледав дома, како и секој важен меч на Барса. Едноставно сакам на мира да ги гледам тие натпревари, сакам да видам се што се случува.
- Рано го дадовме првиот гол и победата беше рутинска, иако Јунајтед ни израмни.
- Педро го даде првиот гол :cool:
- Но Меси го реши натпреварот со голот за водство за 2:1 :cool:
 
- Натпреварот го гледав дома, како и секој важен меч на Барса. Едноставно сакам на мира да ги гледам тие натпревари, сакам да видам се што се случува.
Исто. :)
 
^ Исто и јас. Дури и мечевите против екипи како Елче, Расинг и остали од тој калибар претпочитам сам да ги гледам, ретко со друштво, за битните утакмици само сам, ни друштво ни мојте ни никој, скрос само јас у соба и никој друг тие 90 минути.
Се десило два три пати со друштво да гледам Ел Класико, али не ми е тоа тоа, што вика Тони, сакам во мир да бидам опкружен гледајки ги тие битни натпревари, буквално све да видам што се случува на теренот.
 
Кога гледам во друштво, или ќе пропуштам 40% од натпреварот, или само јас од цело друштво ќе се задлабочам во телевизорот и сум изолиран од сите муабети(почесто е второво :D).
 
И јас најдобро е кога сам ги гледам натпреварите. Единственото Класико кое го имам гледано во кладилница беше она кога Тито беше на кормилото, кога заврши 2-2. Кога Меси постигна гол од слободен, почнав на цел глас да се дерам..Лошото во цела ситуација беше што беше преполно со навивачи на Реал веднаш се упатија кон мене.Сите беа над 30 години.. Можеби 10-11 ги имаше, ќе изедев добар ќотек тој ден :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom