Лига на Шампиони, Лига Европа, Вимблдон, Роланд Гарос и ред други натпреварувања кои се на ниво на приватни клубови или на ниво на приватни ангажмани на играчите, се приватни натпреварувања, не се од национален интерес и затоа воопшто не мораат да се емитуваат со коментатор кој ќе говори на службениот јазик во државата.
Европско или Светско Првенство во Фудбал, Ракомет, Кошарка, Одбојка или било кој друг спорт каде што се натпреварува национална репрезентација, се од национален интерес и мораат да се емитуваат со коментатор кој ќе говори на службениот јазик во државата.
Затоа ни Лига на Шампиони, ни Лига Европа, ни британски, ни шпански, ни германски фудбал, не се од национален интерес и воопшто не мораат да бидат емитувани на службениот јазик во државата.