INDIJANEC123
Женкар, Илуватар
Па тоа сакам да кажам значи НАТО дозволи една членка да и земе територија на друга членка значи меѓу нив нема заштита и правила[DOUBLEPOST=1409812358][/DOUBLEPOST]Турција е во НАТО од 1952.
Мое мислење е дека баш тие ресурси се трн во окото на САД тоа им е крајната цел.По се изгледа Порошенко нема моќ да ги победи бунтовниците на истокот на земјата и тоа најверојатно ќе значи најголемата победа на Русија над Западот (читај САД) во последните неколку години.
Доколку ова се случи, ова ќе биде последната во низата победи над САД. Грузија, антиракетниот штит, Јужен и Северен поток, Сирија, се само дел од настаните во кои Русија е на позитивната страна од исходот. Кој би рекол пред само 15тина години дека Русија ќе му врзува вакви шлаканици на САД...
Јас би рекол дека текот на настаните е сосема природен, имајќи предвид што се наследи Русија од СССР, како и огромните ресурси што и се на располагање, кои во иднина (а и сега) ќе се користат за наметнување на влијание во светот. Крајно е едноставно, доколку некоја држава влезе во развој (или веќе е развиена) има потреба од енергенси доколку сака да продолжи да ја развива економијата. Што поефтини тоа подобро. Во иднина, покрај Европа, голема потреба од енергенси ќе има и далечниот исток (Ј.Кореја, Кина, Тајван, Виетнам итн) каде Русија има добри предиспозиции за снабдување со истите.
Може да се очекува со голема веројатност дека моќта на Русија во светот ќе продолжи да расте.
Последно уредено:

[DOUBLEPOST=1409818958][/DOUBLEPOST]

