Властодршците против штрајкови и протести

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во земја каде синдикатот и сојуз на стопанственици ги поздравуваат сите мерки на владата нема штрајк.
Впрочем најпопуларната изјава за 1 Мај дојде од синдикатот на Македонија : Немаме за што да протестираме.
Таа изјава беше циркус
Слична изјава имам слушнато од еден судија на Уставен
Го прашуваат зошто сега е намален број на предметите во Уставен, а тој одговара - сега законите кои ги донесува власта се во согласност со Уставот и нема потреба да се жалат граѓаните
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.897
Поени од реакции
83.091
Граѓаните нема потреба да се жалат на уставен, затоа што власта ги донесува законите во согласност со уставот. Синдикатите немаат за што да протестираат, а децата ни се најсреќни во светот.
Народот македонски сепак бега од земјава. Прилично глупаво од негова страна.
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940

Ај бе не шири дезинформации! Народот македонски бега од земјава за да стекне искуство и потоа трчајќи да се врати со искуство. Така кажаа вчера на вести.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.897
Поени од реакции
83.091
Ај бе не шири дезинформации! Народот македонски бега од земјава за потоа трчајќи да се врати со искуство. Така кажаа вчера на вести.
Ја па мислев дека бега под влијание на антимакедонската пропаганда, која го лаже дека тука било лошо, а таму нормално.
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Ја па мислев дека бега под влијание на антимакедонската пропаганда, која го лаже дека тука било лошо, а таму нормално.
Се е тоа џабе. Ниту една антимакедонската пропаганда не може со песната на Тајзи и сличните на него! "Плати мали, но душа топла" па како да бегаш бе!
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.159
Поени од реакции
18.172
Наставниците и професорите земаат и повеќе од што заслужуваат. Не ги обвинувам конкретно нив за хаосот во образованито, затоа што сепак нив некој ги поставува на тие места, но се оглед на тоа што 80% се некомпетентни за работа дефинитивно платите им се супер, дури и повеќе.

Е сега би ги разбрал овие учителкиве ако протестираат за работата, поточно за документацијата која им е наметната дека треба да ја водат. Пренатрупани се со глупости и различни евиденции, што сигурно без врска им одзема дел од времето. Ваков протест би разбрал.

Инаку за оние кои не знаат, професорите во средно (па и основно оние со високо образование што се од 6 до 9 одд.) земаат некаде основна плата од 22 000 денари + после 5тата година од стажот им се пресметува минат труд по половина % за година и плус хранарина некаде 1500-2000 денари месечно. Згора на тоа ако не се од местото каде што предаваат, им се плаќа и патот и тоа реално повеќе од потребното.

Значи професор во средно кој има 20 години работен стаж, зема некаде околу 25 000 денари месечно.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.507
Ако, нека протестираат, да видиме што ќе направат. Иначе стварно незнам зошто протестираат.... за поголема плата ли?....., за подобри услови ли?.......... за подобри права ли?................, ако е за тоа би ги оставил да штрајкуваат до бескрај.
Додека пуштаат да завршуваат деца со врски, а други да се измачуваат учејќи..., додека им попуштаат и им дозволуваат на секакви сељачиња од ученици да имаат дебилно понашање и да владеат....., додека се вработуваат со врски и без никакво знаење..........., нека тера она што моментално тера:)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Значи професор во средно кој има 20 години работен стаж, зема некаде околу 25 000 денари месечно.
Jас мислам дека зимаат повеќе.
Ако навистина, со стаж од 20 години, земаат по 25 илјади, тогаш зимаат стварно многу малку
25 илјади е плата која ја зимаат зонашите, кои дремат по паркизиве и ставаат лисици
Дали си сигурен дека платите им се само 25 илјади?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве пример кој покажува дека опозиционите политички парти се вклучувале во подршка на штрајковите
http://en.wikipedia.org/wiki/UK_miners'_strike_(1984–85)
Ова е најголем штрајк на рударите во Англија низ историјата
Штрајкот бил подржан од цела Лабуристичка партија и голем дел на Конзевативната партија која тогаш била на власт, со владата на Маргарет Тачер
Маргарет Тачер победила во овој штрајк
Тактиката која ја користела била со штрајкбрехери, со стопирање на платите на рударите, ги оставила рударите и нивните семејства без храна, струја, затоплување и огрев, со апсења - вкупно се уапсени речиси 12 илјади рудари, од кој речиси 9 илјади се осудени, Со апсење и поткупување на предводниците на штрајкот. Со манипулации преку медијумите
Иако Маргарет Тачер победила, тој штрајк оставил силни последици
Еве на 18 март 2014, ќе се одржи референдум за одвојување на Шкотска од В. Британија
 
Член од
26 април 2012
Мислења
205
Поени од реакции
123
Наставниците и професорите земаат и повеќе од што заслужуваат. Не ги обвинувам конкретно нив за хаосот во образованито, затоа што сепак нив некој ги поставува на тие места, но се оглед на тоа што 80% се некомпетентни за работа дефинитивно платите им се супер, дури и повеќе.

Е сега би ги разбрал овие учителкиве ако протестираат за работата, поточно за документацијата која им е наметната дека треба да ја водат. Пренатрупани се со глупости и различни евиденции, што сигурно без врска им одзема дел од времето. Ваков протест би разбрал.

Инаку за оние кои не знаат, професорите во средно (па и основно оние со високо образование што се од 6 до 9 одд.) земаат некаде основна плата од 22 000 денари + после 5тата година од стажот им се пресметува минат труд по половина % за година и плус хранарина некаде 1500-2000 денари месечно. Згора на тоа ако не се од местото каде што предаваат, им се плаќа и патот и тоа реално повеќе од потребното.

Значи професор во средно кој има 20 години работен стаж, зема некаде околу 25 000 денари месечно.
да ама забораваш да кажеш дека за таа плата требе да имаш полн фонд часови 20. Околу 40 % можеби и повеќе немаат и никогаш ќе немаат полн фонд, посебно во помалите места. Плус професорите по двегодишните предмети (биологија. хемија и другите) во најголем дел може да сонуваат за полн фонд и таа плата. Реалната плата за скоро пола професори во образованието се движи од 1,800 па негде до 11,000 денари.
Јас предавам во приватно (да не се секираш дека од твои пари ме плаќаат :)) скоро сите не водат хонорарно, земам 5,300 месечно и јануари, јуни, јули и август не не плаќаат зошто нема часови и скоро сите мора да имаме и втори работи најчесто рецепционери, маркети, дистрибутери и др. Па ако толку мислиш дека ни е супер може во секој момент да се смениме со работите
 
G

Gricko_

Гостин
Jас мислам дека зимаат повеќе.
Ако навистина, со стаж од 20 години, земаат по 25 илјади, тогаш зимаат стварно многу малку
25 илјади е плата која ја зимаат зонашите, кои дремат по паркизиве и ставаат лисици
Дали си сигурен дека платите им се само 25 илјади?
Толку земаат. Во основно предава татко ми со 34 години стаж, од 5то до 8мо, бруто плата е 35 300. Со сите давачки, пензиско, здравствено, нето е 23 900. За средно не знам.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Толку земаат. Во основно предава татко ми со 34 години стаж, од 5то до 8мо, бруто плата е 35 300. Со сите давачки, пензиско, здравствено, нето е 23 900. За средно не знам.
Тогаш е стварно срамно малку
Еден неписмен зонаш, полукриминалец, кој дреме цел ден по клупите околу паркинзиве, ништо не работи освен што става лисици и се кара со мене, зема повеќе од твојот Татко.
Учителиве требеле порано да организираат штрајк
Само Градот ги „ субвенционира “ зонашите со милион и пол евра годишно.
Срамота..Резилаци...
Имаат пари за зонашите а немаат за учителите
Да му кажеш на Татко ти да бараат 100% покачување на платите
А ние сите ги подржуваме
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889

Jas ne gi podrzuvam. na kogo ne mu se svigja moze slobodno da si dade otkaz. Iljadnici iljadnici cekaat sansa da gi zamenat.
Jas site rabotni mesta vo javniot sektor bi gi dal na licitacija. se pocnuva od segasnite plati i se licitira nadole.Toj so e spremen da raboti za najmala plata toj ke si go izlicitira i dobie rabotnoto mesto
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Jas ne gi podrzuvam. na kogo ne mu se svigja moze slobodno da si dade otkaz. Iljadnici iljadnici cekaat sansa da gi zamenat.
Jas site rabotni mesta vo javniot sektor bi gi dal na licitacija. se pocnuva od segasnite plati i se licitira nadole.Toj so e spremen da raboti za najmala plata toj ke si go izlicitira i dobie rabotnoto mesto
Ии да си ибеш векот, абе мозок од ушите ти тече.
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.159
Поени од реакции
18.172
да ама забораваш да кажеш дека за таа плата требе да имаш полн фонд часови 20. Околу 40 % можеби и повеќе немаат и никогаш ќе немаат полн фонд, посебно во помалите места. Плус професорите по двегодишните предмети (биологија. хемија и другите) во најголем дел може да сонуваат за полн фонд и таа плата. Реалната плата за скоро пола професори во образованието се движи од 1,800 па негде до 11,000 денари.
Јас предавам во приватно (да не се секираш дека од твои пари ме плаќаат :)) скоро сите не водат хонорарно, земам 5,300 месечно и јануари, јуни, јули и август не не плаќаат зошто нема часови и скоро сите мора да имаме и втори работи најчесто рецепционери, маркети, дистрибутери и др. Па ако толку мислиш дека ни е супер може во секој момент да се смениме со работите
Се разбира дека зборувам за оние со полн фонд часови. Не заборавај дека еден школски час трае 40-45 минути, што значи дека просечно еден професор/наставник со полн фонд часови работи 200 минути дневно + одморите, ајде ќе заокружиме на 240 минути што значи 4 часа. Ова е пола работно време за секој вработен во приватниот сектор, не заборавајќи дека таму и викенди се работи често, ако не повеќе барем сабота. Значи за работното време нема што да се приговори, затоа што е многу помалку од просечното.

Инаку за тоа дека реалната плата е до 11 000 денари и самиот знаеш дека е глупост. Покрај тоа овде зборуваме за државното образование, не за приватните школи, кои постојат само за изучување странски јазици и евентуално математика. Ептен малку се регуларни приватни средни училишта во Македонија.

Супер им е на наставниците, не заради друго, туку заради тоа што и таа работа на 80% од нив им е многу. Кога условите за работа како наставник/професор ќе бидат построги и кога ќе се вработуваат по квалитет, по работно искуство(ова посебно за стручните средни училишта), по среден успех на факултет од најмалку да речеме 8.00 дури тогаш ќе имаат право да бараат и по 40 000 месечно. Јас ќе сум прв кој ќе ги подржи.
Но во моментални услови кога единствено се бара диплома и политичка "согласност" со локалната самоуправа под кое е училиштето, до тогаш и тие 25 000 денари за полн фонд часови се повеќе од доволно. Па некој од префосерите без таа работа нема да бидат способни и леб да вадат од едноставна причина што за некои и читањето е тешка работа.

Инаку, ако тебе не ти се допаѓа работата напушти ја. Високо образован си штом предаваш, излези и снајди се подобро од таа социјална помош што ја земаш како плата. Ако не успееш овде, обиди се надвор. Не знам како поинаку да ти помогнам и освен тоа чудно ми е што сакаш со мене да се смениш, не знаејќи што и како работам јас и колку заработувам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom