ЦЕЛО ПЕХЧЕВО ВО БИТКА СО ДВАЕСЕТ „ТЕРОРИСТИ“
Објавено: 27/08/2014 10:15
Пехчевци живеат во страв. Дваесет муслимански верници, за кои веруваат дека се секташи, вахабисти, фундаменталисти или нешто слично, ама страшно, им шетаат пред очи и им личат на терористи. Според пописот, во овој град има 3.237 жители. Голем број од нив се иселени на привремена работа во Италија. Тие што се тука, живеат во сиромаштија, а од неодамна и во страв. Тие веруваат дека луѓето со чудна облека и долги бради се опасни. Гледале многу американски филмови и серии и сериозно се плашат за својот живот, пишува
ПлусИнфо
Црномурестите се молат во импровизирана џамија во центарот на Пехчево. Жителите со кои разговаравме, велат дека многу често гледале како кај оваа група доаѓаат многу чудно облечени муслимани со долги бради, со автомобили од Сараево, ама и овие носеле луѓе во Босна и Херцеговина и во Германија.
И градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски, е загрижен и вели дека не знае како ќе се реши овој проблем што ги вознемирува граѓаните од неговиот град. За првпат по осум години власт на ВМРО-ДПМНЕ, власта и опозицијата имаат исто мислење за овој проблем – станува збор најверојатно за терористи.
Целата драма со наводните фундaменталисти почнала сосема наивно. Пред неколку години, дваесетина муслимани од селото Црник (мултиетничко село во кое 39,9 проценти од жителите се од турската заедница, 30,7 проценти се Роми и 29,4 проценти се Македонци), од локалната власт побарале на одредено време да го користат објектот на старата амбуланта. Бидејќи објектот бил во државна сопственост, запустен и делумно руиниран, го добиле со усна согласност. Во меѓувреме, оваа група се искарала со муслиманската заедница од нивното село, па решиле сами да ѝ се посветат на верата.
Формирале невладина организација, која ја нарекле „Ахмад аја муслим џамаат“, и откако по низата контакти со странство добиле пари, започнале да го реновираат објектот и да се молат во него. На влезот од објектот ставиле знак „Црн покрив“. Пред нецела година, велат жителите на Пехчево со кои разговаравме, ја смениле модата, па почнале да носат долги, еднаш бели, а другпат црни блузи, пуштиле и долги бради, шетале со кечиња на глава, а панталоните им биле ептен широки.
Од општинските организации на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ во овој град велат дека се зачудени зошто до сега полицијата не презела мерки да се справи со овие „радикали“.
- Молчат кога ќе ги сретнеме по улица и ќе им речеме добар ден. Прво одат мажите, а по нив жените. Ги маскирале жените, а бе очи не им се гледаат. Страшно. Некои од нив ги знаеме од порано. Беа мирни Роми. Како влегоа во овој филм, не знаеме, а не знаеме дали некој внимава на нив што прават – велат од општинскиот комитет на владејачката партија.
Од ИВЗ велат дека дознале дека станувало збор за луѓе што одржувале тесни врски со радикални структури во БиХ, а од локалната џамија ги известиле дека се зборело низ селото Црник дека пари им пристигнувале и од извесни дервишки фондации од Пакистан. Од МВР нема велат дека не се известени за такво нешто.
Додека се открие во каков филм влегле Ромите од Црник, можеби не е лошо и пехчевци да размислат да не влегле и тие самите во некаков лош филм, кој од нивниот град треба да создаде лендмарк на борбата против светскиот тероризам.
Објектот на некогашната Стара амбуланта во Пехчево е во сопственост на Министерството за труд и социјална политика и ние немаме законско право да ги иселиме, вели градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски.
- Искрено да ви кажам, ептен не ми се по ќеф. Тоа е некоја чудна, да речам, секта. Во разговор со претставниците од Исламската верска заедница, за овој проблем ни беше речено дека и тие се против нив. Овој објект сега на јавен оглас го продава Министерството за труд и социјална политика и белким тогаш ќе се иселат. Но засега одбиваат, велејќи дека вложиле во реновирањето – се жали пехчевскиот градоначалник.
http://mkd-news.com/tselo-pehchevo-vo-bitka-so-dvaeset-teroristi/
Каква ОВЦА од човек треба да си на муслимани да им дозволиш да се сектаат во град како Пехчево. А треба си опасно неспособен и исплашен градоначалик за да меможеш да го исчистиш објектот од секташката багра. За немоќта на државните институции да не зборувам. Муџахедини ни се шатаат низ државата, како темпирани бомби се, узурпираат објекти како и каде ќе стигнат а МВР не се чуствува за надлежно. Очигледно чекаат да се случат уште Смилковски Езера за барем малку да ги отворат очите, Очигледно исламистичкиот масакар кој се случи кај Смилково не беше доволно да се почне со борба против радикализмот. Да биде очајот уште поголем дури и од ИВЗ апелираат за радикализмот.