Nie go imame stolot ama vas naskut ke ve sedneme!
Го знаеме добро вашиот стол:
Пари за џихадистите на „ИД“ стигнуваат и од Македонија
0
Албанското обвинителство за тешки кривични дела ги верификува приходите на семејствата на уапсените лица обвинети за регрутирање албански џихадисти. Меѓу нив има и Албанци од Македонија и од Kосово чиј идентитет, како што се наведува, е познат на истражните органи.
Во досието стои дека двајцата самопрогласени имами, Генц Бала и Бујар Хиса, биле лица за контакт за финансирање разни трошоци за борците што заминувале во Сирија. Меѓу осомничените е и жител на Елбасан, познат под името Ебу Усејд. Тој имал неколку бизниси во Тирана и во Елбасан, но не е единствен кој ги плаќал трошоците за патувањето кон Сирија. Дел од финансиерите во оваа мрежа се и неколку државјани на Македонија и на Kосово, пишува
Дневник.
„Имаме силни докази дека за упатување доброволци-Албанци во Сирија лицата Бујар Хиса и Генц Бала соработувале со други екстремисти од Албанија и регионот на Балканот, главно државјани на Kосово, како и Албанци од Македонија“, стои во досието, чии делови вчера цитираше ТВ АБЦ њус, а потоа истото го пренесоа и други албански медиуми.
Според Обвинителството, освен трошоците за заминување за Сирија, на џихадистите пред заминување им биле намирувани и долговите што ги имале.
За семејства по 500 евра
Во повеќе случаи и Генц Пашја, кој беше уапсен на тиранскиот аеродром, исплатил поголеми суми пари за добивање пасоши на поединци и цели семејства на џихадистите кои заминувале за Сирија.
Се очекува од анализата која им се прави на банките целосно да се расветлат банкарските сметки и начинот на финансирање на мрежата. Според медиумите, јавна тајна е дека лицата што пуштаат долги бради и носат потскратени панталони, како и забулени жени, добиваат и месечен паричен надоместок, чиј минимален износ за семејство наводно изнесувал 500 евра. Оние што вршат пропаганда во полза на светата војна и џихадот добиваат и по три пати повисок износ месечно.
Парите стасувале десет години
Kако што е познато, во март годинава албанската полиција почна со разоткривањето на мрежата за регрутирање на доброволците за радикални исламистички групи, а преку која дотогаш биле испратени 90 Албанци во Сирија и во Ирак. Главното лице во овие финансиски движења е самопрогласениот имам на џамијата од селото Мезез, Бујар Хиса, кој извршил големи трансфери во последните десет години. Најголемите трансфери се извршени во 2005/2006 година кога имамот примил многу пари од странство и во неколку наврати од својата сметка повлекол суми од 40 до 60 илјади евра. Се наведува дека тие доаѓале од странство и дека подоцна, најверојатно, биле употребени за изградба на џамии во Мезез и во Тирана од каде што подоцна се повикувало на учество во војната во Сирија. Сомнителни сметки имал и самопрогласениот имам Генци Бала, а во улога на финансиер се споменува и Венди Морава, кој дејствувал со неколку банкарски сметки во и надвор од Албанија. Главните сомнежи се дека извор на финансиите биле гранки на организацијата Ал Нусра.
Подоцна е откриено дека во градот Либражд постојат и 20-ина џамии кои не ~ се познати на муслиманската заедница.
Истрагите што ги врши албанската полиција во врска со регрутирањето Албанци во војната во Сирија покажаа дека муслиманите заминувале во оваа земја на два начина. Едниот е со авион од Тирана или од Приштина до Турција, а другиот е преку копно од Тирана до Подградец, преку Македонија и Бугарија до Турција. Откако пристигнувале во Турција, Албанците биле пречекувани од соработници на самопрогласените имами, како Герти Пашја, познат под верското име Ебу Муџахиди, кој наводно е имам во кампот каде што се регрутираат Албанците што завршуваат во Сирија. По вежбите, тие оделе во Алепо, каде што се делеле во две групи, едната раководена од поранешниот имам на џамијата од Лешница во Подградец, Аљмир Даци, а другата под раководство на турски емир. Заменик-командант на оваа група е Зеид Ал Албани од Елбасан.[DOUBLEPOST=1409751765][/DOUBLEPOST]
Ruskata cizma samo saka da lae dodeka svetot znae mnogu dobro koj e najpoznatiot brend.
Абе, ќе протестирате пред
босанска амбасада?