Прашање за Христијанството III

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.862
Поени од реакции
4.814
SuBZero,

ти благодарам на никаквиот одговор...

А за здравствените проблеми се иде на лекар, нали...Лекарите имаат лек за све па и за слабоувноста.
Micko selektivno odgovram...aka ...na postovi koi mene mi se bendisuvaat ...A ti pogodi od koj taa skola ajt...Pozdrav!
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
@Изгрев @ZOTE многу убаво ја имам разбрано “моќта“ на молитвата. Самиот изгрев ја спомна енергијата која за вас е неразбрана. Со молитвата, тоа е само проектирање на позитивна енергија. А таквото проектирање може да биде направено на повеќе начини.
И со самото тоа ја привлекуваме останатата позитивна енегрија. Дали ќе се молиш, дали само ќе помислуваш, дали ќе имаш позитивен став во животот, посакуваш да ти се случат убави работи, се' е тоа едно те исто. Така да, молитвата не е потребна, нема бог кој ме слуша и исполнува желбите.
Да не заборавам, изгрев, атеист е неверник во бога. Атеист не е верник во науката. Науката не постоела пред илијадници години, а имало и тогаш атеисти. Не мешај баби и жаби.
Значи не ми е јасно како не можеш да сфатиш дека Господ Бог е најпозитивен, најдобар итн. Од каде ако не од центарот на универзумот ќе добиеш позитивна енергија? Све друго е лага за позитивна енергија. Творецот на цела свелена и на луѓето и на се што знаеме според тебе не е позитивен?
 
SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.862
Поени од реакции
4.814
Значи не ми е јасно како не можеш да сфатиш дека Господ Бог е најпозитивен, најдобар итн.
Aj objasni kako ti sfati ?
Од каде ако не од центарот на универзумот ќе добиеш позитивна енергија? Све друго е лага за позитивна енергија. Творецот на цела свелена и на луѓето и на се што знаеме според тебе не е позитивен?
Te molam objasni ja pozitivnata energija koja ti ja dobivas od centarot na univerzumot! Kako deluva\funkcionira taa?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Micko selektivno odgovram...aka ...na postovi koi mene mi se bendisuvaat ...A ti pogodi od koj taa skola ajt...Pozdrav!
SuBZero,

пош‘о темава е претешка за тебе, смени ја дур‘ е време и прејди на нешто полесно, на пример на:

http://forum.kajgana.com/forums/Чек-дис-аут.4/

каде ќе немаш потреба од одговарање на претешки прашања, туку само ќе „чекираш„...
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
@Изгрев @ZOTE многу убаво ја имам разбрано “моќта“ на молитвата. Самиот изгрев ја спомна енергијата која за вас е неразбрана. Со молитвата, тоа е само проектирање на позитивна енергија. А таквото проектирање може да биде направено на повеќе начини.
И со самото тоа ја привлекуваме останатата позитивна енегрија. Дали ќе се молиш, дали само ќе помислуваш, дали ќе имаш позитивен став во животот, посакуваш да ти се случат убави работи, се' е тоа едно те исто. Така да, молитвата не е потребна, нема бог кој ме слуша и исполнува желбите.
Да не заборавам, изгрев, атеист е неверник во бога. Атеист не е верник во науката. Науката не постоела пред илијадници години, а имало и тогаш атеисти. Не мешај баби и жаби.
Како што пишав погоре неможе да ја познаваш/разбираш, ако не ја практикуваш. Ако ја беше рабрал ќе ти беше јасно дека молитва и мислење позитивно не е исто. Со болдираните реченици просто не само што покажа дека не си ја разбрал,а и докажа.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Ај со ред да ве изредам ;)
kooperativa,

болтуваниот текст е збирка од лични, произволи и погрешни ставови. За да бидат твоиве ставови троа поубедливи, обиди се да ги дообјасниш и поткрепиш со познати историски и практични искуства.
Мики, изгледа имаш многу кратка меморија. Се' ова за што ме праша Е веќе дискутирано и докажано. Треба пофторно да се расфрламе со податоците? Докажано е дека имало атеисти од секогаш и дека атеизмот е неврзан со науката. Дури е докажано е и дека ден денес има племиња кои врска немаат од реглигија и верување во некакви си надприродни сили, а уште помалку во богови.
Но ако сакаш да дискутираш и понатаму за ова, и пофторно да бидеш разоткриен, тогаш префрли се на темата за атеисти. Сепак ова е тема за христијаните.
Значи не ми е јасно како не можеш да сфатиш дека Господ Бог е најпозитивен, најдобар итн. Од каде ако не од центарот на универзумот ќе добиеш позитивна енергија? Све друго е лага за позитивна енергија. Творецот на цела свелена и на луѓето и на се што знаеме според тебе не е позитивен?
Ќе почнам со последното. НЕ, не е позитивен тој твој бог!!! Тој твој бог е садист според мене. Само садист може да гледа како му патат “децата“, а притоа тој со прст да не мрдне за да им помогне. Нели е семоќен? Ако е семоќен, тогаш на сите ќе им дал памет и добрина и готово. Нели од што не сакал не створил? ГЛУПОСТ!!!
Ќе спомнам само неколку примери, ем знаел дека нема да си го убие детето, ама ете од курташак му дал задача да го провери. А воедно “знаел“ дека ќе дигне рака на сопственото дете. И овој на страдни маки само за да не го изневери бога, срце му се кинело сигурно, решил да го убие, ..... еј, ако тоа не е садизам, тогаш не знам што е. Или пак од што го сака човекот, на некои не им да ва пород, или пак породот е со дефекти, ..... јако сакање, нема што.
Да се вратам на првиот дел од твојот пост, ....... Дали од ова што го напишав ти е јасно дека тој твој бог НЕ е ни центар на позитивата, нити пак е воопшто позитивна енергија. Значи, многу убаво сум ги сфатил тие глупости. Јбга, не проаѓаат тие кај мене.
Како што пишав погоре неможе да ја познаваш/разбираш, ако не ја практикуваш. Ако ја беше рабрал ќе ти беше јасно дека молитва и мислење позитивно не е исто. Со болдираните реченици просто не само што покажа дека не си ја разбрал,а и докажа.
Позитините мисли, позитивниот начин на живот, позитивното делување за себе и за другите околу тебе се тоа што ти го припишуваш не молитвата. Но ај ебе, ти како специјалист за молитви и енергија, објасни ни ја на сите овде кои “лутаме“ по светов која е таа разлика помеѓу молитва и позитивна енергија? Самиот ја спомна пред неколку поста енергијата, така да сега извади се од калта ако знаеш и можеш

П.С. Се ближи мојот пост со омилениот ми број , 6666;)
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Ај со ред да ве изредам ;)
Позитините мисли, позитивниот начин на живот, позитивното делување за себе и за другите околу тебе се тоа што ти го припишуваш не молитвата. Но ај ебе, ти како специјалист за молитви и енергија, објасни ни ја на сите овде кои “лутаме“ по светов која е таа разлика помеѓу молитва и позитивна енергија? Самиот ја спомна пред неколку поста енергијата, така да сега извади се од калта ако знаеш и можеш
Во ред изредувај, штом чуствуваш таква потреба.
Позитивна енергија, прво не си дефинирал како си стигнал до таква?, со позитивно мислење?, тогаш треба да можеш да го контролираш.А мислење не се контролира со позитивно мислење.
Ако позитивно мислење е постигнато без духовна освестеност тогаш тоа е променливо,условено од матриални, и пред се од его причини, треба повеќе, а не само ’’позитивно мислам имам позитивна енергија’’.Таквото постигнување е краткотрајно и многу променливо,лажно пред се. За да стигнеш до резултат перманентен(а тој е само еден од многуте) треба точно тоа молитва.
Разликата меѓу молитва и вистинска(овпј пат)позитивна енергија, е во тоа што таа е резултат на молитвата(еден од резултатите).
За какви калишта зборуваш:facepalm:? тука комуницираме.(y)
 
Црвен болд: Имаш право, мислењето се контролира со догми. :pos: Ај прочитај ја реченицата уште еднаш и можеби ќе увидиш каква зелена ја тресна. Човекот ја има моќта да расудува, мисли, да ги контролира своите нагони, така да ако со сопствените мисли не се контролира, .... кој ќе го контрлира? Ако на човек му е тешко, ...... еве на мене ко на пример, пошто сум атеист, од каде тогаш ми доаѓа таа позитивна енергија и позитивен став? Еве ти не ме знаеш, но оние кои ме запознале виделе дека сум “розев“ и дека тоа го правам со сопствените мисли. Ниеден бог не ми помогнал, а и не ми ни треба за да ја поседувам таа позитивна енергија. бујрум следен пат на пиво со нас и ќе се увериш :P
Со ова ти е одговорено и за болдот.
Е сега, како тоа “перманентен резултат“? Што подразбираш под тоа?
Син болд: Пак ќе кажам, тоа е проектирање на сопствената позитивна енергија. Верникот само се теши дека некој му дава нешто. А всушност е тоа (енергијата) сеприсутно и секој може да се послужи со неа безразлика дали се моли или не.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Одма со навреди, а?...
Не е навреда, само констатација дека си ги заборавил тие работи дека се веќе дискутирани. Осетив потреба дека треба да те потсетам. :noze:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ај со ред да ве изредам ;)

Мики, изгледа имаш многу кратка меморија. Се' ова за што ме праша Е веќе дискутирано и докажано. Треба пофторно да се расфрламе со податоците? Докажано е дека имало атеисти од секогаш и дека атеизмот е неврзан со науката. Дури е докажано е и дека ден денес има племиња кои врска немаат од реглигија и верување во некакви си надприродни сили, а уште помалку во богови.
Но ако сакаш да дискутираш и понатаму за ова, и пофторно да бидеш разоткриен, тогаш префрли се на темата за атеисти. Сепак ова е тема за христијаните.
Ај да видиме колку не си во право...

- Тоа што „нештото„ е дискутирано, тоа е една работа, а што не е докажано, сосема друга работа.
- Атеисти има само од средината од 19-от век, кога се случи одвојувањето на дел од денес познатите науки од до тогаш компактната философија, и време во кое е зачната лагата од Дарвин и утопијата од Маркс (што му доаѓа како „лага на лага иде„), односно тоа е време на триумфализмот на науката врз верата.
- Историјата не познава атеизам. Сите народи биле теистички настроени, небитно во кој бог или богови верувале или веруваат.
- Извлекувањето правило од искличок е типична Марскова грешка. Правилото има исклучоци, а исклучоците не градат правила, туку си остануваат исклучоци.
- На темата наменета за атеистите веќе имам поставено куп прашања, а за возвврат, како одговор, добив само лични и произволни ставови, засновна на ништо, одоснос засновани на принциот „...јас мислам дека...„.
- На темата за атеистите, не добив одговор ниту на основното прашање: што е тоа „атеизам„?.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Мики, по сите основи си грешка.
Иако за претпоследната точка си и донекаде во право, ...... секој атеист е независен во своите ставови. Дури ќе бидам дрзок да кажам дека нема двајца исти атеисти освен во основата, НЕ верување во богови.
И ете ти по 1001 пат одговор на прашањето што е атеизам. :cool:
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Црвен болд: Имаш право, мислењето се контролира со догми. :pos: Ај прочитај ја реченицата уште еднаш и можеби ќе увидиш каква зелена ја тресна. Човекот ја има моќта да расудува, мисли, да ги контролира своите нагони, така да ако со сопствените мисли не се контролира, .... кој ќе го контрлира? Ако на човек му е тешко, ...... еве на мене ко на пример, пошто сум атеист, од каде тогаш ми доаѓа таа позитивна енергија и позитивен став? Еве ти не ме знаеш, но оние кои ме запознале виделе дека сум “розев“ и дека тоа го правам со сопствените мисли. Ниеден бог не ми помогнал, а и не ми ни треба за да ја поседувам таа позитивна енергија. бујрум следен пат на пиво со нас и ќе се увериш :P
Со ова ти е одговорено и за болдот.
Е сега, како тоа “перманентен резултат“? Што подразбираш под тоа?
Син болд: Пак ќе кажам, тоа е проектирање на сопствената позитивна енергија. Верникот само се теши дека некој му дава нешто. А всушност е тоа (енергијата) сеприсутно и секој може да се послужи со неа безразлика дали се моли или не.
Кога ќе успееш да ги исконтролираш мислите(макар и за миг) кога ќе почуствуваш што значи мислите да течат незабележно или поточно да не извршуваат влијание врз тебе, макар и за миг, тогаш ќе увидиш што значи контрола на мислите, вака залудно е што пишуваме, јас ти зборам за мисли ти ’’аха еве те фатив догми’’,-воопшто не си ме разбрал, а си се трудел како да контрираш.
Ај пак да те прашам како ти ги постигнуваш позитивните мисли?
Перманентен резултат е кога позитивноста е непроменлива без разлика на надворешните(матријални) влијанија.
Пак, како ти се послужуваш со таа позитивна енергија по кој начин/метод?
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Кога ќе успееш да ги исконтролираш мислите(макар и за миг) кога ќе почуствуваш што значи мислите да течат незабележно или поточно да не извршуваат влијание врз тебе, макар и за миг, тогаш ќе увидиш што значи контрола на мислите, вака залудно е што пишуваме, јас ти зборам за мисли ти ’’аха еве те фатив догми’’,-воопшто не си ме разбрал, а си се трудел како да контрираш.
Ај пак да те прашам како ти ги постигнуваш позитивните мисли?
Перманентен резултат е кога позитивноста е непроменлива без разлика на надворешните(матријални) влијанија.
Пак, како ти се послужуваш со таа позитивна енергија по кој начин/метод?
Црвено: не си ми јасен како тоа ем да ги контролираш мислите, ем да НЕ извршуваат влијание на мене? Или лошо се изразуваш или ептен ти е лоша/погрешна логиката :confused:
Сино: Такво нешто е скоро невозможно. Нема шанса да позитивноста биде константа. Секогаш надворешните услови ќе имаат влијание на нас. ДА, на нас е да се трудиме да бидеме што е можно пообјективни, но сепак, ние сме суштества од месо, крв, чуства и мисли, и тие работи се подложни на надворешните влијанија. Само роботот има константа во своето однесување. Еве на пример, и кај тебе како верник играат улога надворешните влијанија. Дали да го спомнам опкружувањето, дали библијата? Еве пошто сме на тема религија, ќе останам на библијата. Таа ти вели дека си се родил грешен/со грев и дека грешниците ќе горат во пеколот. А ти пустиот цицалче, појма немаш ни дека си жив, ама важно си грешен. И како таков растеш, но таа доктрина е веќе всадена во твојата/верничката глава. И цел живот живееш во страв, со фобија од пеколот кој постои само затоа што некој така кажал, а не дека ти или некој друг го видел и искусил.
Болд: Ако ти кажам ќе треба да те убијам. ТОП СИКРЕТ е тоа. :P
Али еве да не биде дека бегам од одговор, ...... секој на свој сопствен начин се бори и делува. за некого тоа ќе биде слушањето на класика/рок/поп/турбо, за некој читањето книга, за трет филозофски мисли, четврто сексот, ......... опциите се безбројни, ама кој е мојот метод не е толку важно
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
1.Црвено: не си ми јасен како тоа ем да ги контролираш мислите, ем да НЕ извршуваат влијание на мене? Или лошо се изразуваш или ептен ти е лоша/погрешна логиката :confused:
2.Сино: Такво нешто е скоро невозможно. Нема шанса да позитивноста биде константа. Секогаш надворешните услови ќе имаат влијание на нас. ДА, на нас е да се трудиме да бидеме што е можно пообјективни, но сепак, ние сме суштества од месо, крв, чуства и мисли, и тие работи се подложни на надворешните влијанија. Само роботот има константа во своето однесување. Еве на пример, и кај тебе како верник играат улога надворешните влијанија. Дали да го спомнам опкружувањето, дали библијата? Еве пошто сме на тема религија, ќе останам на библијата. Таа ти вели дека си се родил грешен/со грев и дека грешниците ќе горат во пеколот. А ти пустиот цицалче, појма немаш ни дека си жив, ама важно си грешен. И како таков растеш, но таа доктрина е веќе всадена во твојата/верничката глава. И цел живот живееш во страв, со фобија од пеколот кој постои само затоа што некој така кажал, а не дека ти или некој друг го видел и искусил.
3.Болд: Ако ти кажам ќе треба да те убијам. ТОП СИКРЕТ е тоа. :P
Али еве да не биде дека бегам од одговор, ...... секој на свој сопствен начин се бори и делува. за некого тоа ќе биде слушањето на класика/рок/поп/турбо, за некој читањето книга, за трет филозофски мисли, четврто сексот, ......... опциите се безбројни, ама кој е мојот метод не е толку важно
1. Знам дека не ме разбираш, треба да го доживееш.
2. Напротив може, тоа е целта, ако човек е позитивен само при позитивни надворешни влијанија тој ништо не постигнал, а станал зависен од тие најчесто променливи влијанија. Тоа што си го напишал за стравот и религијата е апсолутно неправилно, резултат од неправилно толкување и разбирање на истата, како и резултат на богоборството. Религијата го дава точно обратното- НАДЕЖ, СИГУРНОСТ, а не страв и фобија. Тука имам и прашање до тебе од кај знаеш што дава верата кога не веруваш?
3. Сето тоа што си го напишал е матријално кое што значи променливо не постојано, и штом по таков начин се постигнало позитивно мислење, такво и ќе биде - непостојано.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom