Првиот ден во средно

  • Креатор на темата Креатор на темата Matt Bevilaqua
  • Време на започнување Време на започнување
Незнаев никој претходно баш во мојот клас, од 36 души сите ми беа непознати, уште прв ден се упознав со некои од соучениците.

Ми недостига тој период од средно кога немаш никакви грижи :(
Ne se vika dzabe uzivaj do deka mozes oti posle ne znaes so te ceka :D
I bas e taka sea sedes so diploma u raka I kucas na kajgana, all day.
 
Јас пак не бев изгубен Германец на првиот ден од средно. :D
Мислев да му речам на татко ми да заѕвони на некој број и да ми средат да бидам со кој сакам, но се премислив и испадна дека сум направил добра одлука. Првиот ден беше супер, се паднав во клас во кој имав само 1 другар што ми беше школски од 1 до 8 одд, седнав со него ама после 2 месеци тој се премести машинска струка и потоа 2 год седев опколен со пичиња. 50% ги знаев од основно а другите 50% беа фаци прв пат у живот што ги гледам. Стандард како за прв ден, запознавање со класната, со некои професори, си ги кажавме имињата по едно 15-16 пати... :D. И можам да се пофалам дека стекнав одлични пријателства, не само за во школо, туку и надвор од него. Со некои од нив поминав цело лето по базен, кафиќи, дискотеки и на многу матни места. Можеби најубав период од животот. :P
 
Вие сте супер бе што сте познавале барем еден, јас да видите кога ојдов апсулутно ниту еден не познавав :icon_lol:
Ама тоа ти е кај мене има школо јас ќе одам на друго место да учам, и тоа ни договорен со други другари ништо сам, ама нема проблем со тек на време ќе се навникнат и они на тебе и ти на нив :D
 
глеам сте расприкажале па да додадам, јас бев во ЈБТ во периодот Снеже кога беше директорка, тие што учеле таму знаат @Crazy in Love @Донев :icon_lol: и школово тие 4 години беше анархија права, така да по читање во хол кој во кој клас е, класниот час час траеше пола саат. Не беше класниот тупаџија некој пошо нејќам такви луѓе али по цел престој у средно не памтам еднаш да се исполни неделниот фонд од 31-32 часа, колку беше, Снеже легенда... :LOL:
 
Сеуште неможам да се помирам со фактот дека треба да учам уште една година гратис ти се серам во тоа деветолетка
 
Сеуште неможам да се помирам со фактот дека треба да учам уште една година гратис ти се серам во тоа деветолетка
Па сите скоро учевме 9 години бе, забавиштето за прво одделение ви го сметаат.
 
Сериозно се жалиш дека треба да си уште две години во основно???
Ахххххххххххххх :icon_mrgr:
Да можевме да си ги смениме годините бар за недела дена :icon_mrgr:
 
Сериозно се жалиш дека треба да си уште две години во основно???
Ахххххххххххххх :icon_mrgr:
Да можевме да си ги смениме годините бар за недела дена :icon_mrgr:
Знам дека тоа еден од најубавите периоди во животот и јас утре одвај чекам да дојде денот но криво ми е зашто јас треба уште 1 гратис година да дремам во школо :unsure:
 
прво ме ставија во билингвалната пошто демек обеќав... после се преместив насилно во класот кај што ги знаев пола соученици..... од тој ден не обеќам ништо :icon_lol:
 
Ја првио ден се качив горе и заборавив која училница требаше да влезам. Знам дека беше 7ца или 6ка. И ја како и секогаш идам у погрешната. Набутав се у шеската и никој ништо не ми рече. После тој ден, 4 години учев во 7цата.

Првио ден замарат професорите со психолошки предавања, кодекси за однесување, мудри лекции за животот и за тоа колку ви трае големиот одмор. Тогаш ти изгледаат паметни и авторитетни, после, после е друга приказна. Ама тоа у некст епизоудс. :D
 
Во прва година не познавав никој и брзав да седнам во прва клупа до вратата. :pos: Сите викаа овој е глуп, срамежлив како да е дошол од некоја планина. Ама после сите женски седеа околу мене. :cool:
 
Јас бев единствен кој се запиша во ПТТ од моето основно и ми беше страв бидејќи стварно мислев дека никој нема да знам. Но кога влегов мислам пуста среќа дека имав но 20 души веќе ги знаев сите од различни училишта со кои сум се дружел порано. И се ми идеше лагано :D.
 
Ееех средно... Првиот ден упаѓам у училницата ко изгубен германец и сите до еден нови фаци со исклучок на 2-3-ца што ги знаев али не лично, онака по лик и име, ниту еден лик од основно. Видов слободно место во првата клупа од средниот ред, го прашувам другарчето дали е слободно, ми вели слободно е и седнав и почнав да мислам каде ли јас упаднав у ПМ. А башка ни едно девојче немаше во класот, ма каков клас, во цело училиште девојчињата се броеа на прсти, мушкоданско училиште беше. Првите 2-3 недели ми поминаа мислејќи се дали и како да се префрлам у друго школо, али за среќа не се префрлив пошо подоцна средното училиште стана најдоброто време од мојот живот и кога би се запишувал пак, пак би се запишал во истото училиште и истиот клас.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom