PayPal (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата Oblivion
  • Време на започнување Време на започнување
Нема везе. Картичката е обична Mastercard картичка. Неможе парче пластика да биде нелегално.
Парите кои ги чуваш на картичката може да бидат нелегални ако не праќаш персоналец. Ама и ова е повеќе дупка во закон него што е нелегално.
Не картичката, туку америчката банкарска сметка.
 
Дали треба да плаќам плаќам персоналец за пари префрлени преку western union. moneygram..ili најпросто direct bank wire transfer ?
Дали има 1 кој што има платено данок за пари добиени од страна на ваков метод/начин кажете ми ?
Кога и во банката ги земаш прв пат потполнуваш формулар во кој има 2 опции, извршување самостојна дејност и втората опција не е знам точно како беше.
 
Не картичката, туку америчката банкарска сметка.
Колку што знам, таа сметка не е отворена на твое име, туку е подсметка (sub-account) на официјалната сметка на Пајонир во банката. Незнам како се дефинирани подакаунти во македонскиот закон, али ситуацијава повеќе делува ко парите да ти стојат на туѓа сметка и Пајонир всушност ти рента простор на нивниот акаунт.
 
Тие кои што користат Payoneer, можат преку MasterCard картичката од Payoneer најкомотно да си стават пари на својот Moneybookers, односно Skrill account, па од таму нека си ги префрлат парите директно на трансакциската сметка во банката во Македонија.

Така од една страна ќе го заобиколите словенечкиот/бугарскиот/било кој друг странски PayPal кој го користите за исплата на пари, ќе го заобиколите Payoneer, а парите ќе би пристигнат легално на трансакциска сметка преку Moneybookers, односно преку Skrill.
 
Од темата разбрав дека во моментов нема начин да се отвори сметка на пп за примање пари, со македонски картички...а дали може жител од словенија, да ми отвори дебитна во тамошна банка, да ми ја прати и со неа да отворам пп легален? Значи имам роднини во сло. картичката ќе биде на име на тој што ќе ми ја отвори, но сите други подесувања да можам да си ги правам јас од тука....или неможе така? Дали воопшто некој има такво искуство...од луѓе што продаваат на етси, слушнав дека имало некој начин да си нарачаш картичка и од бугарија, ама не е тестирано...Јас лично сакам да отворам продавница на Етси, а таму е се преку пп.
 
Toj ke ti otvori paypal tamu, ama ke treba sekoj mesec na negova smetka da gi prefrla parite, pa posle toa od taa smetka direkno na tvojta bankarska tuka, sto e zamaranje, gubenje pari za provizija itn itn, se nadevam go razbiras celiot proces i proceduri
 
Колку што знам, таа сметка не е отворена на твое име, туку е подсметка (sub-account) на официјалната сметка на Пајонир во банката. Незнам како се дефинирани подакаунти во македонскиот закон, али ситуацијава повеќе делува ко парите да ти стојат на туѓа сметка и Пајонир всушност ти рента простор на нивниот акаунт.
Подсметка на наше име е, но сепак е сметка. Кај нас и да сакаш на некој овластен да му докажеш нешто, џабе, за него се' е сметка и за се' мора да платиш данок.
 
Фала многу...од прилика така нешто мислев дека оди и јас...значи големо замарање. Нај-добро е да си имаш своја сметка и сам да си управуваш со неа. Али додека да дојде тоа ехеее...
 
Подсметка на наше име е, но сепак е сметка. Кај нас и да сакаш на некој овластен да му докажеш нешто, џабе, за него се' е сметка и за се' мора да платиш данок.
Ова треба некој што работи во банка да потврди, ама мислам дека не е можно да се отвори подакаунт на различно име од акаунтот. Ако е тоа точно, тогаш едноставно му плаќаш на Пајонир за да ти ги чува парите на негова сметка.
 
@noxiousdesign
@seriouslyfunny

Чисти дезинформации на темава кои може само да ви наштетат.

Најдобро ви е воопшто да не пробувате да поврзувате, бидејќи може да го изгубите и тоа што го имате. Мој пријател проба да поврзе, после неколку дена му го банираа акаунтот.
Претпоставувам дека не сакате и вие да бидете банирани и после да не можете и македонски PayPal да отворите!?

Почекајте, кога веќе ни овозможија PayPal, би требало за брзо време да ни овозможат и Withdraw опција.
Покрај тоа што сигурно ќе ве банираат, само прашање на време е кога, вие ризикувате и да си направите "досие" во PayPal и да не можете во иднина да отворите акаунт со истите лични податоци.
И како бонус, може и со Payoneer да си направите проблем, бидејќи го користите за нелегални намени. Повлекување пари од PayPal кај нас не е дозволено, нелегално е, тоа би требало досега да ви е јасно.

Има милион опции за повлекување пари од интернет, не е само PayPal. Ако ви е само за купување, имате македонски.

Пожелно е тие што веќе пробале да додадат сметки на PayPal, да ги тргнат, додека PayPal не ве открил.
Нелегално е претежок збор за цела оваа ситуација и јас не би го користел. Во мегувреме еве ги фактите. Payoneer е комплетно легален и тука нема муабет, секој кој ќе речи дека не е легален е недоволно информиран. Второ, ние со словенски и бугарски пејпели веќе подолго време префрламе пари така на македонски сметки па никој ништо не ни приговорил. Луѓето кои работат во банките го знаат тоа и немаат ништо против. Мислам дека и од пејпал го знаеа тоа (мислам првите бројки на картичките ја откриваа матичната држава). Е сега од кога пејпал официјално дојде во МКД нешто се смени во банкарскиот систем, мислам дека добија некои инструкции од државата. Го велам ова затоа што разменив неколку меилови со центарот за поддршка на пејпал и што е до нив е business as usual. Ми беше нагласено дека ако има проблем имаме од кај нас. Пред еден час добив последна меил од пејпал ми викаат дека ако парите не ми легнат на сметка за 30 дена, да им пишам меил и тие ќе видат каде се парите и ќе се погрижат да се вратат парите назад на сметката за пејпал.

Уште нешто....викаш има милион опции за повлекување на интернет?! Тие милион опции се далеку од пејпал. Секој кој се има барем малку занимавано со фриленсинг и работено со странски клиенти знае колку пејпал е битен.
 
Колку што знам, таа сметка не е отворена на твое име, туку е подсметка (sub-account) на официјалната сметка на Пајонир во банката. Незнам како се дефинирани подакаунти во македонскиот закон, али ситуацијава повеќе делува ко парите да ти стојат на туѓа сметка и Пајонир всушност ти рента простор на нивниот акаунт.
Немаш претстава колку само закони кршиш, амерички и наши :facepalm:
Мене ми затвори пејпал сметка затоа што беше врзана со пајонир, за пејпал пајонир е нелегален и секогаш кога дознаваат дека се работи за пајонир тие акаунти веднаш ги затвараат.
 
Последно уредено:
Да али и покрај тоа веќе и на odesk i na freelancer има skrill i direct bank transfer така да сеуште си има некоја опција. Секако дека paypal за фри ленсерите е најкористен, и самиот го знам тоа најдобро ама ќе се најде опции да се префрлат или да се исплаќа трудот што го работеме од странство.
Лошо е што имаме пари само ние на пеј пал сметките и не можеме да ги префрлеме , а парите ни требаат во моментов, али тоа е, се сочувствувам со сите такви, пошто и јас сум еден од нив.

Или нека си воведе withdrawal опција пеј пал во Македонија, а банките/владата да си дефинира јасен закон што/каде/колку треба да се плаќа и да си биде се во ред и од наша и од нивна страна. Или доколку сметат дека во Македонија единствени струки се, продавач/таксист...и останатите со врски на позиција, слободно може да си ги спакуваме куферите и да е напуштеме државата и да си бараме чаре на страна кој каде може, пошто очигледно тука само полошо може да биде, а јас ќе бидам прв што ќе го направам тоа.

Колку само кадар квалитетен од IT секторот работи по странство не се знае. Жално, ама сите го знаеме тоа и нема што да филозофирам повеќе и да мудрувам мн мн.
 
Имам PayPal акаунт од пред 4-5 години со финтата преку Словенија . Можам со мојот акаунт да повлечам пари што ке ми пратат ? Знам дека со новите законски акаунти од Македонија не е можно ова, но дали можам со овој преку финтата со Словенија што ми е отворен ?
 
Ако прочиташ погоре и на претходните страни, ќе видиш дека токму за ова и зборувавме и дека не може повеќе.
 
@noxiousdesign
@seriouslyfunny

Чисти дезинформации на темава кои може само да ви наштетат.

Најдобро ви е воопшто да не пробувате да поврзувате, бидејќи може да го изгубите и тоа што го имате. Мој пријател проба да поврзе, после неколку дена му го банираа акаунтот.
Претпоставувам дека не сакате и вие да бидете банирани и после да не можете и македонски PayPal да отворите!?

Почекајте, кога веќе ни овозможија PayPal, би требало за брзо време да ни овозможат и Withdraw опција.
Покрај тоа што сигурно ќе ве банираат, само прашање на време е кога, вие ризикувате и да си направите "досие" во PayPal и да не можете во иднина да отворите акаунт со истите лични податоци.
И како бонус, може и со Payoneer да си направите проблем, бидејќи го користите за нелегални намени. Повлекување пари од PayPal кај нас не е дозволено, нелегално е, тоа би требало досега да ви е јасно.

Има милион опции за повлекување пари од интернет, не е само PayPal. Ако ви е само за купување, имате македонски.

Пожелно е тие што веќе пробале да додадат сметки на PayPal, да ги тргнат, додека PayPal не ве открил.
Има луѓе што се поврзани и долго време се одлично им функционира, се е до среќа (единствен проблем се малите лимити за вадење пари од неверифициран странски пејпал). Колку тековни си отвориш по нашиве банки, толку акаунти можеш фејк да си стаиш на пејпал. :LOL:
Само треба пазење од кои компјутери се логираш, ip адреси и купче други работи.
Дека некој ќе се замара досие да ти води за 100$ обрт само сонувај хаха, единствено треба да си спремен да се откажеш во било кој момент од акаунотот во случај да ти побара верификација (п.с чувај малку пари, п.п.с камо да имаме поише хаха)

А Payoneer што да ти кажам небаре тероризам финансираме еб*те, па е нелегално. Што се однесува до законот за девизно работење можат у г*з да си го стаат, кога ќе некој ќе внесе пари тогаш може да рипаат (иако има и законски минимум колку може да се прими), а за повеќе да ги видам да докажат и спроведат македонска јурисдикција надвор од границите на нашиов резерват. :ROFLMAO:

И батка withdraw опција ќе сонуваш и ти, и јас минимум наредните 10 години. Така да лажна надеж не поднесувам, и не ги дезинформирај луѓето лажно да се надеваат. На истиот начин не попалуваа од 2008 наваму, дека секоја наредна година ќе не стаат на пејпал, па покрај што се изначекавме 6 години божемски ургенции, излезе дека ќе си почекаме уште некои 10тина за да видиме како фунционира пејпал во СЛОБОДНИОТ и НОРМАЛЕН свет. Важно ТВ реклама си направија дечките од Влада дека сега конечно као "имаме" пејпал.

п.п.п.с не си вмро фанатик нели? :rolleyes:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom