Заби и сѐ во врска со забите

  • Креатор на темата Креатор на темата isabelle
  • Време на започнување Време на започнување
Едно прашање
Скршена ми е 5ка доле,и ќе треба да го вадам најверојатно. Зборев со овој каде што идам за да ми стави мост,или како и да се вика... и ми рече дека треба 150 евра,пошо 50 евра било еден заб,а он со тој мост фактички 3 ќе ги работи,и 6ка и 4ка,за да го имплантира тоа. Па сега сакав да ве прашам ако некој знае навистина како се движат цените,и дали стварно ќе мора 3 заба да ми работи за мостот..пошо некако ми е многу за само еден заб.

Фала однапред :)

Цените се движат од 50 до 200 евра по заб но најчесто ја кажуваат најниската цена затоа што знаат дека повеќето нема да платат ако е поскапо.

Мене лично ми нема логика да се стружат два здрави заба за да се надополни еден изваден, ако ептен не се познава може и така да оставиш но ако забот горе нема контра притисок неминовно со тек на време ќе почне да се спушта, тоа е проблем кога нема контра заб така да најдобро да ти ги кажат сите солуции но од искуство знам дека нема ниедна трајно фина солуција o_O.
 
Ајдеее и ја треба да вадам заб ама ке идам на снимање да видам дали може да се надогради.

Иначе заб се плакја од 50 до 200 евра ? а за мост?
 
Здраво. Ако може некој да пренесе искуства со Ендомак? Конкретно ме интересира за естетска стоматологија, порцелански заби, коронки. Дали сте биле задоволни, дали сте правеле таков зафат кај нив. Кога се работи за естетика треба прецизна рака и луѓе кои ги бива и имаат осет за естетика, не ми е сеедно. Може да препорачате и друга клиника...
 
Забниот техничар е клучот во естетиката :) нека пренесе некој искуства само знајте Систина се тапа сеа за сеа за естетика, без улетување :)
 
Дечки има ли некое правило, на колку време да се чисти забен камен?
на 3 месеци, на 6 месеци...?
 
Дечки има ли некое правило, на колку време да се чисти забен камен?
на 3 месеци, на 6 месеци...?
Бидејќи препорачливо е на секои 6 месеци е да се посетува стоматолог истото може да важи и за забниот камен.Е сега тоа колку забен камен се има наталожено за колку време е релативна работа бидејќи зависи од храната која се конзумира(леплива храна предизвикува повеќе,како тестенини пример),хигиената и природата на самите заби.Така да штом приметиш дека е видливо наталожен(најчесто на долните секачи)оди.
Бидејќи ако продолжи да се таложи ќе ги раздвои забите и потоа и самото чистење е поболно,а не би требало да биде.Поздрав:)
 
Колку ќе ме кошта да го решам проблемот со забот кој ми фали значи да ми посадат заб
 
Дечки има ли некое правило, на колку време да се чисти забен камен?
на 3 месеци, на 6 месеци...?
Зависи од случај до случај . Најдобро прашај си стоматологот на колку време пак ќе треба да чистиш забен каменец кај стоматологот . Мене ми кажа после една година пак ќе треба да одам да чистам забен каменец . Искрено прв пат и го чистев забниот каменец во мај годинава и ми кажа стоматологот за една година пак да одам .
 
знае некој цени на коронки за заб колку се движат ?
 
знае некој цени на коронки за заб колку се движат ?
знае некој цени на коронки за заб колку се движат ?
зависи од материjaлот од коj ке се изработи коранката. Главно цената се движи од 50 до 200 евра од заб, а цената го диктира и квалитетот. Како и да е сите ке ja вршат функциjaта на жвакане и естетика.
 
Здраво . имампроблем ама незнам до шо е работата . немав никакви болки до пред 10 сати, си направив кафе и уште беше жешко тоест не премногу жешко али солидно :) и при првата голтка осетив секундарна оштра болка помеѓу два заба , ајде тоа помина но сепак после тоа го чувствивам местото , не болка али сепак како да ми работи нешто тука . и после два саати седнав да ручам и само што сркнав од супата што не беше жешка туку млака истото ми се случи и тоа во поголрма болка . е од тогаш па наваму во преостанатите неколку часа цело време уште повеќе го чувствувам местото и доколку се допрам со јазик повеќе од три секунди почнува да боли по малце. е сега гледам забите тие двата ми се поправани со пломба , а никаде на забите нема ников проблем т.е никакво црнило,кариес , се си е бело . и незнам дали болката доаѓа пд забот или од непцето помеѓу забот . а бидеќи имам многу маки видено од забите имам огромен страв (ми се треси душава ) . затоа пишав тука да не имал некој сличен или истнпроблем како мојов , па да сподели некој совет или до што е работата . далинако е до непцето ќќе оздрави до утре ? или како и да пишете нешто барем некоја утеха . поздравв :)
 
Дечки, да препорачате добар ортодонт? Приватно државно не е битно.
Оди на стоматолошка клиника и барај да те упатат кај д-р Кануркова или Зужелова (оваа има и приватна ординација и според мене е најискусна од сите специјалисти на катедрата по ортодонција) :)
 
Оди на стоматолошка клиника и барај да те упатат кај д-р Кануркова или Зужелова (оваа има и приватна ординација и според мене е најискусна од сите специјалисти на катедрата по ортодонција) :)

Зужелова не работи веќе на клиника, пензионирана е.
А каде и се наоѓа приватната ординација ? Kако се вика ? :)
 
Зужелова не работи веќе на клиника, пензионирана е.
А каде и се наоѓа приватната ординација ? Kако се вика ? :)

Ќе пратам некој од колегите да се распрашаат на факултет зошто јас сум моментално во странство, па ќе ти пишам ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom