Гробот на Александар Македонски?

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
... зрно од волшебен грав (не тетовец) ...
Тоа ќе ја направи Македонија енергетски независна. Нема да има потреба од јужен поток. Од тука ќе се спроведат 16 гасоводи.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Тоа ќе ја направи Македонија енергетски независна. Нема да има потреба од јужен поток. Од тука ќе се спроведат 16 гасоводи.
oд волшебнио грав кој е скриен во гробницата ќе произведуваме доволно гас за цела европа
Малце мака ќе видиме ко ќе не приклучуваат на цевките....
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.433
Поени од реакции
11.350
не ми се верува на какви работи трошам време :гик:
....да сме чекале одозогре некој да се прател :pos:
 

TheMessenger

Кодош
Член од
18 февруари 2012
Мислења
371
Поени од реакции
473
К....т ми разбирате и од скенери и од археологија, можам часови да ви држам.
Гробот ќе го најди онај што ќе биде одозгора пратен, не археолог, полицаец или Влада. Вие не знаете гробот со какви работи е поврзан, какви работи се тоа хахахах.
Зошто тогаш ти не се пријавиш како најстручен? Сите ќе ти завидуваат. Твоето име ќе се прочуе надалеку, дури до горе.
 

R.1

Член од
23 јануари 2014
Мислења
149
Поени од реакции
59
Зошто тогаш ти не се пријавиш како најстручен? Сите ќе ти завидуваат. Твоето име ќе се прочуе надалеку, дури до горе.
Каде? кај да се пријавам? хахах така е ова стани ти да седнам јас.. мислиш ќе стане некој да седнам јас?
 

TheMessenger

Кодош
Член од
18 февруари 2012
Мислења
371
Поени од реакции
473
Каде? кај да се пријавам? хахах така е ова стани ти да седнам јас.. мислиш ќе стане некој да седнам јас?
Па кога ќе видат со кого имаат работа одма ќе станат... и ќе избегаат.
 

DB.

Член од
23 септември 2005
Мислења
173
Поени од реакции
330
Кај Свети Николе не е закопан Александар туку богот на Македонците, Ѕе!
Големата камено-бетонска дупка, за која многумина веруваат дека е гробницата на Александар Македонски, е градежно-бетонски саркофаг, кој пред 38 години го имаат направено експертите на „Југогас“ на длабочина од 15 метри, додека заедно со армиски оддел ги истражувале наводите дека во Свети Николе има наоѓалишта на нафтени шкрилци - вели пензионираниот полковник на ЈНА, Светозар Стојановиќ, кој бил дел од екипите што барале нафта во Светиниколско.

- Се сеќавам дека еден од експертите ми говореше дека на врвот оставиле ознака на латинично писмо „ЅЕ“ односно „југоисток“ за да во иднина се знае во која насока ги вршеле ископите. Каква гробница, какви врагови. Да имаше нешто, ние први ќе најдевме – вели Стојановиќ.


Претходно истражувачот и професор Аристотел Тентов ги потврди претпоставките дека гробот на Александар Македонски се наоѓа во Македонија, во реонот на Овче Поле, кај селото Црнилиште, каде што неговите колеги од неколку земји го истражуваа т.н. геоглиф, во надеж дека тука е погребан античкиот војсководец. Тентов за весникот „Вечер“ изјави дека таму се крие голем сакрален објект, комплекс со гробница со површина најмалку двапати поголема од она што се гледа.

- Сепак, за што конкретно се работи, ќе биде објавено кон крајот на септември – изјави за „Вечер“ професорот Тентов.

Според него, една од можностите е дека во утробата на ридот кај селото Црнилиште се наоѓа гробницата на Големата Мајка, а друга дека е таму бил закопан врховниот бог на Македонците, богот на сонцето Ѕе, бидејќи имало таква ознака, за која, пак, армискиот офицер вели дека е само географска одредница за ископот.

Првите резултати за гробницата беа најавени дека ќе бидат соопштени на 21 март годинава, но тие, според Тентов, ќе бидат објавени наесен. Македонските и странските истражувачи во завршените археоакустични и електромагнетни истражувања наводно откриле објект изграден од човечка рака на месноста Билазора крај Свети Николе. Дел од истражувачите тврдеа дека подземниот објект изграден од човечка рака зрачи со 22 килохерци и е можно да станува збор за гробница на познат пајонски владетел или, пак, на самиот Александар Македонски.

Во екипата што го истражува геоглифот, работеа универзитетски професори, електроинженери, експерти за акустика од универзитети од Србија, Хрватска, Финска и од Македонија, предводени од хрватскиот независен истражувач и археолог Домагој Николиќ. Тој смета дека геоглифот е древен симбол за можна кралска гробница од времето на Пајонците, а во ридот каде што се истражува, можно е и да се наоѓа гробот на Александар Македонски.

Наспроти убеденоста на Домагој дека во Македонија е гробницата на Александар Македонски, новинарката Марина Дојчиновска, која беше во посета на Узбекистан, во мај минатата година изјави дека жителите на селото Искендер Зулкернај тврдат дека тука е закопано телото на големиот војсководец Александар Македонски. Репортажата што ја снимила Дојчиновска, премиерно се емитуваше на ТВ Сонце. Неодамна и грчки археолози најавија дека се на трага на епохално откритие на гробот на Александар. Останува да видиме кој ќе испадне победник во таа луда трка по историската вистина.

Писателот и истражувач Бранко Сотировски во својата книга „Зета Македонија“ вели дека за него три факти се непобитни: првиот е дека боговите Македонци биле присутни на планетата Земја на сите континенти. Вториот е дека за Македонците, сонцето е единствено божество, а целата материја во макро и микрокосмосот е божја, исполнета со божјиот дух Македон. Космосот претставува божји пат низ сите делови на божествeниот поглед Ѕе во вселената.

Третиот и најбитен момент во книгата се однесува на потписот на Ј.Б. Тито за кој се вели: „Поради неговото место и улога во револуционерната борба на сите балкански народи, поставен од комунистичката партија, а можеби и од западните сили, се однесувал како наредбодавец со изреката „ТИ ТО“ во смисла ‘Ти тоа и тоа направи’, така добивајќи го прекарот ‘ТИТО’. Потписот Тито е напишан со македонски „цутни букви“ - кирилица, со една линија на бесконечноста во времето и просторот, симболизирајќи го доживотното владеење со државата како култна личност“.
:facepalm::facepalm::facepalm:

Овие од Бардовци или од Демир Хисар нека си ги приберат пациентиве да не не брукат по светов...
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Сите што ги наведе тресат зелени дури и тој Стојановиќ за латиничното ЅЕ оти нема потреба, они имале технологија да бараат нафта а не пак да обележат место. (картографија)

За се подолу но комент...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom