Ај да си ја кажам и јас маката овде на Кајгана љубовен психолог.
И ве молам без тролање, разбирам на некој можеби му е смешно ама сепак обидете се да се воздржите и ако не барем ставете се на туѓо место малце.. Знаете како велат, секој човек различна болка.. На некој тоа можеби му е чудно и тешко а пак за некој друг тоа е обична глупости.. значи муабетот ми е сакам искрени одговори без тролање..
Јас знам да делам совети експерт сум уште диплома ми фали ама кога доаѓа ред на моите проблеми е тогаш се ми е каша попара.
Ај да не го тупам многу туку да почнам..
(Знам дека одма ќе прашате, девојче колкава си еве ќе ви кажам 19 имам и дотичниот за кој ќе расправам исто така)
Се запознавме што се запознавме, излеговме да се запознаеме уште подобро нели во живо како што е редот, на кафе и тоа.. Детето паметно се океј.. или барем така мене ми изгледаше или ми се претставуваше.. Не е некој шарлатан, туку онака како и секое машко.. сака да си се прави кој сум јас на моменти.. Не е женкар иначе, немал женска до сега.. само неколку мувања.
Уште од одма имаше хемија, значи исти вкусови, мислења, баш сродни души
Што е реткост кај мене пошто многу ми е битно да се согласувам т.е. да имам исти интереси со некој од спротивниот пол со кој би сакала нешто повеќе. З
Одма ме праша на што сме, јас изреагирав онака искулирано како да ми е сеедно.. Баш глупо од моја страна али јебига.
Тој возврати дека најдобро е за почеток да биде опуштено за да се запознаеме уште подобро.
Теравме така некое време, немаше никакви проблеми.. Јас се понашав искулирано, не сум тип кој досаѓа многу затоа и не го барав тој ме бараше најчесто.. Се дешаваше и јас да пишам понекогаш еднаш два пати ама ретко. Одеше накај подобро, дискусиите не ни беа празни муабети туку си разговаравме како другари за се и сешто..
А пак другарите од негова страна, и од моја исто така сите знаеа за нас само што не беше јавно нели.. Се деси што се деси, типот одеднаш исчезна, пуф, абракадабра.. Ни да се јави ни да пиши, го побарав.. се океј нормален муабет, го сретнав неколку пати пак муабет нормален.. Немаше ладен однос, ништо од тоа..
И после пак истото, испари.. го снема. Другарките ме с'скаја.. побарај го пак види што е работата.. А мене ич не ми се праеше ќефот, не барам машко прва па светот да се руши, јас со женска гордост до небо крената.. ама пустото ме пецкаше сакав да дознаам што е работата таква сум по природа љубопитна дури не откријам кај лежи змијата не се откажувам.. И пак истото го направив си реков ебате гордост, и муабет запре на тоа дека имал проблеми, па те јас сум била крива оти сум го игнорирала, па си викам ти игнор и јас игнор (во себе ова нормално). Али ајде..
После тоа стагнирање, ништо ново..
Си излегував си шетав за да заборавам некое време со едно дете одамна ми се пушташе, онака чисто другарски од моја страна ама од негова изгледаше очигледно како да има нешто меѓу нас, таков си беше тој навалуваше многу, и овој (бившиот ќе го речам) кога не виде се здрви.
Го среќавам често се движиме на горе долу исти места, стално поглед фрла.. ама на тоа останува.
За друга да има чисто сумјам, не е некој да се онесвестиш од убавина.. Скоро и незаприметлив.
Каде пропадна хемијата сеуште не ми е јасно.. Барем да одговор да имаше некаков..
А ќе речам не е таков тип да си игра топло ладно, пошто сум била со таков и знам убаво што е некој да те заебава .
За овој конкретно немам никаква дијагноза, зачудена сум..
Ајде психолози напаѓајте