Кој спонзори ќе дат пари овде бе?
Луѓе не се занесвајте,од овие наши новопечени Битолски милионери ништо нема да добиеме...
Тие болеста не си ја дават пари за спорт ќе даеле...
Пак се ќе оди преку партија,ако ги прицнат сосила да фрлат некоја банка арно,ако не то е....
Циле,на времето беше бојаџија од Генимале(да,да
бојаџија)со транзиција му упали кецот(зошто си имаше салам друштво околу него)

и тушникот стана еден од најбогатите на Балканот.....
Арно ама каскатија си е секогаш каскатија,џабе му се и скапи костуми и скапи коли ко има срце лешник....
Циле на брат му му бараше соба во семејната куќа,ејјј куќа од 50 квадрати

,демек имал право на наследство(таткојна си бараше чоекот)

сега ние чекаме пари да дај за Пелистер....

На вработените по 8000 денари плата му дава,и то со каснење и шо чекаме појќе?
Купва места,прај згради не му плаќа на изведувачите се пребива со станој...
Ги опнал станојте во касарна по 900 евра квадрат,курле ќе му ги купи....
Од Циле кеш не гледаме да е јасно то,не дава тој пари....
Абе Циле,Циле....70 години си бе море прч еден

,не се јадат пари,не се носат в гроб,ќе те спаковат таму во едно костумче и ајт,и никој нема ни да те спомни,дека живеел некој богат каскатија во Битола

..
Ќе ти ги јади зетот парите....

За другите локални"спонзори"...

Од кој чекаме да дај пари не знам?
Од Живко Радевски?
Па тој рчпалот стар комуњарски нова кола ојде да купва во Скопје,зошто?
Оти во салонот во Битола била поскапа за 100(сто)евра....
Ејјјј,пат напрај до Скопје,потроши 50 евра за да заштеди 50...

И ај барајте логика и душа во овие бедни души....

50 милиони евра зеде само од акциите во млекарата,башка пред то шо ја искраде до кочанка...
Тие другите локални милионери слични ко него,очите ќе си ги изват со домашните за наследства ние чекаме за Битола да даеле нешто...
Не мора за спорт,нека дат за некоја градинка,болница,парк,за децата крлешки било шо..
Не бе луѓе,од оние стипси нема шо да се чека...
Во сржта на Битолчанчето е да си гледа само за себе,да се радва на несреќата на комшијата,да завидва,да гледа сеир,да продава пуфки,да продава политики...
Зато ќе бидиме последна станица и за спорт,и за инвестиции и за се....
Сега чарето е ако успеј Спиро(како шо се шушка)да тргни некое спонзорство од Елем,иначе не бива клуб од Пелистер уште долго време....