Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
ај да те поправам малку успат ке дадам неколку податоци... јас сум окорели фан на волво одсекогаш. порано не ми беше достапно да поседувам волво, па ги возев браќата на волво т.е. рено... сега кога можам, имам веке волво кај мене, и не ми е прво...Може некој да каже ако знае дали електрониката на Волво е нивна или користат од некој друг производител. Знам дека моторите не се нивни ама не знам за електрониката.
ај да те поправам малку успат ке дадам неколку податоци... јас сум окорели фан на волво одсекогаш. порано не ми беше достапно да поседувам волво, па ги возев браќата на волво т.е. рено... сега кога можам, имам веке волво кај мене, и не ми е прво...
значи, основна грешка и мислење е дека волво нема свои мотори... вистината е:
-сите бензински мотори со 4 цилиндри се на рено
-сите бензински мотори со 5 и 6 цилиндри се на волво
-повекето дизели со 4 и5 цилиндри се на ауди но има и на волво.
-сите дизели со 6 цилиндри се на волво.
истата комбинација, по исти распоред е и за моторите вградени во рено.
машина на волво, бензинец, руши рекорди во пројдени километри. моето претходно волво (возам многу километри) го продадов со 760.000 километри пројдени, со основна постава на мотор, без да биде воопшто отворен. човекот што го купи сеуште го вози, и во моментов има пројдено преку 800.000 километри...
ЕЛЕКТРОНИКИТЕ... ниедно возило нема електроника од свое производство. за тоа постојат фирми кои се бават со производство на истата. во волво, конкретно, 95% од соработката е со бош. меѓу другото и серво пумпите и електрониките за низ се на бош. и за автоматските менувачи исто е бош.
понатака.. ПОТРОШУВАЧКА кај волво... кој побогу ви кажа дека волво многу троши? не троши ништо повеке од друго возило во таа класа, а волво секогаш било во погорните класи...
ОДРЖУВАЊЕ, не е ништо поскапо од возилата во таа класа... тврдам, гарантирам и со 2 раце подпишувам... до пред некоја година беше малку потешко за делови да се најдат, но сега веке има колку сакаш и што сакаш...
инаку, за да ви покажам кој фан сум на волво, имам отворено тема повелете прочитајте ја темава за ВОЛВО на друг форум, автомобилски форум.
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7823.0.html
и за крај 2 слики од моите 2 лепотани. само 2 се вакви во државава. V70 има повеке и тоа ги има стварно доста, но бело немаше. па прво беше едно, и беше мое. кога се појави второто, увезено од швајцарија, едноставно морав да го имам и тоа... и така ги имав и двете.. во мегувреме го продадов првото...
![]()
![]()
друже... делови има. и ако некој е по специфичен, ги носат од грција-бугарија. не само за волво, туку за сите возила, специфичните делови ги нема кај нас. она што е потрошен материјал го има.@onak
Доколку се разбираш доста од волво би ти бил благодарен да ми помогнеш околу некои работи. Волво многу ми прави мерак како кола вожњата исто така и изгледот на самата кола поточно на V40. Што ми е прашањето? Колку троши оваа кола, како стои со цените во мкд за делови поконкретно ако можеш да ми кажеш за кои делови колку пари се. Исто така дали има доста делови во мкд за нив.
Фала ти.
Фала ти другар, во брзо време планирам да си купам кола а се повеќе сум насочен кон Волво v40друже... делови има. и ако некој е по специфичен, ги носат од грција-бугарија. не само за волво, туку за сите возила, специфичните делови ги нема кај нас. она што е потрошен материјал го има.
околу потрошњата... многу пати зборев дека зависи како ке возиш. дали ке бидеш “баба зад волан“ или ке бидеш “спортски возач“ или пак ке возиш нормално... понатака во голема мера зависи и кој мотор ке го има возилото, дали ке биде дизел или бензин, дали ке биде турбаш или не... сето тоа донесува до една потрошувачка која сам ке ја кажеш... ако си заљубен во волво, не прашувај за потрошња, туку купи си едно и кога ке купуваш гледај му ја исправноста а не потрошњата.. потрошњата е таа што е и неможеш многу да ја смениш...
а мајстор за волво имаш во аеродорм, спроти жуц училиштето, сервис мехатроника, самоил се вика газдата, слободно кој и да иде кај него нека се повика во мое име, (алек со парно што работи) нека каже дека јас сум го препорачал и ке добие малку повеке внимание и веројатно поустче некое... човекот набавува и делови и средува се што е по прашање волво...